воена состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 15:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воена состојба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руската Дума со измени на Кривичниот закон ги воведе термините мобилизација и воена состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=735287

Руската Државна дума едногласно го усвои законот со кои се воведуваат поимите мобилизација, воена состојба и воено време. Исто така е одобрен и член во Кривичниот закон за кривично дело извршено „во период на мобилизација или вонредна состојба, во војна или во услови на вооружен судир или борбени дејствија“. Во Русија од почетокот на инвазијата врз Украина е забранета употребата на терминот „војна во Украина“, дозволен е само терминот „специјална воена операција“ или „воена операција“ Думата воведе во кривичниот закон казна затвор до 10 години за доброволно предавање и до 15 години за грабеж во војна. За напуштање на единицата за време на воените дејствија и непочитување на наредбата на командантот, предвидени се повеќегодишни затворска казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-duma-so-izmeni-na-krivichniot-zakon-gi-vovede-terminite-mobilizacija-i-voena-sostojba/feed/ 0
Воената состојба во Украина е продолжена до крајот на август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-sostojba-vo-ukraina-e-prodolzena-do-krajot-na-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-sostojba-vo-ukraina-e-prodolzena-do-krajot-na-avgust/#respond Sun, 22 May 2022 12:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=680147

Украинскиот Парламент изгласа продолжување на воената состојба и општа мобилизација за три месеци. Врховната Рада гласаше за продолжување на воената состојба до 23 август, а општата мобилизација е продолжена за три месеци. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно до Врховната Рада на Украина поднесе предлог-закони за продолжување на воената состојба и мобилизацијата, кои истекуваа на 24 мај. Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, кога започна воената инвазија на Русија против таа земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voenata-sostojba-vo-ukraina-e-prodolzena-do-krajot-na-avgust/feed/ 0
Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25-ти април https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ukraina-ja-prodolzi-voenata-sostojba-do-25-ti-april/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ukraina-ja-prodolzi-voenata-sostojba-do-25-ti-april/#respond Tue, 15 Mar 2022 14:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=647657

Украинскиот Парламент денеска ја продолжи воената состојба во таа земја за уште 30 дена, поточно до 25 април. Воена состојба беше воведена на 24 февруари во Украина, за период од 30 дена, откако Русија, како што се наведува, ја започна инвазијата врз Украина. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа испрати закон до Парламентот со кој бара продолжување на воената состојба за уште 30 денови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-ukraina-ja-prodolzi-voenata-sostojba-do-25-ti-april/feed/ 0
Се подготвува ли Русија за воведување на воена состојба и што би значело тоа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-podgotvuva-li-rusija-za-voveduvanje-na-voena-sostojba-i-shto-bi-znachelo-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-podgotvuva-li-rusija-za-voveduvanje-na-voena-sostojba-i-shto-bi-znachelo-toa/#respond Thu, 03 Mar 2022 11:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=640076

Собранието на Руската Федерација во петок би требало да оддржи вонредна седница. Како што пишува Гардијан, тоа предизвикало низа на шпекулации во Москва дека ќе биде воведена воена состојба која на државните органи им овозможува големи овластувања и значајно ограничување на слободата на движење и говор на граѓаните. Воената состојба во Русија последен пат е воведена неколку пати за време на Вторат светска војна. Гардијан ја цитираше влијателната руска аналитичарка Татајана Станова, која на својот Твитер профил во средата објави дека воведувањето на вонредна состојба би било „логично“. -Воведувањето на вонредната состојба на надлежните ќе им овозможи да воведат воена цензура како и поголема тајност во сите активности на државнат и локалната власт, објавила Станова. Доколку Кремљ го повлече овој потег, ќе следува втоматско продолжување на мандатите на сите избрани институции и поединци. Последен пат Собранието на Руската Федерација се состана, кога на рускиот претседател Владимир Путин му одобри да ангажира воени сили во странство, два дена пред почетокот на инвазијата врз Украина, која започна на 24. февруари. Официјално, на дневен ред на вонредната седница свикана за во петок е усвојување на пакет антикризни мерки како одговор на санкциите на Западот. Гардијан потсетува дека до сега ширум Русија приведени се повеќе од 6.500 лица поради учество на антивоените демонстрации. Државните органи последните денови се пресметуваат и со останатите независни опозициски медиуми. Во вторникот Јавното обвинителство на медиумскиот регулатор му наложи да го блокира емитувањето на либералните московски радио станици „Ехо Москва“ и на опозицискиот ТВ канал „Дожд“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/se-podgotvuva-li-rusija-za-voveduvanje-na-voena-sostojba-i-shto-bi-znachelo-toa/feed/ 0
Нацев: Не очекувам воената состојба во Украина да предизвика дестабилизација на Балканот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-ne-ochekuvam-voenata-sostojba-vo-ukraina-da-predizvika-destabilizacija-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-ne-ochekuvam-voenata-sostojba-vo-ukraina-da-predizvika-destabilizacija-na-balkanot/#respond Fri, 25 Feb 2022 14:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=636732

