воени зони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Feb 2019 07:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воени зони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ужасна статистика: Во воените зони секој ден умираат по 300 бебиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-vo-voenite-zoni-sekoj-den-umiraat-po-300-bebinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-vo-voenite-zoni-sekoj-den-umiraat-po-300-bebinja/#respond Fri, 15 Feb 2019 07:50:17 +0000 https://kurir.mk/?p=164184

Изгладнувањето, болестите и недостигот од хуманитарна помош убиваат по 300 бебиња дневно во воените зони во светот, при што бројот на деца кои страдаат поради последиците од судирите се приближува до највисоко ниво во последните 30 години, се наведува во извештајот на невладината организација Спасете ги децата (Save the Children). Според организацијата Авганистан, Јемен, Јужен Судан, Централноафриканска Република и Сирија се помеѓу најлошите зони на судири за децата во 2017 година. – Од Јемен до Сирија и Јужен Судан децата ги трпат ужасите на вооружените судири, изјави директорот на Спасете ги децата, Кевин Ваткинс. Четиригодишната војна во Јемен уби десетици илјади луѓе, предизвика колапс на економијата и доведе милиони луѓе на раб од глад. Децата во Јемен се соочуваат со глад, дијареја, колера и дифретија, болести кои се шират исто како и обичен грип, предупредува невладината организација. Во последните 20 година во Африка починаа пет милиони деца бидејќи поради вооружените судири немаат пристап до основна здраствена заштита или чиста вода. Спасете ги децата предупредува дека во 2017 година една петтина од децата во светот односно околу 420 милиони живееле во зони на судири, што е за 30 милиони повеќе во споредна од 2016 година, а најмногу од 1990 година. Во извештај на Обединети нации се наведува дека бројот на случаи на тешко насилство над децата – од сексуално насилство преку регрутирање во парамилитантни групи до ускратување на помош од 10.000 во 2010 година во 2017 година се зголемил на рекордни 25.000 случаи. – Некои детски жртви се третираат како колатерална штета при бомбардирање на урбаните подрачја. Други деца се намерни мети на убиства, киднапирање и регрутирање во вооружени групи. Војната против децата мора да заврши. А тие кои вршат злосторства врз децата мора да сносат одговорност, наведе Ваткинс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzasna-statistika-vo-voenite-zoni-sekoj-den-umiraat-po-300-bebinja/feed/ 0
„Спасете ги децата“: Над 350 милиони деца живеат во зони на конфликт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/#respond Thu, 15 Feb 2018 08:12:48 +0000 http://kurir.mk/?p=21666

Повеќе деца од кога и да е живеат во зони на конфликт, каде им се заканува смрт и насилство, се наведува во извештајот на хуманитарната организација „Спасете ги децата“. Најопасни држави за младите се Сирија, Авганистан и Сомалија. - Најмалку 357 милиони деца или едно од шест деца ширум светот, живеат во конфликтни зони, што претставува зголемување од 75 проценти во однос на раните 90-ти години, се наведува во извештајот на Организацијата. Експертите посочуваат дека долготрајните конфликти и зголемувањето на бројот на училишта и болници кои се цел на напади ја зголемуваат опасноста за децата, велат експертите. Голема опасност со која се соочуваат се и киднапирањата и сексуалното насилство. - Гледаме шокантно зголемување на бројот на деца кои растат во областите погодени од конфликти и се изложени на најлошите форми на насилство што можете да ги замислите. Децата се изложени на страдање со какво ниту едно дете не би смеело да се соочи: од сексуална злоупотреба до тоа да бидат користени за самоубиствени бомбашки напади. Нивните домови, училишта и игралишта стануваат бојно поле, изјави претседателката на „Спасете ги децата“ Хеле Торнинг-Шмит, која е поранешен премиер на Данска. Според податоците на ОН над 73.000 деца биле убиени или осакатени во 25 конфликти од 2005 година, кога почнала да се води таква статистика. Од 2010 година, бројот на убиени или осакатени деца, за кои ОН има потврда, е зголемен за речиси 300 отсто. На Блискиот Исток, две петтини од децата, или 40 проценти, живеат во конфликтни зони. Според овој индикатор, регионот е рангиран на прво место во светот, по што следи Африка, каде 20 отсто од децата живеат во такви услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasete-gi-decata-nad-350-milioni-deca-ziveat-vo-zoni-na-konflikt/feed/ 0