воено злосторство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 07:57:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воено злосторство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести интернешнел: „Колективното казнување“ на цивилите во Газа од страна на Израел е воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/#respond Fri, 13 Oct 2023 07:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=888373

Групата за заштита на човекови права Амнести интернешнел денеска го повика Израел „веднаш“ да ја укине блокадата на Газа, велејќи дека „колективната казна“ на цивилите за терористичките злосторства на Хамас е воено злосторство. Блокадата на Израел на густо населената територија „го потона Појасот Газа во темнина и ќе ја влоши тековната хуманитарна катастрофа“, се вели во соопштението на Амнести. -Колективното казнување на цивилното население во Газа е воено злосторство – тоа е сурово и нехумано, се вели во документот. -Амнести повторува дека палестинските цивили не се одговорни за злосторствата на Хамас и другите палестински вооружени групи и Израел не смее, според меѓународното право, да ги натера да страдаат поради дела во кои немаат улога и не можат да ги контролираат, нагласува организацијата. Амнести, исто така, ја повика меѓународната заедница „да работи на постигнување договор за хуманитарните коридори“ во Газа, каде што се раселени повеќе од 423.000 луѓе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
Руското гранатирање на Украина се истражува како воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-granatiranje-na-ukraina-se-istrazuva-kako-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-granatiranje-na-ukraina-se-istrazuva-kako-voeno-zlostorstvo/#respond Wed, 12 Oct 2022 10:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=744204

Обвинители од меѓународни правосудни тимови истражуваат евентуални воени злосторства за време на ракетните напади врз Киев и други украински градови, при што загинаа 26 лица. Во нападите на 10 октомври убиени се 19 луѓе, повредени се над сто лица. Во вчерашната серија напади во градот Запорожје загинаа седум луѓе, а поради нападите во Лавов во прекин е снабдувањето со електрична енергија. Истражителите за воени злосторства вчера посетија локации во Киев и ја испитаа штетата врз цивилите и цивилната инфраструктура, изјави британскиот адвокат Најџел Повоас, главен обвинител на Меѓународните мобилни тимови за правда. – Дури и наводните широко распространети напади врз енергетската и комуникациската инфраструктура се чини дека имаа минимален ефект врз воените операции, но максимален ефект врз здравјето, страдањето и ширењето на теророт меѓу цивилното население како што се приближува зимата, додаде Повоас. Русија негира дека таргетирала цивили во нејзината воена операција во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskoto-granatiranje-na-ukraina-se-istrazuva-kako-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
АИ: Рускиот воздушен напад врз театарот во Мариупол е воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/#respond Thu, 30 Jun 2022 06:12:36 +0000 https://kurir.mk/?p=697581

Амнести интернешенал (АИ) заклучи дека рускиот воздушен напад во март, врз театарот во украинскиот град Мариупол, е воено злосторство. Организацијата за човекови права три месеца собираше докази за злосторството и своите наводи ги претстави во извештајот што денеска е објавен. Доказите вклучуваат 52 изјави на сведоци, од кои 28 биле дадени од луѓе кои биле во или во близина на театарот во моментот на нападот. -По неколку месеци ригорозна истрага, анализа на сателитски снимки и интервјуа со десетици сведоци, заклучивме дека нападот е јасно воено злосторство извршено од руските сили, кажа Агнес Каламар, генерална секретарка на Амнести интернешенал. Организацијата заклучи дека е речиси сигурно дека руските воени авиони на 16 март фрлиле две бомби од 500 килограми врз зградата на театарот, што во тој момент бил преполн со цивили. АИ откри дека во воздушниот напад загинале најмалку 12 лица, а многу се посериозно повредени. Бројот на загинати, цитиран од Амнести, е помал од претходните проценки, бидејќи, наводно, голем број луѓе го напуштиле театарот деновите пред нападот. Повеќето од оние што останале се засолниле во подрумот на театарот или во други делови од зградата каде што успеале да ја избегнат целосната сила на експлозијата, се наведува во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-ruskiot-vozdushen-napad-vrz-teatarot-vo-mariupol-e-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
Двајца руски војници осудени на затвор во Украина за воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-ruski-vojnici-osudeni-na-zatvor-vo-ukraina-za-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-ruski-vojnici-osudeni-na-zatvor-vo-ukraina-za-voeni-zlostorstva/#respond Tue, 31 May 2022 09:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=684123

