воени злосторства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 17:19:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени злосторства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства во 1998 година во Призрен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-uapsen-srbin-osomnichen-za-voeni-zlostorstva-vo-1998-godina-vo-prizren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-uapsen-srbin-osomnichen-za-voeni-zlostorstva-vo-1998-godina-vo-prizren/#respond Fri, 29 Sep 2023 17:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=883400

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека денеска е уапсен етнички Србин осомничен за воени злосторства во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Уапсениот М.П. се сомничи дека учествувал во убиството на тројца цивили од албанска националност во Призрен во 1998 година. По наредба на обвинителот на случајот, на осомничениот му е одредена мерка притвор, со цел во законски предвидениот рок да биде изведен пред судија во претходна постапка. – Специјалното обвинителство на Република Косово информира дека по интензивна истражна работа на косовската полиција, Управата за истрага на воени злосторства и по овластување на Специјалниот обвинител, е уапсен осомничениот со иницијали М.П., од српска националност, државјанин на Косово и на  Србија, поради постоење основно сомневање за сторено кривично дело „Воено злосторство против цивилното население“... Против истото лице е поднесена кривична пријава со сомнение дека во септември 1998 година во населбата „Хоќа Маало“ во Призрен учествувал во убиството на три цивилни лица од албанска националност, кои не биле вклучени во војната, се наведува во соопштението. На 20-ти овој месец во северно Косово беа уапсени тројца етнички Срби, исто така обвинети за воени злосторства во војната во 1998-99 година. На тројцата им е одреден по 30-дневен притвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-uapsen-srbin-osomnichen-za-voeni-zlostorstva-vo-1998-godina-vo-prizren/feed/ 0
НАТО: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-mora-da-odgovara-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-mora-da-odgovara-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Fri, 24 Feb 2023 09:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804490

Северноатлантската Алијанса денеска се оквалификува како „одлучна“ во својата поддршка на Украина и нагласија дека „пропаѓаат руските напори да ја наруши решителноста на храбриот народ на Украина“. Во Изјавата објавена по повод една година од руската инвазија врз Украина, НАТО наведе дека Русија мора „веднаш“ да ја прекине својата „нелегална војна“ што влијае на глобалните резерви на храна и енергија. Од НАТО побараа Москва да одговора за нејзините „воени злосторства“. „Додека одбележуваме една година од руската брутална агресивна војна против Украина, најголемата закана за евроатлантската безбедност во последните децении, ние како сојузници ја потврдуваме нашата солидарност со владата и народот на Украина во херојската одбрана на нивната нација, нивната земја, и нашите заеднички вредности. Оддаваме почит на изгубените животи и жалиме за трагичното човечко страдање и уништување, вклучително и на станбените области на Украина и цивилната и енергетската инфраструктура, предизвикани од нелегалната војна на Русија, се потенцира во денешната Изјава на Алијансата. „Дополнително ја засилуваме политичката и практичната поддршка за Украина додека таа се брани од руската инвазија и ќе ја одржиме нашата поддршка онолку долго колку што е потребно за да и помогнеме на Украина да преовлада. Во овој контекст, НАТО ќе продолжи тесно да се координира со релевантните засегнати страни, вклучително и меѓународните организации, особено ЕУ, како и со истомислениците. Остануваме одлучни во поддршката на долгорочните напори на Украина да ја обезбеди нејзината слободна и демократска иднина. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Ние целосно го поддржуваме суштинското право на Украина на самоодбрана и да избира сопствени безбедносни аранжмани“, се наведува во изјавата на Северноатланскиот Совет. „Русија сноси целосна одговорност за оваа војна, која е очигледно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Активностите на Русија ги занемаруваат принципите и заложбите на ОБСЕ и сериозно ја поткопуваат меѓународната безбедност и стабилност и меѓународниот поредок заснован на правила. Иако ја повикавме Русија конструктивно да се вклучи во кредибилни преговори со Украина, Русија не покажа вистинска отвореност за праведен и траен мир. Остануваме решени да одржиме координиран меѓународен притисок врз Русија. Ние, исто така, ги осудуваме сите оние, вклучително и Белорусија, кои активно ја помагаат руската војна. Не може да има неказнивост за руските воени злосторства и другите злосторства. Сите одговорни мора да одговараат за злоупотреби и кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право, особено против цивилното население во Украина, вклучувајќи ја и депортацијата на деца и сексуалното насилство поврзано со конфликти. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна и да ги повлече сите свои воени сили од Украина во согласност со Резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена на 23 февруари 2023 година и другите релевантни резолуции на Генералното собрание на ОН“, посочуваат НАТО сојузниците. „Ќе продолжиме да се залагаме за мир, безбедност и стабилност во целата евроатлантска област. НАТО е одбранбена алијанса. Ние значително го зајакнуваме нашето одвраќање и одбранбено држење и остануваме подготвени да ја браниме секоја педа од сојузничката територија во согласност со нашиот пристап од 360 степени против сите закани и предизвици. Нашата посветеност на Договорот од Вашингтон, вклучувајќи го и членот 5, е обложена со железо. НАТО е посилен и пообединет од кога било. Го поздравивме изборот на Финска и Шведска да станат членки на НАТО и ја потврдивме нашата посветеност на политиката на Отворени врати на НАТО. Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето партнерство со Украина додека таа ги унапредува своите евроатлантски аспирации. Ние, исто така, дополнително ги зајакнуваме нашите други партнерства, вклучително и помагајќи им на оние земји кои се најмногу изложени на малигното влијание на Русија“, се посочува во Изјавата. „Напорите на Русија да ја скрши решителноста на храбриот народ на Украина пропаѓаат. Една година подоцна, Украинците храбро се борат за слобода и независност. Ние стоиме со нив“, се истакнува во Изјавата на Северноатлантскиот совет по повод една година од руската агресивна војна против Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-rusija-mora-da-odgovara-za-voenite-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Апостолски: Хашки истраги има против државјани на Македонија за воени злосторства сторени во Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/#respond Sat, 17 Dec 2022 10:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=776961

