воена вежба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 05:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воена вежба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Криволак започнува воената вежба „Брз одговор 23“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/#respond Mon, 22 May 2023 05:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=837204

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23'“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија. Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури. Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки". Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД. Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-krivolak-zapochnuva-voenata-vezhba-brz-odgovor-23/feed/ 0
Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба „Defender Europe 23” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-del-od-najgolemata-multinatsionalna-voena-vezhba-defender-europe-23/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-del-od-najgolemata-multinatsionalna-voena-vezhba-defender-europe-23/#respond Thu, 18 May 2023 09:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=835752

Во периодот од 22 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализира вежбата „Брз одговор 23“ којашто е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”. Како што информираа од Министерството за одбрана на денешниот брифинг во касарната „Илинден“, „Брз одговор 23'“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии - САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово. Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија. Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури. Од Министерството велат дека преку изведување на активностите на вежбата, Армијата на Република Македонија ќе оствари повеќе придобивки како споделување на знаења и вештини, подобрување на способноста на нашите армиски единици за изведување на големи вежбовни активности со сојузниците на повеќе локации и региони, проверка на подготвеноста и меѓусебната оперативна синхронизираност низ широк спектар на речиси симултани операции кои се изведуваат во повеќе региони, зголемување на интероперабилноста со сојузниците на сите нивоа во изведување на операции, потврдување на можностите на нашите армиски капацитети за изведување на секаков вид вежбовни активности и употреба на најсофистицирани воени средства, како и демонстрирање на моќта и единството на НАТО Алијансата за одржување на безбедноста на секоја педа сојузничка територија и една милијарда луѓе во светот. Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки". Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД. Од Министерството за одбрана дополнуваат дека, поради заштит на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-del-od-najgolemata-multinatsionalna-voena-vezhba-defender-europe-23/feed/ 0
Владата донесе одлука за влез на странски вооружени сили кои ќе учествуваат во воена вежба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-za-vlez-na-stranski-vooruzheni-sili-koi-ke-uchestvuvaat-vo-voena-vezhba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-za-vlez-na-stranski-vooruzheni-sili-koi-ke-uchestvuvaat-vo-voena-vezhba/#respond Fri, 05 May 2023 17:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=831080

Владата денеска донесе одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата за учество на вежбата „Immediate Response – 23“. Од владината прес-служба информираат дека станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Република Северна Македонија кои доаѓаат заради учество во оваа вежба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-odluka-za-vlez-na-stranski-vooruzheni-sili-koi-ke-uchestvuvaat-vo-voena-vezhba/feed/ 0
Заедничка воена вежба за борба против подморници на Јужна Кореја, САД и Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaednichka-voena-vezhba-za-borba-protiv-podmornitsi-na-juzhna-koreja-sad-i-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaednichka-voena-vezhba-za-borba-protiv-podmornitsi-na-juzhna-koreja-sad-i-japonija/#respond Mon, 03 Apr 2023 06:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=819295

Морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска почнаа дводневна воена вежба против подморници во меѓународни води во близина на јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Во вежбата, чија цел е подобро справување со нуклеарните и ракетните закани од Северна Кореја, учествува и американскиот носач на авиони Нимиц. Вежбите се одржуваат откако Северна Кореја минатата недела претстави нови, помали нуклеарни боеви глави, вети дека ќе произведе повеќе материјал за нуклеарно оружје за да го прошири својот арсенал и се пофали со, како што го нарече, дрон оспособен за нуклеарен подводен напад. Трите земји последен пат одржаа заеднички вежби за борба против подморница во септември, први во последните пет години, во услови на тензии поради големиот број ракетни тестови на Северна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaednichka-voena-vezhba-za-borba-protiv-podmornitsi-na-juzhna-koreja-sad-i-japonija/feed/ 0
САД и Јужна Кореја одржаа воена вежба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-juzhna-koreja-odrzhaa-voena-vezhba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-juzhna-koreja-odrzhaa-voena-vezhba/#respond Sun, 19 Feb 2023 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=802310

САД и Јужна Кореја денеска одржаа заедничка вежба на воздухопловните сили во која учествуваа американски стратешки бомбардери заедно со други борбени авиони, еден ден откако Северна Кореја ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-15. Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека вежбата, во која корејските авиони Ф-35А, Ф-15К и американските ловци Ф-16 ги придружуваа американските бомбардери Б-1Б, ги покажа „завидните одбранбени способности и подготвеност на сојузниците“. - Вежбата ги зајакна заедничките оперативни способности и ја потврди челичната посветеност на САД за одбрана на Корејскиот полуостров и одвраќање, соопшти јужнокорејската војска. Јапонските медиуми објавија дека попладне може да се очекува воздушна воена вежба меѓу Јапонија и САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-juzhna-koreja-odrzhaa-voena-vezhba/feed/ 0
Русија и Кина ќе одржат заедничка воена вежба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-kina-kje-odrzat-zaednichka-voena-vezba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-kina-kje-odrzat-zaednichka-voena-vezba/#respond Mon, 19 Dec 2022 09:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=777514

