„Војдан Чернодрински“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 14:52:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Војдан Чернодрински“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прилепската претстава „Глембаеви“ на фестивал во Загреб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prilepskata-pretstava-glembaevi-na-festival-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prilepskata-pretstava-glembaevi-na-festival-vo-zagreb/#respond Thu, 06 Jul 2023 14:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=853697

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на 4 јули се претстави на 12-тиот фестивал „Мирослав Крлежа“ во Загреб со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец. Фестивалот се одржува по повод 130 години од раѓањето на големиот драмски автор и писател. -Најдобра претстава по текст на Крлежа што сум ја гледал во Хрватска по подолго време, изјави Борна Балетиќ, професор на ФДУ во Загреб. Јасмина Мицовска Станкоска, в.д директор на ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп посочува дека театарот се прикажал во вистинско светло на фестивалот во Загреб. -Среќна сум и горда од одличниот настап на театарот „Војдан Чернодрински“ на фестивалот во Загреб. Убаво е чувството кога се добиваат пофалби за претставата, која актерите ја играат со многу радост, посветеност. Аплаузот на крајот е потврда за феноменалната игра на нашиот ансамбл. Горди сме што го претставувавме театарот и Македонија на фестивали надвор од нашите граници. Благодарност до Министерството за култура за поддршката и соработката. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме репрезенти на нашата култура, истакна Мицовска Станкоска. Според актерката Даниела Иваноска, да се гостува со Глембаеви на Крлежа во Загреб, на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа на македонски јазик, е навистина предизвик. -Крлежа за нив е библија, дел од нивниот генетски код, автор кому се посветени безброј истражувања, критики, институции, улици, настани и се прашувам, како сега ние, на нивни терен, со нивен автор-институција, ќе успееме да кажеме нешто повеќе од тоа што го имааат за Крлежа?! Игравме во театарот Керемпух, во сала полна со луѓе од нашата фела -режисери, професори на академија, некогашни првенци, а сега во пензија, од ХНК и Керемпух, актери, композитори, сценографи, вистински љубители и почитувачи на театарската уметност. Се враќаме на бис 4-5 пати, додаде Иваноска. Во претставата играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Сузана Брезовец, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески и Ана Митоска. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез и костимографијата на Сузана Брезовец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prilepskata-pretstava-glembaevi-na-festival-vo-zagreb/feed/ 0
Пет награди за Драмски театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-nagradi-za-dramski-teatar-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-nagradi-za-dramski-teatar-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/#respond Fri, 16 Jun 2023 13:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=846581

Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои пет награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Оценувачката комисија во состав претседател Јанко Љумовиќ и членовите Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ ги соопштија наградите на 57. издание на фестивалот. На aнсамблот на Драмски театар Скопје му се доделени: награда за главна машка улога на актерот Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун, награда за женска епизодна улога се додели на актерката Емилија Мицевска за улогата на Џуди, награда за сценографија ја доби Константин Трпеноски за сценографијата во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, награда за костимографија се додели на Елена Вангеловска и Раде Василев за костимите во претставата и награда за кореографија и сценски движења се додели на Симон Симоновски. Врачувањето на наградите ќе биде вечер, на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар беше селектирана во официјалната програма заедно со 10 претстави на македонските професионални театри. Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност од 09 до 16 јуни понуди богата фестивалска програма, а секој ден напладне се организираа разговори на тркалезна маса, на кои се дискутираше за претставите што се изведени на програмата претходниот ден. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски – Димсата, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Драмски театар надвор од матичната сцена со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во февруари годинава гостуваше на сцената на Местно гледалишче Љубљана во рамките на фестивалот РУТА Група Триглав и на минатогодишното издание на Охридско лето каде имаше одличен прием кај публиката и театарската фела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pet-nagradi-za-dramski-teatar-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Велешкиот театар вечерва на фестивалот „Војдан Чернодрински“   https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 07 Oct 2021 14:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=574799

На сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп  вечерва во 21 часот во рамки на фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе настапи велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со претставата „Сестрите Прозорови“ работена според романот  „Три сестри“ од  А.П.Чехов, како и документаристички материјали и авторски текстови, во адаптација и драматургија на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев. Првично на програмата  беше најавено дека вечерва  во  тој термин ќе настапи  битолскиот театар со претставата „И коњите ги убиваат зар не“, но дошло до ротација на овие  двата театри на  датумите  за изведба на овие претстави, појаснуваат од велешкиот театар за МИА. Оттаму информираат дека нивните актери веќе пристигнале во Прилеп и се подготвуваат за вечерашниот настап со претставата која е во конкуренција за една од наградите. Претставата „Сестрите Прозорови“ беше  прва премиера на Велешкиот театар за сезона 2020 која театарот ја реализира од сопствени средства и  премиерно беше изведена лани на 22 јануари на сцената на велешкиот народен театар. Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој улогите ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, а автор на плакатот и рекламниот материјал е Филип Коруновски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Почнува 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-55-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-55-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/#respond Fri, 01 Oct 2021 11:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=571324