Антонио Апостолски е акредитиран адвокат за жртвите и обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, а претходно беше aдвокат пред Меѓународниот Кривичен Трибунал за поранешна Југославија. Тој во интервју за НетПрес ексклузивно зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против припадник на косовското ОВК, како и за случаи покренати од сепцијалното обвинителство за воени злосторство против македонски државјани за дела сторени во Косово. Може ли да ни појасните зошто е важна пресудата против Салих Мустафа за воени злосторства сторени на територијата на Косово? На 16 декември 2022 година, Судскиот совет I ја изрече својата пресуда во случајот Специјализираниот обвинител против Салих Мустафа. Пресудата претставува пресвртница за обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, бидејќи претставува прва пресуда на овој трибунал во случај за воени злосторства. Нејзината правна и историска важност е дека се повторува начелото дека правдата можеби е бавна, но од нејзиното величество не може никој да избега. Може ли поточно да ни појасните за што е осуден Мустафа? Судскиот совет го прогласи обвинетиот Мустафа за виновен за воени злосторства, произволно притворање, тортура и убиства и го осуди на затворска казна од 26 години. При изрекувањето на пресудата, Судскиот совет истакна дека обвиненијата во овој случај се однесуваат исклучиво на индивидуалната кривична одговорност на обвинетиот Мустафа и неговата вмешаност во наводните воени злосторства при притвор, сурово постапување, тортура и убиства на жртвите. Истакнувајќи дека жртвите во овој случај се косовски Албанци, Судскиот совет дополнително нагласи дека „нивните напори да бараат правда и вистина се во срцето на овие постапки“. Во својата пресуда, Судскиот совет утврди дека за време на конфликтот меѓу ОВК и српските сили, обвинетиот Мустафа бил единствениот и севкупниот командант на герилската единица на БИА на ОВК до нејзиното распуштање; дека тој командувал со комплексот Злаш во периодот на наводните злосторства; и дека има моќ да закажува состаноци во герилската единица на БИА, да издава наредби на своите подредени и да ги дисциплинира. Дали има и лица од Македонија за кои се води истрага? Специјалниот обвинител водеше активни истраги и против државјани на Република Македонија за воени злосторства на територијата на Косово. Сепак, додека не се подигне обвинение и истото не стане достапно до јавност не може да се претпостави против кои лица ќе биде поднесено обвинение. Доколку има докази и доколку се утврди индивидуална или командна одговорност, секако дека ќе биде поднесено обвинение. Целото интервју може да го прочитате ТУКА

