Војдан Стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 05:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Војдан Стојановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗТ Скопје ќе биде две недели без Војдан Стојановски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=895556

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје објави на социјалните мрежи дека еден од нивните најдобри кошаркари, Војдан Стојановски, ќе паузира две недели поради повредата со која се здоби на натпреварот против Еуро Никел. Стојановски доби исеченица на пресметката против Еуро Никел (71-61), па затоа извесен период ќе тренира со намалено темпо и без контакт додека не му ги извадат конците и не му зарасне повредата. МЗТ Скопје информира дека Стојановски нема да биде во тимот за дуелот против Охрид, кој е закажан за задутре од 17 часот, но ќе биде подготвен за вториот турнир во АБА2-лигата, закажан во Златибор од 13 до 19 ноември.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ke-bide-dve-nedeli-bez-vojdan-stojanovski/feed/ 0
Стојановски: Ова ќе биде добар тест за младите играчи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-ova-ke-bide-dobar-test-za-mladite-igrachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-ova-ke-bide-dobar-test-za-mladite-igrachi/#respond Sat, 12 Aug 2023 05:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=865969

Во краток временски интервал, нашиот најсилен тим ќе ги одмери силите со Израел, Естонија и Чешка во претквалификацискиот турнир за Олимписките игри, пред кој капитенот Војдан излезе со свои очекувања.
– Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за овој турнир. Ние како екипа, сите кои сме тука во Талин, ќе дадеме се од себе да се прикажеме во едно добро светло и да стигнеме до еден добар резултат. Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но, во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви предизвици, – изјави капитенот. Македонија утре ќе го отвори турнирот против Израел (18:00 часот), во недела ќе игра против Естонија, а последниот меч со Чешка е закажан за во вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-ova-ke-bide-dobar-test-za-mladite-igrachi/feed/ 0
Браќата Стојановски ќе го носат дресот на МЗТ Скопје и во новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/brakata-stojanovski-ke-go-nosat-dresot-na-mzt-skopje-i-vo-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/brakata-stojanovski-ke-go-nosat-dresot-na-mzt-skopje-i-vo-novata-sezona/#respond Sat, 29 Jul 2023 06:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=861318

Македонските кошаркарски репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски ќе го носат дресот на МЗТ Скопје и во натпреварувачка сезона 2023/2024. Дамјан веќе долго време е дел од тимот од Аеродром и е симбол на клубот, капитен без кој не може да се замисли екипата. Тој иста како и неговиот брат близнак Војдан имаат договори и за следната сезона, па дефинитивно ќе бидат клучот во остварување на целите, амбиците на „штрковите“. Покрај нив тука ќе биде и Андреј Андоноски од кого се очекува да блеска и покаже многу повеќе во блиска иднина. Претходно МЗТ потврди дека предводник останува Васко Атанасов, а воедно најави дека ќе соопшти вести за новите ангажмани, засилување веднаш штом се постигне договор со истите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/brakata-stojanovski-ke-go-nosat-dresot-na-mzt-skopje-i-vo-novata-sezona/feed/ 0
Војдан и Дамјан остануваат во МЗТ Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/#respond Thu, 13 Jul 2023 04:37:35 +0000 https://kurir.mk/?p=856073

Како што пренесува спортскиот портал СПОРТМЕДИА во дресот на МЗТ Скопје останува братскиот тандем, капитенот Дамјан Стојановски и Војдан Стојановски. Дамјан во МЗТ Скопје е од 2012 година, тој е заштитен знак на овој клуб. Низ годините беше една од главните причини за доминацијата на тимот од Аеродром, како и титулите кои ги освои. Војдан, кој после повеќе од една деценија се врати во македонскиот шампионат, на дело покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Капитенот на македонската репрезентација е пример за идните генерации, како треба да изгледа еден професионалец на теренот, и надвор од него. Тој во финалето на плеј-офот беше нерешлива енигма за Пелистер, битолчани немаа решение за неговата шампионска игра. Војдан сезоната што измина беше прогласен за МВП на финалето и Купот на Македонија. МЗТ Скопје ростерот ќе го гради со домашни играчи, а потоа ќе се решава прашањето за странски засилувања. foto: sportmedia.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-i-damjan-ostanuvaat-vo-mzt-skopje/feed/ 0
Војдан Стојановски: Покажавме карактер https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-pokazhavme-karakter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-pokazhavme-karakter/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=805647