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Кина ќе одржат заедничка поморска воена вежба од 21 до 27 декември. – Заедничките поморски вежби, што се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетен и артилериски оган во Источното Кинеско Море. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана. Во воената вежба ќе учествуваат четири руски бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач Варјаг, шест кинески бродови, како и авиони и хеликоптери од двете страни. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, Москва се обидува да ги зајакне своите политички, безбедносни и економски врски со Пекинг. Русија и Кина потпишаа стратешко партнерство „без ограничување“ само неколку дена пред Москва да ја почне најголемата копнена инвазија во Европа од Втората светска војна. Но, Пекинг изрази загриженост поради активностите на Русија во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-i-kina-kje-odrzat-zaednichka-voena-vezba/feed/ 0
ЕУФОР најави голема воена вежба: Доаѓаат војници од 20 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eufor-najavi-golema-voena-vezba-doagjaat-vojnici-od-20-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eufor-najavi-golema-voena-vezba-doagjaat-vojnici-od-20-zemji/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=745431

Мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина најави одржување на голема воена вежба „Брз одговор 2022“ во периодот од 17 октомври до 22 ноември. Како што посочија, војници од 20 земји ќе се соберат на оваа вежба за да ја покажат способноста и решителноста на ЕУФОР да придонесе за безбедна средина за сите граѓани на Босна и Херцеговина. „Како и претходните години, ЕУФОР привремено ќе го зголеми својот отпечаток со придонес со дополнителни војници, зголемено патролирање и тактички вежби во избрани урбани и рурални области“, соопшти ЕУФОР. Во соопштението се додава дека ЕУФОР тесно ќе соработува со вооружените сили на Босна и Херцеговина, локалните заедници и ЛЕА, кои ќе обезбедат административна и логистичка поддршка. „Како што беше случај со претходните вежби на ЕУФОР, ‘Брз одговор 22’ уште еднаш ја покажува посветеноста на ЕУ за европската иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина“, нагласува ЕУФОР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eufor-najavi-golema-voena-vezba-doagjaat-vojnici-od-20-zemji/feed/ 0
Кина денеска почнува дводневна воена вежба во Жолтото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-deneska-pochnuva-dvodnevna-voena-vezba-vo-zoltoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-deneska-pochnuva-dvodnevna-voena-vezba-vo-zoltoto-more/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719559

Кина денеска почнува воени вежби во некои области на Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на Народна Република Кина. Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните на вежбите во кои е забранет влез на пловни објекти. Не е прецизирано каква жива сила и техника се користи. Четиридневни маневри на Кина во Јужното Кинеско Море траат од вчера. Според кинеската телевизија, тие вежбаат противвоздушна одбрана и напади од брод кон цели во морето. Од почетокот на август, вооружените сили на Кина спроведоа серија воени вежби долж својот брег, вклучително и во Тајванскиот теснец]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-deneska-pochnuva-dvodnevna-voena-vezba-vo-zoltoto-more/feed/ 0
Белорусија почна воена вежба во соработка со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-pochna-voena-vezba-vo-sorabotka-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-pochna-voena-vezba-vo-sorabotka-so-rusija/#respond Tue, 09 Aug 2022 12:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=716102

Воздухопловните сили на Белорусија денеска започнаа воена вежба што ќе се одвива во соработка со Русија, пренесе Бета. Според белоруското Министерство за одбрана, вежбата вклучува употреба на боева муниција и ќе биде реализирана во две фази. Првата ќе биде во Белорусија, а втората во руската воена база Ашулук, близу границата со Казахстан. Вежбите во руската база ќе траат од 22 до 25 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-pochna-voena-vezba-vo-sorabotka-so-rusija/feed/ 0
Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-sredstva-i-oprema-koristeni-vo-voenata-vezba-swift-response-22/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-sredstva-i-oprema-koristeni-vo-voenata-vezba-swift-response-22/#respond Fri, 20 May 2022 05:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=679270

Во близина на градскиот стадион во Штип, денеска ќе има отворена презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена вежба во Република Северна Македонија. Покрај презентацијата, присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат. Претходно, како дел од предвидените активности од цивилно воена соработка и транспарентно прикажување на активностите на вежбата, беше презентирана воена опрема во Неготиво, на спортскиот аеродром Стенковец беа прикажани воените воздухоплови, а во Скопје беше изведен и заеднички концерт на припадници од воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка. Вежбата „Swift Response 22“ која се уште е во тек, е досега и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираа воздушни десанти во поголем обем. Во вежбовните активности кои се изведуваат во Република Северна Македонија учествуваат армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија, соопшти МО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentacija-na-sredstva-i-oprema-koristeni-vo-voenata-vezba-swift-response-22/feed/ 0