воени бродови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 14:30:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени бродови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина бара западни борбени авиони и воени бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/#respond Mon, 26 Dec 2022 14:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=780669

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина Андриј Мељник денеска побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи „Патриот“ во Украина. „Украина е многу благодарна за храбрите нови потези на САД. Но, се знае дека постојат иште табуа што треба да се прекинат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција“, рече Мељник. „Тоа е нашата единствена желба за Божик“, истакна поранешниот амбасадор на Украина во Германија. Во спротивно, тој рече деака војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина. Мељник оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува армијата и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси. „Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без оглед на тоа што ќе направат нашите сојузници“, истакна тој. Мељник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“. Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија. „Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мељник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zapadni-borbeni-avioni-i-voeni-brodovi/feed/ 0
Се очекува Данска да инвестира 5,5 милијарди долари во нови воени бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-danska-da-investira-5-5-milijardi-dolari-vo-novi-voeni-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-danska-da-investira-5-5-milijardi-dolari-vo-novi-voeni-brodovi/#respond Fri, 19 Aug 2022 08:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=720862

Данска се очекува да инвестира 40 милијарди дански круни (5,47 милијарди долари) во нови воени бродови, бидејќи членката на НАТО се обидува да ја зајакне својата поморска безбедност по руската инвазија на Украина, соопшти денеска данското Министерство за одбрана. -Како дел од инвестициите што треба да се направат во следните 20-25 години, започна партнерство со индустријата за поморска безбедност во земјата за развој и изградба на нови воени бродови во Данска, рече данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков. -Со рускиот напад во Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани, додаде тој. Данска вети дека постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на 2 процентни поени од нејзиниот БДП до 2033 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-danska-da-investira-5-5-milijardi-dolari-vo-novi-voeni-brodovi/feed/ 0
Турција блокира воени бродови од Босфор и Дарданели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-blokira-voeni-brodovi-od-bosfor-i-dardaneli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-blokira-voeni-brodovi-od-bosfor-i-dardaneli/#respond Mon, 28 Feb 2022 20:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=638252

Турските власти денеска соопштија дека блокираат преминување на воени бродови од клучните теснеци Босфор и Дарданели, согласно конвенцијата што обезбедува контрола врз преминувањето на воените бродови во стратешката област. – Ги известивме двете земји од регионот и други места да не минуваат воени бродови низ Црното Море. Ја применуваме Конвенцијата од Монтре, изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу. Конвенцијата од Монтре, потпишана во 1936 година, и дава на Турција одредена контрола врз движењето на воените бродови низ Дарданелите и Босфорскиот теснец што ги поврзуваат Егејското Море, Мраморното и Црното Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-blokira-voeni-brodovi-od-bosfor-i-dardaneli/feed/ 0
Турција го ограничува влегувањето на руските воени бродови во Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-ogranichuva-vleguvanjeto-na-ruskite-voeni-brodovi-vo-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-ogranichuva-vleguvanjeto-na-ruskite-voeni-brodovi-vo-crnoto-more/#respond Sun, 27 Feb 2022 19:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=637596

Турција ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море. Украина ја повика Турција да го блокира понатамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските сили почнаа да навлегуваат во јужниот брег на Украина. Најмалку шест руски воени бродови и подморници минаа низ турскиот теснец овој месец. „Сега веќе ситуацијата во Украина може официјално да се нарече војна… Затоа, ќе ја спроведеме конвенцијата од Монтре“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен Турк. Балансирајќи помеѓу обврските кон Западот и нејзините блиски врски со Русија, Турција ја опиша руската инвазија на Украина како неприфатлива, додека официјално не го нарече нападот војна. Оваа реторичка промена ѝ овозможи на Турција да се повика на членовите од Конвенцијата од Монтре од 1936 година, која и дозволува да го ограничи преминувањето на бродови низ нејзините теснец Дарданели и Босфор во случај на војна или друга закана. Но, турскиот министер Чавушоглу истакна дека Турција не може да го блокира преминувањето на сите руски воени бродови кои се упатуваат кон Црното Море поради клаузулата за договор со која се ослободуваат тие бродови да се вратат во нивната регистрирана база. Турција има добри односи и со Русија и со Украина. Додека другите членки на НАТО воведуваат санкции кон Русија, Турција нема многу простор за маневрирање бидејќи премногу санкции може да го загрозат увозот на руската енергија и да им наштетат на турската трговија и туризам, во време кога економијата на земјата е во големи проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-ogranichuva-vleguvanjeto-na-ruskite-voeni-brodovi-vo-crnoto-more/feed/ 0
СЕ СТЕГА ОБАРЧОТ ОКОЛУ РУСИЈА: Турција ќе ги забрани руските воени бродови од Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/#respond Sat, 26 Feb 2022 14:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=637199

Турција ќе спречи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море, изјави украинскиот премиер Володимир Зеленски. Во твит, Зеленски рече дека земјата ветила воена и хуманитарна поддршка за Украина. Турција ќе ги запре воените бродови кои минуваат низ теснецот Дарданели и Босфор, кои го поврзуваат Црното Море со Средоземното Море. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stega-obarchot-okolu-rusija-turcija-kje-gi-zabrani-ruskite-voeni-brodovi-od-crnoto-more/feed/ 0
Роблес: Шпанија испрати воени бродови во Медитеранот и Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/#respond Fri, 21 Jan 2022 07:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=621532