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров и со претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ вечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворен јубилејниот, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот. Во овој нов термин, од денеска до наредниот петок има 13 претстави на македонските професионални театри. Според уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџивасилева театарската уметност трпи поради пандемијата, но не може да ја запре уметноста на сцената. – 55 години одржување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е бројка за почит. Секогаш почнувал во првиот петок од јуни, но поради пандемијата, не само што една година „прескокнавме“, лани беше невозможно да се замисли да се одржува Фестивалот со актери на сцената и со публика во салите, туку се промени терминот. Бидејќи се создадоа можности, но со сите протоколи, сега од 1 до 8 октомври го одржуваме јобилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Иако формата на Фестивалот не е како што планиравме, достојна за еден голем јубилеј, сепак за почит е и фасцинантно е што имаме 13 претстави на театрите од земјава, рече на денешната прес-конференција Коцевска Хаџивасилева. Нагласи дека протоколите мора да ги почитуваме: на претставите ќе има 30 отсто публика, со доказ за сертификат за вакцинација. -Имаме, сепак обемна програма, барем по две претстави на ден. Подготвени сме доколку се случуваат промени поради ковид-ситуацијата. Веќе пред еден ден мораше да извршиме промена на претстава од еден театар поради актер, позитивен на Ковид. Се надеваме дека нема да има големи измени, рече Коцевска Хаџивасилева. Театарската уметност е погодена од пандемијата зашто се игра „во живо“, пред публика и на сцената, но театарската уметност ќе го преживее и оваа премрежје. – Иако немаме премиери во „редовен обем“, но сепак има. Нѐ погоди оваа ситуација. Сега заживува во театрите, се прават претстави. Потребата да играш и да си на сцената, постои. Можеби оваа ситуација нѐ забави, но не нѐ запре. Театарот ќе опстои како и овие 2.000 години, вели Коцевска Хаџивасилева. Вечер пригодно и свечено ќе им бидат доделени наградите за животно дело на добитниците, а потоа е и првата претстава во конкуренцијата за награди: претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски. Се очекува фестивалот да го отвори министерката за култура Ирена Стефоска. Во својата програма освен 13-те претстави, Фестивалот нуди и промоции и трибина на тема „Театарот во Ковид-19, проблеми и решенија“. Жирито кое ќе ги оценува претставите и ќе ги додели најпрестижните награди на крајот на фестивалот, 8 октомври, е во состав: Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија. Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври со претставата во чест на наградените „Драмски за Конески“ во породукција на Драмски театар од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-55-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/feed/ 0
Отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/#respond Sat, 09 Jun 2018 07:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=63829

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерот Петре Арсовски и на композиторот Љупчо Константинов и со првата претстава во официјалната конкуренција за награди, претставата на МНТ „Ничија Земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов, синоќа во големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот, официјално за отворен го прогласи заменик минисерот за култура, Владимир Лазовски. - Го прогласувам за отворен 53 Македонски театарски фестивал. Уживајте во театарските денови, рече Лазовски. Годинашните лауреати, добитници на наградата за животно дело, актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов нагласија дека со овие признанија се докажува дека не се заборавени, а нивната професија не престанува со пензионерањето. - Наградата секогаш е поттик. Јас се уште ќе работам предано на она што досега го правев - сценска музија и музика за театар, филм, за серија. Секогаш е најбитно да ја почувствувам темата за која ја создавам музиката. Сето другото доаѓа од душа и со љубов, рече Константинов. Арсовски икстакна дека оваа награда е доказ дека колегите не го заборавиле и дека се уште е жив како на сцената, така и во нивните сеќавања и кај публиката. На младите им порачуа да се занимаваат што повеќе со театар во која било форма, аматерски или професионален. Според уметничкиот директор и селектор на Фестивалот Катарина Коцевска, Фестивалот ќе и понуди на публиката осумдневна сценска и театарска магија. - Театарската магија ќе живее наредните осум фестивалски дена. Ќе уживаме заедно со публикаат која веќе најавува дека ќе имаме полни сали. Тоа ме одушевува, изјави Коцевска. За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Прилеп живее за театарот и за Фестивалот и тој е дел од него. Најави дека прилепските актери ќе добијат нова театарска куќа. -Како градоначалник на градот којшто 53 години е домаќин на најреномираната театарска манифестација во државата, чувствувам одговорност кон фестивалот, кон актерите на матичната театарска куќа „Војдан Чернодрински“, но и кон сите годинешни и идни генерации уметници, кои со својата посветеност го плетат уметничкото театарско платно на Македонија. Затоа сакам да најавам и од оваа уметничка сцена, Прилеп и Министерството за култура остваруваат интензивна соработка, со цел градот да добие нов и репрезентативен театар, кој ќе ги исполнува сите современи стандарди за работа и современа техничка логистика на актерите, сценаристите, режисерите, на сите уметници кои се дел, од, без поговор, единствената професија, која твори со најнепосреден фитбек, рече Јованоски. Тој им оддаде почит на двајца прилепчани, доајени на македонскиот театар - Илија Милчин и Кирил Ристоски. Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на Милчин и 70 години од раѓањето на Кирил Ристоски. Како прва од 12-те претстави во конкуренцијата за награди, публиката ја виде претставата на МНТ „Ничија земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов. На полноќ беше прикажана и првата претстава во придружната фестивалска програма. На сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ беше прикажана испитната претстава на студентите по актерска игра од трета година во класата на професорот Мими Таневска Србиновска, претставата „Ревизор“ од Гогољ. Во очи отворањето на Фестивалот, во фоајето од Домот на културата беше отворена изложбата „Моќта на театарот“ со оригинални експонати од музејот на МНТ за неговата историја од 1945 до денес. - На изложбата се претставени оригинални експонати, фотографии, од сцени, костими, плакати за се што се подготвувало во МНТ од 1945 година до денес. Ова сето е големо богатство за театарот и за неговата историја, рече кустосот во музејот на МНТ, Ивана Јарчевска. Денеска на репертоарот на фестивалот е богата програма. Напладне во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе се одржи трибина со наслов „Театарската критика денес“. Модаератор ќе биде професор д-р Ана Стојаноска. Вечер на програмата на Фестивалот се две претстави во конкуренцијата за награди. Од 19.30 часот на сцената во Домот на културата „Марко Цепенков“, Битолскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу во режија на Андраш Урбан, а од 22 часот на матичната сцена, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Со „Ничија земја“ на МНТ- Почнува „Војдан Чернодрински“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-nichija-zemja-na-mnt-pochnuva-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-nichija-zemja-na-mnt-pochnuva-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/#respond Fri, 08 Jun 2018 06:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=63467