Универзитетскиот професор д-р Александар Нацев, кој важи за добар познавач од областа на безбедноста, во своето гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека не очекува воената состојба во Украина да предизвика дестабилизација на Балканот. -Може да има некоја рефлекција, особено во енергетската криза, зошто сме зависни од рускиот гас. Во делот на воени дејствија сме далеку, исто и од бегалската криза. Нема опасност овие случувања да се прелеат на Балканот, рече рече Нацев. -Советот за безбедност заседавше кај претседателот Пендаровски, слушнавме дека безбедносната состојба се очекува да остане стабилна во Македонија, но сепак треба да се оддржи едно одредено ниво на внимателност и претпазливост. Лично не очекувам тие дестабилизаторски бранови да стигнат на Балканот, истакна Нацев. Во продолжение погледнетего целото гостување на Нацев: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-ne-ochekuvam-voenata-sostojba-vo-ukraina-da-predizvika-destabilizacija-na-balkanot/feed/ 0
Зеленски бара прогласување воена состојба: Потврди дека Русија извршила ракетни напади во Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/#respond Thu, 24 Feb 2022 06:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=635651

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги потврди дека Русија извршила ракетни напади, јави Би-Би-Си. Претходно медиумите соопштија за голем број експлозии во Украина, за кои се претпоставуваше дека се напади од руската војска. Зеленски истакна дека Русија извршила ракетни напади врз инфраструктурата на Украина и врз граничарите. Тој, исто така, го повика својот Совет за национална безбедност и одбрана да прогласи воена состојба. Се очекува Советот да одржи итен состанок на кој ќе се реши ова прашање Во тек е телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден. Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, им изјави за новинарите на официјалната WhatsApp група дека руските војници се истовариле во градот Одеса и ја преминуваат границата кон градот Харков. Герашченко додаде дека имало ракетни напади на аеродромот Василковски во близина на Киев. Тој исто така рече дека градоначалникот на Днепропетровск Борис Филатов му се јавил да каже дека слушна експлозии. Амбасадорот на Украина во Обединетите нации, Сергиј Кислица, на итниот состанок на Советот за безбедност предупреди дека е предоцна за деескалација. -Доцна е, драги колеги, да се зборува за деескалација. Рускиот претседател објави војна, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zelenski-bara-proglasuvanje-voena-sostojba-potvrdi-deka-rusija-izvrshila-raketni-napadi-vo-ukraina/feed/ 0
Во Ерменија прогласена воена состојба и општа мобилизација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ermenija-proglasena-voena-sostojba-i-opshta-mobilizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ermenija-proglasena-voena-sostojba-i-opshta-mobilizacija/#respond Sun, 27 Sep 2020 10:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=409112

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан прогласи воена состојба и општа мобилизација по гранатирањето во зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах. Тоа го објави самиот Пашинијан, а пораката се појави на англиски јазик на официјалниот профил на Владата на Твитер. Премиерот е цитиран со зборовите дека ова е сторено „за доброто на татковината, за победата“. Сега сите војници во Ерменија мора да се појават во нивните територијални воени комисии. Руското Министерство за надворешни работи ги повика страните вклучени во конфликтот во Нагорно Карабах веднаш да престанат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата. Министерството во соопштението посочи дека состојбата во регионот нагло се влошила. Утрово се случи нова ескалација во регионот Нагорно Карабах. Ерменија објави дека Азербејџан започнала офанзива во правец на Нагорно Карабах, додека Баку наведува дека тие преземаат само реципрочни мерки против дејствијата на Ерменија во таа област. Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно Карабах. Министерството за одбрана на Азербејџан претходно објави дека ерменските сили пукале по линијата на раздвојување и дека имало жртви меѓу цивили. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ermenija-proglasena-voena-sostojba-i-opshta-mobilizacija/feed/ 0
Македонија подготвува закон за вонредна и воена состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-podgotvuva-zakon-za-vonredna-i-voena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-podgotvuva-zakon-za-vonredna-i-voena-sostojba/#respond Fri, 25 Sep 2020 08:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=408321

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција најави закон за вонредна и воена состојба, имајќи предвид, како што рече, дека не знаеме што не очекува во иднина со коронакризата. Маричиќ рече дека поучени од сите недоречености по прогласувањето на вонредната состојба, која кај нас е регулирана само „со еден или два члена во Уставот“, смета дека е добра идеја набргу да се донесе закон за вонредна и воена состојба. Очекувам во многу скоро време да се формира работна група и да се направи консултација со експертите, опозицијата, претседателот на државата, владините претставници, кои беа вклучени во спробедување на вонредната состојба, рече Маричиќ. Како што најави министерот, во консултациите ќе бидат вклучени сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-podgotvuva-zakon-za-vonredna-i-voena-sostojba/feed/ 0
Украинските сили во целосна борбена готовност, најавена воена состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-vo-celosna-borbena-gotovnost-najavena-voena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-vo-celosna-borbena-gotovnost-najavena-voena-sostojba/#respond Mon, 26 Nov 2018 07:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=131842

