воени операции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Jun 2021 06:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени операции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција ги прекинува заедничките воени операции со малиските сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-prekinuva-zaednichkite-voeni-operacii-so-maliskite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-prekinuva-zaednichkite-voeni-operacii-so-maliskite-sili/#respond Fri, 04 Jun 2021 06:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=518818

По минатонеделниот нов државен удар во Бамако, официјален Париз испрати јасно предупредување до воената хунта дека ќе ги прекине заедничките воени операции со малиските сили, јави дописникот на МИА. Француското Министерство за одбрана соопшти дека „привремено ги прекинува заедничките воени операции со малиските сили, како и националните советодавни мисии“. Операцијата „Баркене“ во регионот Сахел, против вооружените џихадистички групи, продолжува самостојно, наведува Париз. Мисиите на Такуба, „ударната сила“ составена од специјални единици посветени на поддршка на малиските единици во борбите, исто така, се ставаат во мирување. -Овие одлуки ќе бидат преоценети во наредните денови во светло на одговорите што ќе ги дадат малиските власти, додава Министерството за одбрана, потсетувајќи на „црвените линии“ формулирани од Африканската унија, со кои од Мали се побара да го гарантира процесот на политичка транзиција во Бамако. Откако полковникот Гојта се назначи за претседател на земјата на 28 мај, меѓународната заедница, и на прво место Франција, е зафатена од сомнежи за неговите вистински намери и ветувањето за „враќање на демократската нормалност во 2022. Ситуација која е неприфатлива за Париз, каде што се обидува да излезе од стапицата на воената операција која се наоѓа во ќорсокак. Францускиот претседател, Емануел Макрон, минатата недела во неделникот „Журнал ди Диманш“ директно порача дека „не би останал покрај земја во која веќе нема демократски легитимитет и транзиција“. Тој, исто така, предупреди на искушението за исламизмот во Мали. -Немаме намера да останеме таму засекогаш, додаде тој, поставувајќи го повторно прашањето за повлекување. Франција е вклучена во Сахел од 2013 година. Повеќе од 5.000 војници се распоредени таму. Тактичките воени успеси против Даеш и Ал Каида не спречија влошување на безбедносната состојба. Недостатокот на политички одговор на кризата во Сахел и неуспехот во центарот на Мали предизвика сомнежи, кажа Макрон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-prekinuva-zaednichkite-voeni-operacii-so-maliskite-sili/feed/ 0
Гутереш повика на итен прекин на сите воени операции во Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-iten-prekin-na-site-voeni-operacii-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-iten-prekin-na-site-voeni-operacii-vo-libija/#respond Tue, 12 May 2020 06:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=344812

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, разочаран што завојуваните страни во Либија не ги слушаат повиците за глобален прекин на огнот, денеска ги осуди нападите врз цивилите и повика на прекин на сите воени операции во оваа африканска земја. Портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ изјави дека Гутереш е разочаран што страните во војната во Либија не ги слушаат и не реагираат на повиците за глобален прекин на огнот, пренесе агенцијата Анадолија. Тој објасни дека генералниот секретар е длабоко загрижен за последните настани во Либија и повика на итен прекин на сите воени операции во областа. Дујариќ го повтори повикот на Гутереш за дијалог за изнаоѓање политичко решение, потенцирајќи дека не може да има воено решение за војната во Либија. Силите на пензионираниот генерал Калифа Хафтар од неделата извршија повеќе од 80 ракетни напади врз аеродромот Митига и другите квартови околу Триполи, при што загинаа шест цивили. Либија од 2011 година е сцена на длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи. Владата на национално единство на Либија, со седиште во Триполи, ужива поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук води нелегитимни сили, кои главно ги поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-povika-na-iten-prekin-na-site-voeni-operacii-vo-libija/feed/ 0
„Њујорк тајмс“: САД продолжија со Ирак со заеднички воени операции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-prodolzija-so-irak-so-zaednichki-voeni-operacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-prodolzija-so-irak-so-zaednichki-voeni-operacii/#respond Thu, 16 Jan 2020 06:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=290368

САД ги продолжија воените операции со Ирак, прекинати по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американска воздушна напад во Багдад на почетокот на јануари, објави „Њујорк Тајмс“. Двајца американски воени официјални лица, кои побараа анонимност, за весникот изјавиле дека Пентагон сакал да ја продолжи, заедно со ирачката војска, што поскоро борбата против џихадистичката група ИД за да не може таа да ја искористи ситуацијата. Заедничките операции на двете страни беа прекинати на иницијатива на Вашингтон на 5 јануари, два дена по убиството на Сулејмани во близина на аеродромот во Багдад. Истиот ден, ирачкиот Парламент донесе резолуција со која се бара од Владата да стави крај на присуството на сите странски трупи во Ирак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-prodolzija-so-irak-so-zaednichki-voeni-operacii/feed/ 0