Шпанија испрати воени бродови да им се придружат на поморските сили на НАТО во Средоземното Море и Црното Море додека тензиите во регионот се зголемуваат поради трупањето војници на Русија на границата со Украина, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Таа додаде дека миноносецот веќе е на пат кон регионот и фрегатата ќе исплови за три или четири дена. Исто така, рече дека Владата во Мадрид размислува да испрати борбени авиони во Бугарија. „Русија не може да и каже на ниту една земја што да прави, така што НАТО ќе го заштити суверенитетот на секоја земја што може или сака да се приклучи на НАТО“, истакна Роблес. Сепак, додаде дека „Шпанија се залага за исклучително дипломатски одговор за решавање на конфликтот“. САД и сојузниците на НАТО се загрижени поради распоредувањето на околу 100.000 руски војници на границата со Украина и стравуваат дека Москва планира напад врз земјата. Русија тврди дека тоа се нејзини војници на нејзина територија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен утре ќе отпатува за Женева каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавро в за да се обидат да ја разрешат кризата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/feed/ 0
Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/#respond Mon, 25 Oct 2021 06:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=584873

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што пренесуваат странските медиуми, Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море во октомври, одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со Западот се влошија. Поморските маневри беа внимателно следени од Јапонија, која на почетокот на неделава објави дека група од 10 бродови од Кина и Русија пловеле низ теснецот Кугару, кој го дели главниот јапонски остров од северниот остров Хокаидо, пренесува „Гласот на Америка“. „Група бродови за првпат поминаа низ теснецот Кугару како дел од патрола“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Теснецот се смета за меѓународни води. „Задачите на патролата беа да ги демонстрира руското и кинеското национално знаме, да го одржува мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и да се грижи за субјектите на поморската економска активност на двете земји“, додаде руското Министерство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/feed/ 0
Турски воени бродови се во борбена готовност крај брегот на Анталија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-voeni-brodovi-se-vo-borbena-gotovnost-kraj-bregot-na-antalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-voeni-brodovi-se-vo-borbena-gotovnost-kraj-bregot-na-antalija/#respond Fri, 07 Aug 2020 05:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=387482

Потпишувањето на договорот меѓу Грција и Египет за обележување на нивните ексклузивни зони, за кои Анкара вели дека опфаќа регион на турскиот континентален гребен, ја налути Турција. Како одговор на тоа, Турција издаде Навтекс што се смета за предупредувачка нота во поморската пракса. Во Навтекс (навигациско соопштение за морска безбедност) објавен на веб-страницата на Турската морнарица се предупредува дека „турските воени бродови ќе изведуваат вежби со пукање во медитеранските води на Турција крај брегот на Анталија на 10-11 август годинава“. Според Анкара, договорот потпишан вчера меѓу Атина и Каиро за заедничка економска зона на Медитеранот е провокативен и има за цел да ја отстрани Турција од источниот медитерански регион. Турција реагираше веднаш испраќајќи ги своите воени бродови крај медитеранскиот брег на Анталија за „вежби со гаѓање цели“. Претходно, турското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое се вели дека смета дека потпишаниот договор меѓу Грција и Египет за демаркација на нивните економски зони е невалиден. Како и дека се однесува на област од турскиот континентален гребен. Експертите најавуваат нова ескалација на тензиите во источниот Медитеран заради истражување на наоѓалишта на природен гас за што имаат претензии не само Турција, Грција, држави во регионот, но и ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-voeni-brodovi-se-vo-borbena-gotovnost-kraj-bregot-na-antalija/feed/ 0
Воени бродови на НАТО впловија во Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voeni-brodovi-na-nato-vplovija-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voeni-brodovi-na-nato-vplovija-vo-drach/#respond Sat, 18 May 2019 17:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=199522

Два борбени брода дел од мисијата за брза реакција на НАТО во Средоземјето, впловија во најголемото албанско прстаниште Драч. Нивниот престој на албанското крајбрежје се поврзува со десетгодишнината од членството на земјата во Североатлантската алијанса, како и спроведување воена вежба со албанската морнарица. Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според командантот на француската морнарица Сјоерд Фенстра претставува „признание за придонесот на Албанија, како дел од мисиите на НАТО на копно и на море“. – На десетгодишнината од членството на Албанија во НАТО, ние сме тука за дадеме прзнание за вашиот придонес. Во тие рамки, исто така, ќе реализираме и заедничка вежба. Нагласувам дека од големо значење е соработката и зајакнувањето на односите меѓу земјите-членки на Алијансата, изјави Фенстра. Во изминатите десет години откако е членка на НАТО, Албанија била дел од мисиите во неколку земји во светот, во кои животите ги загинаа тројца припадници на албанската армија, Фети Вогли во Авганистан, како и недоамна во Летонија, Зарифе Хасанај и Клодијан Тануши. Албанските поморски сили се дел и од мисијата за спасување на имигранти во водите на Егејско Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/voeni-brodovi-na-nato-vplovija-vo-drach/feed/ 0