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/feed/ 0
Шест поранешни припадници на Армијата на БиХ уапсени поради воени злосторства врз цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=775043

Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ. Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца. Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shest-poraneshni-pripadnici-na-armijata-na-bih-uapseni-poradi-voeni-zlostorstva-vrz-civili/feed/ 0
Мосе: Заклучено е дека во Украина извршени се воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mose-zaklucheno-e-deka-vo-ukraina-izvrsheni-se-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mose-zaklucheno-e-deka-vo-ukraina-izvrsheni-se-voeni-zlostorstva/#respond Fri, 23 Sep 2022 11:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=736612

Истражната комисија на Обединетите Нации (ОН) откри различни руски воени злосторства во Украина, јави ДПА. Меѓу другото, експертите документираа сексуални и поврзани со полот, насилни акти, од страна на некои руски војници, изјави денеска претседателот на комисијата, Ерик Мосе во првиот привремен извештај во говорна форма. – Врз основа на доказите собрани од комисијата, заклучено е дека во Украина извршени се воени злосторства, појасни тој. Жртвите на спомнатите злосторства се меѓу четири и 82-годишна возраст, според информациите од претседателот на комисијата споделени во Советот за човекови права на ОН во Женева. Истрагата на експерти за човекови права првично се фокусираше на почетната фаза од руската инвазија во февруари и април, во регионите на Киев, Чернихив, Харков и на Суми. Комисијата забележала голем број егзекуции. Жртвите често биле апсени и врзани пред да починат. Телата имале прострелни рани на главата и исечени грла. Мачењето наводно вклучувало тепање и електрошокови. Комисијата исто така документираше два случаја каде руски војници биле малтретирани од украинските единици. Во моментов се водат истраги на 16 локации. Не беше соопштен број на жртви. Конечниот извештај, Мосе и неговиот тим планираат да го претстават во март 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mose-zaklucheno-e-deka-vo-ukraina-izvrsheni-se-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Зеленски: Украина отвора „книга на крвниците“ со докази за воените злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-otvora-kniga-na-krvnicite-so-dokazi-za-voenite-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-otvora-kniga-na-krvnicite-so-dokazi-za-voenite-zlostorstva/#respond Wed, 08 Jun 2022 05:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=688064

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација. Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се осомничени повеќе од 600 лица. -Следната недела ќе биде објавена специјална публикација „Книга на крвниците“, систем што ќе собира податоци за воените злосторства и криминалците од руската армија, рече Зеленски во најновата видео порака. Според неговата забелешка, оваа книга ќе биде клучниот елемент во неговото барање руските војници да се повикаат на одговорност за, како што велат, украинските убиства, силувања и грабежи. -Тоа се конкретни факти за конкретни лица виновни за конкретни сурови злосторства против Украинците, рече Зеленски, споменувајќи го киевското предградие Буча, каде, според истражителите, беа пронајдени докази за масовни егзекуции. Русија тврди дека во „специјалната воена операција во Украина“ направила се за да избегне пукање врз цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-otvora-kniga-na-krvnicite-so-dokazi-za-voenite-zlostorstva/feed/ 0
Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-rusi-priznaa-vina-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-rusi-priznaa-vina-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Fri, 27 May 2022 05:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=682177

