вог скандинавија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Aug 2021 08:12:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вог скандинавија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грета Тунберг на насловницата на „Вог Скандинавија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-na-naslovnicata-na-vog-skandinavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-na-naslovnicata-na-vog-skandinavija/#respond Mon, 09 Aug 2021 08:12:23 +0000 https://kurir.mk/?p=548232

Активистката за животна средина, Грета Тунберг се најде на насловната страница на новото издание на „Вог Скандинавија“, па ја критикуваше „брзата мода“. Младата Швеѓанка вчеравечер ја објави насловницата, каде таа е облечена во голем капут за дожд, во шума и гали еден коњ. „Модната индустрија во голема мера придонесува за климатските и еколошките кризи, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници експлоатирани низ целиот свет за некои да уживаат во брзата мода што многумина ја третираат како за еднократна употреба“, напиша Тунберг на Инстаграм и Твитер. Таа смета дека не може масовно да се произведува мода, а „да консумираме одржливо“, па затоа е потребна промена на системот. – „Некои во индустријата користат скапи кампањи за да остават впечаток дека се одржливи, климатски неутрални и фер… Но, речиси секогаш станува збор за злоупотреба на зелената слика“, вели Тунберг. Тунберг во интервјуто за „Вог“ вели дека со години не купила нова облека. – Последен пат купив нешто ново пред три години, и тоа веќе употребено. Честопати и позајмувам работи од луѓе што ги познавам, рече таа. Самиот магазин во соопштението наведе дека ги споделува вредностите на младата активистка за одржлив живот и заштита на животната средина. Облеката што Тунберг ја носи на насловната страница е направена од одржливи, рециклирани материјали, објави списанието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-na-naslovnicata-na-vog-skandinavija/feed/ 0