воени бази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Jun 2020 06:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени бази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп: Нема да се преименуваат воените бази https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-se-preimenuvaat-voenite-bazi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-se-preimenuvaat-voenite-bazi/#respond Thu, 11 Jun 2020 06:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=356412

Американскиот претседател Доналд Трамп е против идејата за преименување на воените бази, кои носат имиња на генерали на Конфедерацијата. – Некои предложија да се преименуваат десет легендарни воени бази, напиша Трамп на Твитер, при тоа додавајќи оти тие се дел од историското наследство и дека дури не ни разгледува таквата можност. Тој побара почитување на армијата. Десет бази на копнените сили, сите лоцирани во јуќниот дел на САД, именувани се по поранешни генерали на силите на Конфедерацијата. Апелите за менување на имињата на базите уследија по бранот протести во САД против расизмот и полициското насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-se-preimenuvaat-voenite-bazi/feed/ 0
Гутереш охрабрен со смирување на тензиите меѓу САД и Иран: Светот не може да си дозволи уште една војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-ohrabren-so-smiruvanje-na-tenziite-megju-sad-i-iran-svetot-ne-moze-da-si-dozvoli-ushte-edna-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-ohrabren-so-smiruvanje-na-tenziite-megju-sad-i-iran-svetot-ne-moze-da-si-dozvoli-ushte-edna-vojna/#respond Thu, 09 Jan 2020 10:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=287324

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е охрабрен од знаците на смирување на конфликтот меѓу Иран и САД. -Мирот е најважната вредност. За мир е потребно напорно да се работи и не смееме да земаме здраво за готово. Светот не може да си дозволи уште една војна, напиша Гутереш на Твитер. Тензиите во односите меѓу Иран и САД започнаа кога американски сили во воздушен напад на 3 јануари во Ирак го убија генералот на Иранската револуционарна гарда, Касим Сулејмани. Иран одговори со ракетирање на две воени бази во Ирак кои ги користат американските војници. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека САД се подготвени да прифатат мир со сите кои го бараат. Додаде и дека веднаш ќе бидат воведени нови санкции кон Иран како одговор на нападот. Аббасадорот на Иран во ОН вчера истакна дека Иран ја заврши својата одмазда за убиството на Сулејмани и нема да превзема нови воени акции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-ohrabren-so-smiruvanje-na-tenziite-megju-sad-i-iran-svetot-ne-moze-da-si-dozvoli-ushte-edna-vojna/feed/ 0
Иран нема да презема понатамошни воени активности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/#respond Thu, 09 Jan 2020 06:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=287190

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности. – Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак. Тие зборови доаѓаат во одговор на реакцијата на Багдад. Министерството за надворешни работи на Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор да протестира против ракетните напади на Иран врз ирачки бази. Иранскиот дипломат го опиша ракетниот напад како „прецизна операција“ чија цел биле воени инсталации за да не се предизвикаат жртви на цивили и оштетување на цивилните објекти во областа. Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и нагласува дека не бара ескалација или војна, додава Маџид Тахт Раванчи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/feed/ 0