воени хеликоптери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 19:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени хеликоптери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полска ги започна преговорите за купување на американските воени хеликоптери „Апачи“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-zapochna-pregovorite-za-kupuvane-na-amerikanskite-voeni-helikopteri-apachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-zapochna-pregovorite-za-kupuvane-na-amerikanskite-voeni-helikopteri-apachi/#respond Wed, 06 Sep 2023 19:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=875410

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, денеска информира дека започнале преговори со Соединетите Американски Држави за цената за купување на 96 хеликоптери од типот „Апачи“, пренесува Анадолија. Блашчак во својата објава на социјалната мрежа Икс наведе дека американскиот Конгрес ја одобрил продажбата на таа воена опрема на Полска. „Добивме одобрение од американскиот Конгрес да купиме 96 хеликоптери 'Апачи' со радар и оружје за Полска. Почнуваме преговори за цената“, рече Блашчак. Тој додаде дека во текот на процедурата за набавка и до конечната испорака воените хеликоптери „Апачи“ ќе ѝ бидат доставени на Полска од сопствените резерви на американската армија. Полската Влада минатата година одлучи да купи хеликоптери „Апачи“ како дел од своите чекори за зајакнување на војската по избувнувањето на руско-украинската војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-gi-zapochna-pregovorite-za-kupuvane-na-amerikanskite-voeni-helikopteri-apachi/feed/ 0
Во Грција пристигнуваат првите шест француски воени авиони Рафал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pristignuvaat-prvite-shest-francuski-voeni-avioni-rafal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pristignuvaat-prvite-shest-francuski-voeni-avioni-rafal/#respond Wed, 19 Jan 2022 09:17:49 +0000 https://kurir.mk/?p=620973

Првите шест, од вкупно 18 воени авиони Рафал што Грција ќе ги набави од Франција денеска ќе пристигнат во Атина, ќе прелетаат над Акропол, по што ќе следи и свечена манифестација во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Нова демократија на социјалните мрежи вчера објавија видео од воените авиони и пораката „Доаѓаат“ заедно со грчкото и француското знаме. Според најавите, по полетувањето од Франција, а пред слетувањето во базата на военото воздухопловство, авионите ќе прелетаат над Атина и Акропол. Останатите 12 авиони, како што објавија грчките медиуми се очекува да пристигнат во Грција до 2023 година, шест на крајот на годинава и шест во текот на следната. Француските Рафал пристигнуваат нешто помалку од една година по потпишаниот договор од министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли на 25 јануари минатата година, според кој Грција ќе набави од Франција 18 воени авиони Rafale. Десетина дена претходно грчкиот Парламент, со широко мнозинство го изгласа законот за набавка на шест нови и 12 половни воени авиони со вкупни трошоци од 2.49 милијарди евра и освен набавката, вклучуваат и трошоци за одржување, како и за набавка на опрема, односно оружје за самите авиони. За време на Меѓународниот саем во Солун во септември минатата година, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека ќе набават уште шест француски воени авиони Рафал, а според грчката новинска агенција АНА-МПА во следните седмици се очекува потпишување на дополнителен договор за новите шест Рафал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pristignuvaat-prvite-shest-francuski-voeni-avioni-rafal/feed/ 0