воени маневри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 11:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени маневри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Норвешка започнуваат големи воени маневри на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-zapochnuvaat-golemi-voeni-manevri-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-zapochnuvaat-golemi-voeni-manevri-na-nato/#respond Mon, 14 Mar 2022 11:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=646897

Од денеска до 1 април во Норвешка почнуваат воени вежби, со учество на 30.000 војници од НАТО и сојузниците. Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји учествуваат во вежбата „Студен одговор 2022“, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница. Вежбата „Cold Response 2022“, планирана долго пред инвазијата на Москва на Украина, има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со присуството на сојузничките засилувања на нејзината територија во согласност со член 5 од Повелбата на НАТО, кој ги повикува земјите-членки да дојдат до помош на друга земја-членка која била нападната. Како и во претходните години, на вежбата учествуваат и соседните Шведска и Финска, кои се воено неутрални, но се поблиски партнери на НАТО. – Ова е одбранбена вежба, рече генералот Ингве Одло, одговорен за вежбата. – Ова не е воена операција со офанзивна цел, изјави тој за ТВ2. Организирани на секои две години, поморски, воздушни и копнени вежби се одржуваат на широк простор од Норвешка, вклучувајќи го и Северниот поларен круг. Русија ја одби поканата на Норвешка да испрати набљудувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-norveshka-zapochnuvaat-golemi-voeni-manevri-na-nato/feed/ 0
Јапонија одржува воени маневри во ек на регионалните тензии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odrzuva-voeni-manevri-vo-ek-na-regionalnite-tenzii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odrzuva-voeni-manevri-vo-ek-na-regionalnite-tenzii/#respond Sat, 23 Oct 2021 08:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=584124

Јапонските копнени трупи ги одржуваат своите први воени маневри по повеќе од 30 години во момент кога регионалните тензии се во пораст Тие спроведуваат огромна воена вежба низ целата земја за да ги подготват своите војници за потенцијален конфликт, а од средината на септември околу 100.000 луѓе, 20.000 возила и 120 авиони учествуваат во различни вежби за оперативна готовност, јави Си-Ен-Ен. Во последниве години, индопацифичкиот регион стана жариште на тензии, при што претставниците на јапонските копнени сили предупредуваа на „најлошата безбедносна средина од крајот на Втората светска војна“. -Оваа вежба на копнените сили е фокусирана на подобрување на оперативната ефикасност, одвраќање и реакција, нагласи полковникот на јапонската армија Норико Јокота.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odrzuva-voeni-manevri-vo-ek-na-regionalnite-tenzii/feed/ 0
Азербејџан почна големи воени маневри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-pochna-golemi-voeni-manevri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-pochna-golemi-voeni-manevri/#respond Sun, 16 May 2021 17:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=511065

Азербејџан почна големи воени маневри денеска во услови на ескалација на тензиите со соседна Ерменија, јави ДПА. До 15.000 војници, 300 тенкови и други воени возила учествуваат во вежбата, што ќе трае неколку дена, соопшти Министерството за одбрана во Баку. Исто така, ќе бидат распоредени 400 различни ракетни и артилериски системи како дел од маневрите. Во Баку ги отфрлаат обвинувањата од Ерменија за кршење на граничните линии. За време на викендов, Ерменија се закани дека ќе реагира со „мерки“ доколку азербејџанските трупи не се повлечат. Шефот на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел ги повика двете страни да се воздржат и да ја деескалираат ситуацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-pochna-golemi-voeni-manevri/feed/ 0