воин на коњ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Apr 2021 10:31:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воин на коњ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шилегов за грчки „Етнос“: Коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-za-grchki-etnos-konjot-kje-bide-otstranet-od-centralniot-ploshtad-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-za-grchki-etnos-konjot-kje-bide-otstranet-od-centralniot-ploshtad-vo-skopje/#respond Wed, 07 Apr 2021 10:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=493584

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина. -Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов. Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун Константинос Зервос на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето. Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите. За „Етнос.гр“, скопскиот градоначалник говори и за галиите и ја објаснува одлуката за нивното отстранување. -За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов. Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, објаснува дека се во надлежност на општина Центар и изразува надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-za-grchki-etnos-konjot-kje-bide-otstranet-od-centralniot-ploshtad-vo-skopje/feed/ 0
Коѕијас: На споменикот на Александар во Скопје пишува дека е Грк (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-na-spomenikot-na-aleksandar-vo-skopje-pishuva-deka-e-grk-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-na-spomenikot-na-aleksandar-vo-skopje-pishuva-deka-e-grk-foto/#respond Sat, 17 Aug 2019 19:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=230680

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја објави новопоставената табла на споменикот на Александар Велики во Скопје, наведувајќи дека на знакот се вели дека тој е грчки херој. „Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денес стои под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателството меѓу народите и удар врз алтруизмот“, напиша Коѕијас на Твитер. Поранешниот грчки министер за надворешни работи е еден од потписниците на Договорот од Преспа, со кој беше решен повеќедеценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија. Пред два дена на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија во центарот на Скопје беа поставени знаци во согласност со одредбите од Договорот од Преспа, на кои се вели дека станува збор за фигури од античката хеленска историја и меѓународното историско наследство. „Во чест на Александар Велики, историска фигура што ѝ припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје. Слични написи има и на другите споменици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-na-spomenikot-na-aleksandar-vo-skopje-pishuva-deka-e-grk-foto/feed/ 0
Отстранета таблата: Александар Македонски веќе не е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/#respond Fri, 16 Aug 2019 07:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=230130

Таблата која вчера беше поставена на споменикот „Воин на коњ“, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, не издржа ниту 24 часа- експресно беше отстранета. Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура. -Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје. Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик. Инаку, поставувањето ознаки на спомениците и отстранувањето и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, е согласно Договорот од Преспа на кој се обврза македонската влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otstraneta-tablata-aleksandar-makedonski-vekje-ne-e-istoriska-figura-koja-pripagja-na-antichkata-helenska-istorija-foto/feed/ 0
Грците сакаат да го земат од Скопје споменикот „Воин на коњ“, во замена ќе ни го пратат атинскиот „Тркач“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcite-sakaat-da-go-zemat-od-skopje-spomenikot-voin-na-konj-vo-zamena-kje-ni-go-pratat-atinskiot-trkach/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcite-sakaat-da-go-zemat-od-skopje-spomenikot-voin-na-konj-vo-zamena-kje-ni-go-pratat-atinskiot-trkach/#respond Tue, 12 Mar 2019 09:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=173852

Споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје била идејата на министерката за култура на Грција, пренесена на средба на скулпторот и автор на споменикот, Костас Вароцос, според тврдењата на уметникот за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици. Во изјава за медиумите, скулпторот Варцос открива дека минатиот петок се сретнал со Зорба во Министерството за култура на Грција кога и му била презентирана идејата. -Госпоѓа Зорба во разговорот ја спомена идејата „Тркачот“ да се пренесе во Скопје. Ѝ одговорив дека „Тркачот“ не може да замине од Атина од многу причини. Освен тоа што скулптурата ѝ припаѓа на општина Атина јас ги имам авторските права. И не е само оваа причина. Министерката го демантира предлогот што ми го достави, вели Костас Вароцос во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. И Министерката за култура за државната агенција освен што демантира, објаснува дека споменикот ѝ припаѓа на општина Атина. -Не постои никаков предлог за пренесување на „Тркачот“, тоа не нешто неосновано. Освен тоа, скулптурата му припаѓа на градот Атина. Во рамките на една општа дискусија со истакнати грчки уметници, меѓу нив и господинот Вароцос беа разговарани и коментирани многу работи, но не и таков предлог. Јас имам други приоритети, а можноста за размена на споменици или промени на табли припаѓаат на надлежностите на други министерства. Жал ми е за вревата и моралната паника што некои побрзаа да ја демонстрираат, вели министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба за АНА-МПА. Споменикот „Тркач“ изработен во голем дел од стакло, е дело на Костас Вароцос од 1988 и се наоѓа во центарот на Атина пред хотелот „Хилтон“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcite-sakaat-da-go-zemat-od-skopje-spomenikot-voin-na-konj-vo-zamena-kje-ni-go-pratat-atinskiot-trkach/feed/ 0
Споменикот „Воин на коњ“ бил договорен од СДСМ и ДУИ: Александар Македонски во минатото за СДСМ беше најголем македонски крал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/#respond Wed, 20 Jun 2018 08:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=67745