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски е задоволен од изданието на „црвено-жолтите“ во претквалификациите за Евробаскет 2025 и изборениот пласман во главните квалификации. Со пет победи и еден пораз, македонската репрезентација заврши на првото место од групата Д“ од втората рунда претквалификации. Во одлучувачкиот натпревар одигран вчеравечер во Осло извојувана е убедлива победа. - Имаше некоја доза на вознемиреност откако дознавме дека Словачка стигна до драматична победа во Данска, неспорно, но и ништо страшно. Но, искрено, се чини дека тоа беше и дополнителен мотив кај сите нас, дека се е во нашите раце на средбата во Осло. Влеговме во натпреварот како што и посакувавме, многу подобро од онаа средба во Левице, кога му дозволивме на противникот шутерски да се отвори и да ни даде 15 тројки. Норвежаните се познати по добриот шут за три поени, и интенција ни беше да ги спречиме нивните главни шутери. Можеби оваа средба во Осло заличи на онаа од Гевгелија, кога навистина ги исполнивме сите задачи во дефанзивата. Она што е извесно е дека оваа екипа покажа карактер. Ниту во еден момент не им дозволивме на Норвежаните да се надеваат на некое изненадување и ја оправдаме улогата на фаворит, изјави В. Стојановски. Предводникот на нашата сениорска репрезентација, посакува да го направиме и оној друг, решавачки чекор, повторно да се обезбеди учество на едно големо натпреварување какво што несомнено е Европското првенство. - Со една добра ждрепка, и системот за натпреварување кој вели дека три од четирите селекции учесници во групната фаза од квалификациите одат на Евробаскетот, имаме шанси, кои се реални. Имаме доволно време до следните активности, мислам дека ќе играме и олимписки претквалификации кои треба да бидат добра подлога за она што следува во оние вистински квалификации за Европското првенство. Битно е да сме комплетни, да бидеме здрави, во добра натпреварувачка форма, не се сомневам дека ќе го дадеме својот максимум на секој нареден натпревар, порачува капитенот Стојановски. Многу извесно е дека олимписки претквалификации ќе бидат реализирани во август, а од ноември, треба да стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-pokazhavme-karakter/feed/ 0
Војдан Стојановски МВП на Купот на Македонија во кошарка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/#respond Sun, 19 Feb 2023 07:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=802185

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, апсолутно заслужено се закити со признанието МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија. Војдан даде значаен придонес и во одбраната и заслужено за првпат се закити со ова индивидуално признание, во третиот освоен куп-пехар во кариерата. Војдан Стојановски во финалето постигна 16 поени, надополнети со осум скокови, три асистенции и три украдени топки, притоа изнудувајќи и седум прекршоци од противничките кошаркари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-mvp-na-kupot-na-makedonija-vo-kosharka/feed/ 0
Војдан Стојановски: Би сакал љубителите на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-bi-sakal-ljubitelite-na-kosharkata-da-ja-ispolnat-salata-do-posledno-mesto-i-da-bidat-nash-shesti-igrach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-bi-sakal-ljubitelite-na-kosharkata-da-ja-ispolnat-salata-do-posledno-mesto-i-da-bidat-nash-shesti-igrach/#respond Thu, 10 Nov 2022 11:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=758516

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, ги повика навивачите на „црвено-жолтите“ да дојдат и да ја исполнат салата „26 Април“ во Гевгелија каде вечер гостува Норвешка. – Би сакал да ги повикам сите љубители на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч. Нема да биде воопшто лесно, но се надевам дека ние ќе бидеме победници на крајот. Ја гледавме Норвешка, станува збор за добар тим кој игра кошарка со многу движења и силна транзиција. Главен адут им е тоа, транзицијата, доста трчаат. Се работи за специфична репрезентација, со квалитетен офанзивен скок. Наше е да го затвориме нивниот најдобар играч кој им е на плејмејкерската позиција и да ја спречиме транзицијата. Мора сите 40 минути да играме фокусирано и квалитетно, смета Стојановски. Очекува дека на овој натпревар од Д-групата од претквалификациите за Евробаскетот 2025, од голема помош ќе биде новиот македонски плејмејкер Ти-Џеј Шортс. – Последни пет години не сме во целост комплетни, со исклучок во август кога бевме повеќето тука и покажавме квалитетна кошарка. Во воведните два дуели немавме и натурализиран кошаркар. Сите кои пратат европска кошарка знаат дека Шортс е лидер во тимовите каде и да играл. Се работи за сериозен играч со светла иднина. Пред се тој како личност е многу добар, тоа го почувствувавме веднаш на стартот, бевме како да се знаеме долго. Ќе ни биде од преголема помош сигурно, вели Стојановски. Двете репрезентации по две одиграни кола од групата „Д“ има ист скор – по две победи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vojdan-stojanovski-bi-sakal-ljubitelite-na-kosharkata-da-ja-ispolnat-salata-do-posledno-mesto-i-da-bidat-nash-shesti-igrach/feed/ 0
Стојановски: Нема да биде лесно со Норвешка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-nema-da-bide-lesno-so-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-nema-da-bide-lesno-so-norveshka/#respond Wed, 09 Nov 2022 18:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=758172