Украинскиот суд во вторникт ги осуди двајцата руски заробени војници на 11,5 години затвор поради гранатирање на град на истокот на Украина, пренесува Гуардијан. Александар Бобикин и Александар Иванов, кои ја слушаа пресудата стоејќи во кутија направена од армирано стакло во Окружниот суд Котелевски во централна Украина, минатата недела ја признаа вината, пренесува Ројтерс. Оваа е втора пресуда за воени злосторства во Украина од 24 Февруари, кога всушност започна специјалната операција на руската војска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-ruski-vojnici-osudeni-na-zatvor-vo-ukraina-za-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Младиот руски војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mladiot-ruski-vojnik-na-koj-mu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-se-izjasni-za-vinoven/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mladiot-ruski-vojnik-na-koj-mu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-se-izjasni-za-vinoven/#respond Wed, 18 May 2022 13:33:59 +0000 https://kurir.mk/?p=678454

Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил. Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор. Според обвинители, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон. Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници. – Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова. Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили. Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mladiot-ruski-vojnik-na-koj-mu-se-sudi-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-se-izjasni-za-vinoven/feed/ 0
Почнува првото судење за воено злосторство во Украина: Наредено ми беше- пукав во човекот, тој падна, а ние продолживме понатаму https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-prvoto-sudenje-za-voeno-zlostorstvo-vo-ukraina-naredeno-mi-beshe-pukav-vo-chovekot-toj-padna-a-nie-prodolzivme-ponatamu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-prvoto-sudenje-za-voeno-zlostorstvo-vo-ukraina-naredeno-mi-beshe-pukav-vo-chovekot-toj-padna-a-nie-prodolzivme-ponatamu/#respond Fri, 13 May 2022 08:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=676116

Судењето на 21-годишниот војник Вадим Шишимарин, осомничен за убиство на цивил во украинското село Чупакивка, денеска би требало да почне, со што првпат од почетокот на војната во Украина, припадник на руските сили ќе биде гонет за воено злосторство. Тој се обвинува дека пукал во главата на 62-годишно лице во селото, што се наоѓа во североисточна Украина. Може да добие доживотна казна затвор. Адвокатот на Шипимарин, Виктор Овсјаников призна дека Обвинителството изградило цврст случај против неговиот клиент. Но, според него, конечната пресуда ќе ја донесе судот во Киев. Шишимарин сè уште се нема одлучено како ќе се изјасни за обвинението. Главниот украински обвинител спроведува сè поголем број истраги поради наводно убивање, злоставување и мачење на цивили во Украина од страна на руски војници. Се истражуваат над 10.700 потенцијални воени злосторства, во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени. Володимир Јаворкиј, координатор во Центарот за граѓански слободи во Киев, изјави дека активисти ќе го следат судењето, со цел да обезбедат заштита на неговите законски права. – Може да биде тешко да се одржи неутралноста на судските постапки за време на војната. Почитувањето на правилата и на нормите ќе одреди како во иднина ќе се решаваат слични случаи, појасни Јаворкиј. Минатата недела на социјалните мрежи, од Обвинителството беа објавени одредени детали. Руски војници виделе човек кој разговара на мобилен телефон, па Шишимарин добил наредба да го убие, со цел да не ги пријави на украинските воени власти. Шишимарин, низ отворен прозорец на возило, пукал со калашников и го погодил човекот во главата. Имаше објавено и куса снимка, каде Шишимарин признава дека пукал во жртвата. – Наредено ми беше да пукам. Пукав во човекот, тој падна, а ние продолживме понатаму, раскажува Шишимарин на снимката. Нема детали за тоа кој му дал таква наредба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-prvoto-sudenje-za-voeno-zlostorstvo-vo-ukraina-naredeno-mi-beshe-pukav-vo-chovekot-toj-padna-a-nie-prodolzivme-ponatamu/feed/ 0
Бајден: Тоа што се случи во Буча е ужасно, Путин треба да одговара за воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-toa-shto-se-sluchi-vo-bucha-e-uzasno-putin-treba-da-odgovara-za-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-toa-shto-se-sluchi-vo-bucha-e-uzasno-putin-treba-da-odgovara-za-voeno-zlostorstvo/#respond Mon, 04 Apr 2022 15:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=658343

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“. „Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча… тој е воен злосторник“, рече Бајден. Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства. „Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“, рече Бајден. На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-toa-shto-se-sluchi-vo-bucha-e-uzasno-putin-treba-da-odgovara-za-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
Борел: Масовно воено злосторство во Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-masovno-voeno-zlostorstvo-vo-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-masovno-voeno-zlostorstvo-vo-mariupol/#respond Mon, 21 Mar 2022 09:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=650550

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го окаратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол. „Она што се случува сега во Мариупол е големо воено злосторство, се уништува сè, се бомбардира, се убива“, рече Борел на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Владите на државите-членки на ЕУ оваа седмица ќе одржат серија средби и состаноци на кои ќе се разгледува можноста за воведување ембарго на увозот на нафта од Русија поради инвазијата врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-masovno-voeno-zlostorstvo-vo-mariupol/feed/ 0