Вооружените сили на Украина се во состојба на целосна борбена готовност со одлука на началникот на Генералштабот, соопшти денеска Министерството за одбрана. „Врз основа на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина да се воведе режим на воена состојба, началникот на Генералштабот издаде наредба единиците на вооружените сили да бидат во целосна борбена готовност”, се вели во соопштението на украинското МО. Поради ситуацијата во Керченскиот Теснец, секретарот на Советот Александар Турчинов во текот на ноќта соопшти за предлогот на претседателот на земјата Петро Порошенко да се воведе воена состојба во траење од 60 дена. Тоа прашање ќе биде разгледано денеска во Врховната Рада, која ќе одржи седница во 16:00 часот по локално време, соопшти претседателот на парламентот  Андриј Парубиј. Порошенко рано изутрина изјави дека на Парламентот ќе му предложи воведување воена состојба откако Русија нападна и задржа три украински воени брода во Црното Море. Доколку биде воведена воена состојба, тоа ќе значи и ограничување на граѓанските слободи и поголеми овластувања на државните институции. На украинскиот Совет за безбедност и одбрана Порошенко го осуди „налудничавиот акт на Русија против Украина“ и изрази убеденост дека нападот бил изведен со намера. – Воената состојба не значи објавување војна на Русија и ќе биде воведена само со цел – заштита, истакна Порошенко. Инцидентот се случил во Керченскиот Теснец на влезот во Азовското Море, при што имаше ранети, а кој предизвика голема ескалација во таа чувствителна зона. Поради тој инцидент и Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница. Тоа беше побарано и од Москва и од Киев. Тензиите меѓу Украина и Русија околу Азовско Море ескалира вчера кога Киев ја обвини Русија дека нападнала украински брод и го блокирала пристапот до морето, кој се наоѓа меѓу Крим и источна Украина. Ситуацијата брзо ескалираше. Украина синоќа ја обвини Русите дека задржала три украински брод, а претходно и пукале во нив, во оваа стратешка зона. Двата блиндирани брода „Бердјанск“ и „Никопол“ и реморкерот „Јани Капу“ се обиделе да влезат од Црното Море во Керченскиот Теснец Теснец. Од вкупно 23 војници на бродовите, шестмина биле повредени во судирите, од кои двајца се во сериозна здравствена состојба, соопшти украинската армија. Русија го потврди задржувањето на бродовите и „употребата на оружје”, обвинувајќи ги украинските бродови за „вршење нелегални активности во руските територијални води”. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја критикуваше „бандитската акција” на Украина. Таа рече дека прво имало провокации, потоа силен притисок, а потоа обвинувања за агресија од страна на Украина. Украинската флота соопшти дека однапред ја предупредила Русија за трасата на трите задржани бродови. Според неа, бродовите минале неколку часа во Керчанскиот Теснец, додека танкер за нафта, лоциран под Кримскиот мост, кој поминува над теснецот, го блокирал пристапот до него. Овој теснец, кој е единствениот воден пат помеѓу Црното Море и Азовското Море, е стратешка оска од огромно значење за Русија и Украина. Европската унија и НАТО ги повикаа Русија и Украина да покажат воздржаност и да ги намалат тензиите во Азовското Море. „Очекуваме Русија да ја обнови слободата на движење во Керченскиот Теснец и ги повикуваме сите страни да дејствуваат со максимална воздржаност за веднаш да се намалат тензиите”, се наведува во реакцијата од ЕУ. Настаните во Азовското Море покажуваат до што може да доведе „пренебрегнувањето на основните правила на меѓународната соработка“, се вели во соопштението од Брисел. ЕУ забележува дека „изградбата на Керченскиот мост (од Русија) беше спроведена без согласност на Украина и е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет”. ЕУ „не ја признава и нема да ја признае нелегалната анексија на Крим од страна на Русија”, се заклучува во изјавата. НАТО соопшти дека целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и правата и на пловење во сопствените територијални води. НАТО ги повика Русија и Украина на воздржаност и смирување на тензиите во Азовско Море. – НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата во Азовско Море и Керченскиот Теснец и ние одржуваме контакт со украинските власти. Повикуваме на воздржаност и намалување на тензиите, изјави портпаролката на НАТО Оана Лунџеску. – Ја повикуваме Русија да обезбеди слободен пристап до украинските пристаништа во Азовско Море, во согласност со меѓународното право”, истакна таа. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-sili-vo-celosna-borbena-gotovnost-najavena-voena-sostojba/feed/ 0