воени сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 13:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин потпиша указ за зголемување на бројот на руските вооружени сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-potpisha-ukaz-za-zgolemuvanje-na-brojot-na-ruskite-vooruzeni-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-potpisha-ukaz-za-zgolemuvanje-na-brojot-na-ruskite-vooruzeni-sili/#respond Thu, 25 Aug 2022 13:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=723903

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија за 137.000 војници, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 1.150.628 лица. – Да се утврди службената бројност на Вооружените сили на Руската Федерација на 2.039.758 лица, од кои 1.150.628 се војници, се наведува во указот. Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесоа руските медиуми. Според претходната уредба од 17 ноември 2017 година, во вооружените сили на Русија биле вработени 1.902.758 лица, од кои 1.013.628 биле војници. Во указот на Путин што денеска го потпиша не е наведено дали ќе има поголем број регрути, волонтери или и двете. Кремљ соопшти дека само доброволци по договор учествуваат во „специјална воена операција“ во Украина, отфрлајќи ги тврдењата дека се размислува за поширока мобилизација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-potpisha-ukaz-za-zgolemuvanje-na-brojot-na-ruskite-vooruzeni-sili/feed/ 0
Турскиот Парламент го продолжи одобрението за распоредување воени сили во Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-go-prodolzi-odobrenieto-za-rasporeduvanje-voeni-sili-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-go-prodolzi-odobrenieto-za-rasporeduvanje-voeni-sili-vo-libija/#respond Wed, 23 Dec 2020 09:20:50 +0000 https://kurir.mk/?p=447052

Турскиот Парламент за 18 месеци го продолжи законот што дозволува распоредување нивни војници во Либија. Со законот се обновува мандатот што стапи на сила во јануари, по постигнатиот безбедносен и воен договор меѓу Турција и либиската Влада што е призната од Обединетите нации. Турција одлуката ја донесе вчера, по прекинот на огнот во Либија во октомври, што беше постигнат со посредство на ОН. Според договорот за примирје, странските сили и платеници треба да ја напуштат Либија во рок од три месеци. Турските опозициски партии гласаа против продолжувањето на престојот на турските војници во Либија, а продолжувањето на важноста на законот, сепак, беше изгласано со гласовите на владеачка партија АКП и нивните националистички сојузници. Либија, по бунтот во 2011 година, кога беше соборен и убиен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, западна во хаос. Оваа земја богата со нафта сега е поделена меѓу владата во Триполи и ривалската администрација на истокот. Двете завојувани страни се поддржани од различни регионални и странски сили, како и бројни локални милиции. Поддршката на Анкара за владата на Националното единство во Триполи го смени текот на војната во Либија. Со турската воена помош, вклучувајќи ги советниците, опрема и разузнавачки информации, владата во Триполи успеа да ја запре едногодишната офанзива на силите лојални на генералот Калифа Хафтар, либиски воен командант кој владее со источниот дел на земјата. Турција е обвинета за испраќање илјадници сириски платеници во Либија. За време на офанзивата врз Триполи, која беше запрена во јуни, Хафтар имаше поддршка од Обединетите Арапски Емирати, Египет, Франција и Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-parlament-go-prodolzi-odobrenieto-za-rasporeduvanje-voeni-sili-vo-libija/feed/ 0
Талибанците го повикаа Бајден да ги повлече американските сили од Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-povikaa-bajden-da-gi-povleche-amerikanskite-sili-od-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-povikaa-bajden-da-gi-povleche-amerikanskite-sili-od-avganistan/#respond Tue, 10 Nov 2020 10:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=427283

Талибанците во Авганистан денеска го повикаа новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да се придржува до договорот со нив и да ги повлече американските трупи од Авганистан. Според претходниот договор САД почнаа со повлекување на своите трупи и се треба да биде завршено до мај, додека во меѓувреме талибанците ќе треба одржат мировни преговори со официјален Авганистан во Доха. - Сакаме да им кажеме на новоизбраниот претседател на САД и на неговата администрација дека најразумен и најдобар начин да се стави крај на конфликтите е исполнување на договорот што го постигнавме, соопшти милитантната група, за првпат коментирајќи ги изборите во САД. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-povikaa-bajden-da-gi-povleche-amerikanskite-sili-od-avganistan/feed/ 0