На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти. Руските војници Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин, на судењето во североисточниот украински град Котелево, се изјаснија за виновни. Доколку тие бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години. Нивниот адвокат побара осумгодишна казна, бидејќи тие извршиле наредби од офицери. – Признавам што направив, жалам за делата што ги стори нашата војска, верувам оти војната ќе биде завршена и дека ќе дојде мирот, што сите го чекаме, изјави Бобикин на крајот од сослушувањето. Иванов не кажа ништо. Судењето продолжува на 31 мај. Првото судење во Украина за воено злосторство од почетокот на руската инвазија, заврши со изречена казна доживотен затвор за 21-годишниот Вадим Шишимарин. Тој е осуден поради убиство на невооружен цивил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-rusi-priznaa-vina-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-eu-i-velika-britanija-kje-pomagaat-vo-istragite-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-eu-i-velika-britanija-kje-pomagaat-vo-istragite-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Wed, 25 May 2022 18:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=681526

САД, ЕУ и Велика Британија денеска објавија формирање на Советодавна група за свирепи злосторства (АЦА), механизам чија цел е да се овозможи ефикасна координација на нивната поддршка за барање одговорност за злосторствата од руската инвазија на Украина. Групата е ангажирана пред сѐ за засилување на тековните напори на ЕУ, САД и Велика Британија за барање одговорност за свирепи злосторства во тековната војна на агресија на Русија против Украина, соопштија од Стејт департентот. -Советодавната група ги унапредува заложбите на ЕУ, САД и Велика Британија да се прикаже меѓународна поддршка и солидарноста во овој клучен историски мимент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. Според него, сеопфатната мисија на АЦА е да го поддржи Одделот за воени злосторства при Канцеларијата на генералниот обвинител на Украина, во нивните истраги и прогон на злостор направен во конфликтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-eu-i-velika-britanija-kje-pomagaat-vo-istragite-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Украински власти: Се верува дека 20.000 воени злосторства се извршени од почетокот на руската инвазија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/#respond Wed, 25 May 2022 07:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=681164

Според украинските власти, за околу 20.000 случаи се верува оти се воени злосторства, евидентирани во трите месеци од руската инвазија, јави ДПА. Само полициските истражители регистрирале 13.500 такви случаи, изјави министерот за внатрешни работи, Денис Монастирски, во текот на вчерашниот ден на украинска телевизија. – Ние работиме со странски обвинители, заедно со истражувачки тимови и експерти, но, најголем дел од работата го вршат украински службеници за спроведување на законот, појасни тој. Собраните докази ќе им бидат дадени на меѓународни тела, со цел Русите обвинети за воени злосторства да бидат одведени во суд, додаде министерот. Млад руски војник беше осуден на доживотна казна затвор во Украина, во првото судење за воено злосторство од руската инвазија на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-se-veruva-deka-20-000-voeni-zlostorstva-se-izvrsheni-od-pochetokot-na-ruskata-invazija/feed/ 0
Денеска ќе се изрекува пресудата на првиот руски војник обвинет за воени злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-se-izrekuva-presudata-na-prviot-ruski-vojnik-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-se-izrekuva-presudata-na-prviot-ruski-vojnik-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Mon, 23 May 2022 08:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=680367

За денеска се очекува изрекување на пресудата на судењето на Вадим Шишимарин, првиот руски војник обвинет за воени злосторства за време на инвазијата на Украина, кој за време на судењето се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил. Обвинителството вели дека Шишимарин командувал со единицата на тенковска дивизија кога конвојот бил нападнат од украинските сили. Тој и уште четворица војници украле автомобил што го возеле во близина на Чупакивка. Таму сретнале 62-годишен Украинец на велосипед, велат од обвинителството. Според обвинителот, на Шишимарин му било наредено да убие цивил, што го направил со автомат „Калашников“. Тој се соочува со доживотна казна затвор Украина вели дека досега идентификувала повеќе од 10.000 можни случаи на руски воени злосторства за време на инвазијата во земјата. Москва негира дека нејзините војници пукаат во цивили, но истражителите веќе некое време собираат докази за воени злосторства, кои планираат да ги достават до Меѓународниот кривичен суд во Хаг. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-se-izrekuva-presudata-na-prviot-ruski-vojnik-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0