Со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар и со доделување на наградите за животно дело, вечер во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. До 15 јуни на сцените на Домот на културата и во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, публиката ќе има можност да проследи 12 претстави на македонските театарски куќи во официјалната, натпреварувачка програма, и уште пет претстави во придружната програма, како и две трибини на актуелни теми. Добитници на наградите за животно дело годинава се актерот Петар Арсовски и композиторот Љупчо Константинов и ќе им бидат врачени вечер од 20 часот на свеченото отворање на фестивалот. Во официјалната конкуренција за награди се претставите: „Ничија земја“ од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов на Македонскиот народен театар; „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу во режија на Андраш Урбан на Народниот театар Битола; „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар; „Еднаш свет изградив“ според „Сидарта“ од Херман Хесе во режија на Јане Спасиќ на Театарот за деца и младинци; „Царот Владислав“ од Борис Јанков во режија на Бранко Ставрев на Струмичкиот театар; „Крал Лир“ од Шекспир во режија на Диего де Бреа на Турски театар-Скопје; „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Нела Витошевиќ на Штипскиот театар; „Дони Дарк“ од Леонид Герш во режија на Роберт Ристов на Театар Комедија; „Жените“ од Роберт Томас во режија на Ќендрим Ријани на Албански театар-Скопје, „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Дејан Дамјановски на Велешкиот театар; „Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман и Кен Киси во режија на Ристо Алексовски на Драмски театар-Скопје и „Ужегнатост“ од Иван Вискочил во режија на Владимир Милчин на Независната театарска група „Артопија“ од Скопје. За наградите ќе одлучува фестивалското жири во состав: Мими Таневска, професор и актер; Драган Спасов-Дац актер и Јасна Новаков, театролог од Белград. Наградите за најдобрите остварувања и статуетката на Војдан Чернодрински за најдобра претстава во целина ќе бидат доделени на 15 јуни на затворањето на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, а во чест на наградените Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега, драга“. Во рамки на фестивалот ќе има и две трибини - „Театарската критика денес“ и „Местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-nichija-zemja-na-mnt-pochnuva-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/feed/ 0
Во прилепскиот театар се подготвува „Враќањето на Дороти“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/#respond Fri, 09 Feb 2018 14:51:12 +0000 http://kurir.mk/?p=20055

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на претстава за деца „Враќањето на Дороти“ (Дороти се враќа) во режија на Кирил Петрески. Ова е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Според режисерот Петрески, претставата е продолжување на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели. - Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца, затоа што станува збор за специфична публика чија фантазија, колку и да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Но, е и голема обврска, зашто со овие претстави, би рекол, инвестираме 20 години во иднината и ја формираме нашата идна публика, вели Петрески. Во претставата ќе играат Марија Спиркоска – Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска –Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа. Премиерата е наскоро, а овој проект Центарот за култура го реализира со сопствени средства. Инаку, прилепскиот театар до Министерството за култура за оваа година пријави шест претстави кои сака да ги работи: „Пиреј“ од Петре М.Андреевски  во режија на Љупчо Ѓорѓиоски,  „Галеб“ по текстот на Чехов во режија на Нела Витошевиќ, сатиричната комедија „Демократија“ на Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, „Обнова на крпен живот“ во режија на  Андреј Цветаноски,  Кристина Димитрова треба да ја режира преставата „Антигона“ од Софокле како и  детската престава „Пинокио“, која треба да ја режира Дарко Ковачевски. Министерството за култура кое деновиве ќе ја објави програмата, вообичаено финансира годишно три до четири претстави на театарот во Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-vrakjanjeto-na-doroti/feed/ 0