Откако Владата на Република Македонија соопшти дека е постигнат договор за спорот со името со Грција, договор кој според многу е катастрофален за македонската страна, од таму информираа дека споменикот „Воин на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски, меѓутоа ќе се прецизира дека потекнува од Хеленското наследство и ја отсликува хеленската култура. -„Воинот на коњ“ во тоа што вистински е, Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамките на споменикот за што станува збор. Односно Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство, изјави на прес конференција Миле Бошњаковски. Со договорот Владата сега се откажува од Александар Македонски како македонско културно наследство, а споменикот кој е поставен на плоштадот во Скопје, според зборовите на претседателот на ДУИ и коалиционен партнер во сегашната Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев бил договорен токму во времето кога истите партии биле коалициони партнери во власта во периодот од 2002 до 2006 година. Ова тврдење Али Ахмети го изјави во 2011 година во емисијата на сегашниот министер во Владата, Роберт Поповски. -Друго што сакав да потенцирам во однос на поставувањето на Александар Велики, да бидеме искрени, е одлучено во време на владеењето на ДУИ и СДСМ. Донесена е одлуката во градот Скопје, и таа е изгласана во советот на град Скопје. Одлуката за поставување на Скендербег е донесена во град Скопје, а и за поставување на Александар Велики, изјави Али Ахмети во 2011 година, во гостувањето во емисијата Х/0, на сегашниот министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Во 2011 година од СДСМ ниту ја потврдија, ниту ја демантираа оваа информација. Инаку, долги години реториката на сега владејачката партија беше дека преку споменикот „Воин на коњ“ власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги нарушувала односите со Грција. Во минатото на партиските прес конференции СДСМ изјавуваше дека Александар Македонски е една од најзначајните личности во историјата на Република Македонија. Иако сега како власт СДСМ се откажа од него како дел од македонската историја, поранешната пратеничка на сегашната владејачка партија, Ана Павлоска Данева говореше друго. -СДСМ нема ништо против оддавање на почит кон ликот и делата на значајни историски личности во Република Македонија, вклучително и на Александар Македонски, Мајка Тереза, Ченто, Кузман Јосифовски Питу итн., изјавуваше Павловска Данева. Александар Македонски е најголемиот македонски крал и за Љубомир Јанев, министер за животна средина во Владата на СДСМ од 2002 до 2004 година, како и градоначалник на Кочани од 2005 до 2009 година, позиција на која дојде како кандидат на СДСМ. -Оваа манифестација насловена како царот на царевите, кралот на кралевите- Александријада, во чест на2361 година од раѓањето на нашиот најголем крал Александар Македонски, изјави Јанев како градоначалник на Кочани на отворањето на манифестацијата Александријада. Инаку, голем број граѓани секојдневно жестоко кажуваат дека се против овој договор, кој според нив е капитулантски и катастрофален за Република Македонија, договор каде се сруши основната црвена линија на македонската страна, т.е. се прифати ерга-омнес решение, името да биде севкупна употреба, што ќе донесе до менување на Уставот на државата, нешто што и самиот премиер Заев вети дека нема да се случи додека беше во опозиција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/feed/ 0
Владата ќе го преименува „Воинот на коњ“ со објаснување дека е дел од хеленскиот антички период https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/#respond Wed, 13 Jun 2018 11:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=65412

Споменикот „Воин на коњ„ нема да се урне, туку ќе се преименува во Александар Македонски, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за Макфакс. – Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, кажа Бошњаковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/feed/ 0
Алаѓозовски: Шпекулации се информациите дека се отстранува Воинот на коњ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/#respond Thu, 22 Mar 2018 11:42:09 +0000 http://kurir.mk/?p=32159

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. - Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев - Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме некој следен споменик, изјави денеска Алаѓозовски по потпишувањето договор за донација од турската агенција ТИКА за Националниот конзерваторски центар. Посочи дека тие одлуки ги носат трезвено и по долга анализа и дека работните групи за проектот Скопје 2014 досега имале изработено неколку елаборати. - Во моментот кога тие ги предаваат своите елаборати во Министерството, ние понатаму сме во координација со другите надлежни институции кои произлегуваат од предлог заклучоците или од она што е напишано во елаборатите и постапуваме понатаму. Во таа смисла, понекогаш ги контактираме и Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Специјалното јавно обвинителство, како и Општина Центар или Град Скопје доколку и тие на некој начин имаат надлежност во однос на елаборатите и се координираме - проверуваме дали се прекршени законите, дали има други прекршувања на законите. Сето тоа бара време, а понекогаш е потребно да се направат дополнителни елаборати во однос на специфична област, рече Алаѓозовски. Елаборатот за споменикот Воин на коњ, рече дека им е пристигнат пред повеќе од два месеца и е препратен до сите надлежни институции што ги посочи, додавајќи дека понатаму ќе постапуваат инспекторите од тие органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alagjozovski-shpekulacii-se-informaciite-deka-se-otstranuva-voinot-na-konj/feed/ 0
Грчев се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/#respond Fri, 16 Feb 2018 14:30:35 +0000 http://kurir.mk/?p=22194

Мирослав Грчев кој е член на Комисијата која го проверува проектот Скопје 2014, се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски од плоштадот во Скопје. Според Грчев на споменикот „Воин на коњ“ не му преостанува ништо друго освен рушење, а „Скопје 2014“ мора да се третира како природна непогода, како општествено политичка катастрофа. Тој вели: „Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“. Ова не е ни прва ни последна скандалозна изјава на Мирослав Грчев. Тој е познат по своите анти-македонски и анти-државни ставови, за него македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/feed/ 0