Војдан Стојановски го најави првиот меч. Тој наглласи дека се работи за специфичен ривал, повика на претпазливост, а се осврна и на новото име во тимто Ти-Џеј Шортс. „Ја гледавме Норвешка, станува збор за добар тим кој игра кошарка со многу движења и силна транзиција. Главен адут им е тоа, транзицијата, доста трчаат. Се работи за специфична репрезентација, со квалитетен офанзивен скок. Наше е да го затвориме нивниот најдобар играч кој им е на плејмејкерската позиција и да ја спречиме транзицијата. Мора сите 40 минути да играме фокусирано и квалитетно. Шутот за тројката исто им е доста добар, токму поради таа транзиција, на последниот меч со Данска дадоа 20 тројки, со 65% ефикасност. Нема да биде воопшто лесно, но се надевам дека ние ќе бидеме победници на крајот. Во последни пет години не сме во целост комплетни, со исклучок во август кога бевме повеќето тука и покажавме квалитетна кошарка. Во воведните два дуели немавме и натурализиран кошаркар.Сите кои пратат европска кошарка знаат дека Ти-Џеј Шортс е лидер во тимовите каде и да играл. Се работи за сериозен играч со светла иднина. Пред се тој како личност е многу добар, тоа го почувствувавме веднаш на стартот, бевме како да се знаеме долго. Ќе ни биде од преголема помош сигурно. Би сакал да ги повикам сите љубители на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч“, изјави Војдан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-nema-da-bide-lesno-so-norveshka/feed/ 0
МЗТ Скопје го продолжи договорот со Војдан Стојановски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-go-prodolzi-dogovorot-so-vojdan-stojanovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-go-prodolzi-dogovorot-so-vojdan-stojanovski/#respond Sun, 14 Aug 2022 12:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=718337

МЗТ Скопје Аеродром успеа да го задржи својот најдобар поединец, репрезентативецот Војдан Стојановски. Клубот кој во следната сезона се враќа во АБА лигата,. Стојановски пристигна во Аеродром минатата сезона, а тој потег ги одушеви навивачите. 34-годишникот парафира двегодишен договор со шампионот на Македоија и ќе се натпреварува со МЗТ во јадранската елита, а одново ќе се нападне и тронот во земјава. Се очекува Стојановски да биде лидер на екипата, па заедно со својот брат Дамјан, како и колегите од репрезентацијата Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски и странците, да го поведат МЗТ во добра АБА-сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-go-prodolzi-dogovorot-so-vojdan-stojanovski/feed/ 0
Стојановски: Да ги завршиме квалификациите барем со една победа https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-da-gi-zavrshime-kvalifikaciite-barem-so-edna-pobeda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-da-gi-zavrshime-kvalifikaciite-barem-so-edna-pobeda/#respond Sat, 25 Jun 2022 13:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=695621

Капитенот Војјдан Стојановски прв се појави во салата „Борис Трајковски“ во Скопје каде денеска беше означен почетокот на мини-циклусот пред она што следува во првите денови од јули, натпреварите против Шпанија и Украина, за пласман во следната фаза од квалификациите за место на Светскиот Куп 2023 година.
– Малку сме од искусните што останавме, имаме повеќе млади. Атмосфера секогаш имало и ќе има во репрезентацијата. За натпреварите, Шпанија е со истиот состав кој играше во Македонија. Дали е „Б“ или „А“ тим, Шпанија е Шпанија, ние ќе дадеме сè од себе. Најважно ќе биде да се одигра достојно и против селекција од Евролигата и Еврокупот – рече Стојановски.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-da-gi-zavrshime-kvalifikaciite-barem-so-edna-pobeda/feed/ 0