војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 17:57:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папа Франциск: Ниту во една војна нема вистински победници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-nitu-vo-edna-vojna-nema-vistinski-pobednitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-nitu-vo-edna-vojna-nema-vistinski-pobednitsi/#respond Thu, 02 Nov 2023 17:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=895903

Во ниту една војна нема вистински победници, рече денеска папата Франциск при посетата на Римските воени гробишта, мислејќи на конфликтите на Блискиот Исток и Украина. Папата користеше инвалидска количка за да ги помине надгробните споменици и да положи цвеќе на гробиштата каде се чуваат посмртните останки на војниците на Комонвелтот кои загинале во Италија за време на Втората светска војна. Годинава папата ги избра овие римски гробишта за да отслужи миса во спомен на починатите на Задушница( Ден на мртвите). -Војните се секогаш пораз, секогаш. Никогаш нема целосна победа. Едната страна ја поразува другата, но зад неа секогаш има пораз и цена што мора да се плати, рече папата во импровизирана проповед за време на мисата на гробиштата, на која присуствуваа неколку амбасадори на Комонвелтот. Светиот Отец повика на прекин на огнот во Газа и создавање хуманитарни коридори за олеснување на страдањата на нејзините опколени жители. Тој, исто така, повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт, а кажа и дека Израел има право да се брани од напади и го осуди подемот на антисемитизмот ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-nitu-vo-edna-vojna-nema-vistinski-pobednitsi/feed/ 0
Галант: Ова ќе биде долга војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/#respond Sat, 28 Oct 2023 19:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=894009

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека нема ниту еден момент да не размислува за заложниците што ги држи Хамас. - Во текот на последниот ден, напреднавме во нова фаза во војната. Силата на огнот ја потресе земјата во Газа и тоа е различно од сè што доживеа Хамас од неговото создавање, рече тој на заедничката прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. - Силите на ИДФ маневрираат на соодветните места и ги напаѓаат локациите на Хамас во моментов, над земја и под земја … Хамас трпи шокови што никогаш не ги претрпел, рече Галант. Според него, израелските сили во Газа ги добиваат сите разузнавачки информации и помошен оган што им се потребни, додавајќи дека операцијата е прецизна, смртоносна и исклучително моќна. Галант рече дека „има целосна верба“ во началникот на Генералштабот на ИДФ, шефовите на Шин Бет и Мосад и војниците на терен. Тој нагласи дека Израел не сака да ја прошири војната, но е подготвен ако некој друг се вклучи. Галант, исто така, рече дека земјата се грижи за резервистите, за луѓето кои живеат во близина на борбените области и оние кои ги напуштиле своите куќи. Осврнувајќи се на заложниците, Галант истакна дека Израел прави сè што може за да ги врати заложниците. - Тоа не е секундарна мисија, нагласи тој. - Да не се залажуваме, нашите непријатели не бараат хуманитарни решенија, рече Галант. Галант наведе дека колку посилно Израел го удира Хамас, толку се поголеми шансите Хамас да се согласи да ослободи заложници. - Ова нема да биде кратка војна. Ова ќе биде долга војна … Или ние или тие, рече израелскиот министер за одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-ova-ke-bide-dolga-vojna/feed/ 0
Либан има план за вонредни ситуации доколку војната во Газа се прошири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liban-ima-plan-za-vonredni-situatsii-dokolku-vojnata-vo-gaza-se-proshiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liban-ima-plan-za-vonredni-situatsii-dokolku-vojnata-vo-gaza-se-proshiri/#respond Sat, 28 Oct 2023 16:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=894036

Владата на Либан подготви план за вонредни ситуации во случај на проширување на војната во Газа, изјави привремениот либански премиер Наџиб Микати. Тоа требаше да ги „ублажи последиците од агресијата на Израел на југ и тековните напади врз палестинските браќа“, рече денеска Микати, пренесува ДПА повикувајќи се на државната новинска агенција NNA. Тој не соопшти детали за планот. Тој рече дека либанската влада се обидува да ги запре нападите на Израел преку „дипломатски и политички напори, како на регионален така и на меѓународен план“. Коментарите на Микати дојдоа по состанокот со сунитскиот голем муфтија на Либан, шеикот Абдул Латиф Дериан. Тие главно разговараа за нападите на Израел врз Газа и ситуацијата во јужен Либан. Од почетокот на војната во Газа има сè пожестоки конфронтации на границата меѓу Израел и Либан, што доведе до жртви на двете страни. Напади извршуваат и милитантната група Хезболах поддржана од Иран и израелските сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liban-ima-plan-za-vonredni-situatsii-dokolku-vojnata-vo-gaza-se-proshiri/feed/ 0
Смотрич: Војната Израел го чини 246 милиони долари дневно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/#respond Wed, 25 Oct 2023 08:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=892842

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека буџетот на земјата за 2023-2024 година „повеќе не е соодветен“ поради војната во Газа и дека ќе биде променет, пренесоа британските медиуми. Според Смотрич, дневните трошоци за војната на Израел во газа изнесуваат една милијарда шекели (246 милиони долари), не вклучувајќи ги индиректните штети поврзани со забавувањето на економската активност и деловната парализа поради мобилизацијата на стотици илјади резервисти и секојдневното гранатирање. Истовремено, тој посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенцијата Стандард и Пурс (Standard & Poor's) од „стабилен“ на „негативен“ нема да има значително влијание. Министерот, сепак, изјави дека тоа треба да се земе предвид и додаде дека не очекува земјата да акумулира голем дефицит поради војната. Тој го пофали гувернерот на израелската централна банка, Амир Јарон, кој требаше да се повлече, но поради кризата го продолжи својот мандат „за колку што е потребно“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smotrich-vojnata-izrael-go-chini-246-milioni-dolari-dnevno/feed/ 0
Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892029

Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата. „Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво. „Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, нема помош. Недостигот од гориво ќе продолжи да ги задушува децата, жените и луѓето од Газа“, соопшти агенцијата. „Од почетокот на конфликтот, дванаесет раселени лица кои беа во училиштата на ОН се убиени, а речиси 180 се повредени“, се додава во соопштението. УНРВА во саботата соопшти дека потврдила дека 17 од нејзиниот персонал биле убиени од почетокот на бомбардирањето и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/feed/ 0
За време на војната во Газа загинале 4.385 луѓе, во Израел 1.400 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-vojnata-vo-gaza-zaginale-4-385-luge-vo-izrael-1-400/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-vojnata-vo-gaza-zaginale-4-385-luge-vo-izrael-1-400/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=891602

Во Појасот Газа загинаа 4.385 лица за 15 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата со која управува палестинската милитантна група Хамас. Според новиот биланс, меѓу загинатите има 1.756 деца и 967 жени. Најмалку 13.561 лице се ранети на таа палестинска територија, која беше бомбардирана од Израел како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. На израелска страна, повеќе од 1.400 луѓе беа убиени, а околу 200 беа киднапирани и земени како заложници од Хамас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-vreme-na-vojnata-vo-gaza-zaginale-4-385-luge-vo-izrael-1-400/feed/ 0
Војната го запре фудбалот во Израел и сите ќе играат на неутрален терен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojnata-go-zapre-fudbalot-vo-izrael-i-site-ke-igraat-na-neutralen-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojnata-go-zapre-fudbalot-vo-izrael-i-site-ke-igraat-na-neutralen-teren/#respond Fri, 20 Oct 2023 03:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=890984

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) забрани фудбал на територијата на Израел се додека трае воениот конфликт меѓу Израел и Палестина. Сите натпревари под капата на УЕФА нема да може да се играат, па Израелците ќе мора да бараат неутрални терени. Истото важи и за репрезентациите и за клубовите. Макаби Хаифа игра во Европа Лигата, додека Макаби Тел Авив е во Конференциската лига оваа сезона. Дуелот межу Макаби Хаифа и Виљареал е поместен од 26 октомври на 6 декември, додека Макаби Тел Авив ќе игра со Зорија на 25 ноември наместо на 26 октомври]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vojnata-go-zapre-fudbalot-vo-izrael-i-site-ke-igraat-na-neutralen-teren/feed/ 0
Бајден ќе и се обрати на нацијата за конфликтот меѓу Израел и Хамас и војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-i-se-obrati-na-natsijata-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-i-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-i-se-obrati-na-natsijata-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-i-vojnata-vo-ukraina/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=890602

Американскиот претседател Џо Бајден вечер во 20 часот по локално време во Вашингтон ќе одржи говор за конфликтот меѓу Израел и Хамас и војната во Украина, соопшти Белата куќа. Тој ќе зборува од Овалната соба, каде што претседателите традиционално и се обраќаат на нацијата во моменти од критична национална важност. -Претседателот Бајден ќе и се обрати на нацијата за нашиот одговор на терористичките напади на Хамас против Израел и на немилосрдната нехумана војна на Русија против Украина, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Бајден ќе го одржи говорот еден ден по враќањето од Израел, каде што беше во посета во знак на солидарност по нападот на Хамас на 7 октомври и додека се подготвува да побара од Конгресот пакет од 100 милијарди долари, вклучувајќи пари за Украина, Израел и за јужната граница на САД, која е под зголемен мигрантски притисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ke-i-se-obrati-na-natsijata-za-konfliktot-megu-izrael-i-hamas-i-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Американец уби дете со палестинско потекло поради војната во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/#respond Mon, 16 Oct 2023 05:54:51 +0000 https://kurir.mk/?p=889183

Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно момче и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас. Полицијата ги пронашла жената и момчето во саботата наутро во дом во Плејнфилд, југозападно од Чикаго, се наведува во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Вил. Детето било избодено десетици пати, како и жената која се здобила со повеќе убодни рани. Детективите утврдија дека и двете жртви на нападот биле мета бидејќи биле муслимани и поради тековниот конфликт на Блиски Исток во кој се вклучени Хамас и Израелците, се наведува во полициското соопштение. Нападот го пријавила жртва на нападот, која се јавила на телефон за итна помош за да пријави дека била нападната со нож од сопственикот на станот каде живеело семејството. Насилникот доби кривична пријава за убиство од прв степен, обид за убиство и тежок напад со смртоносно оружје. Според Советот за американско-исламски односи, повредената жена е мајка на убиеното дете. Исламската организација за граѓански права го опиша случајот како „наш најлош кошмар“ и дел од вознемирувачкиот пораст на повици и мејлови кои содржат говор на омраза од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/feed/ 0
Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sovet-na-17-oktomvri-ke-odrzhi-vonreden-sostanok-za-vojnata-megu-izrael-i-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sovet-na-17-oktomvri-ke-odrzhi-vonreden-sostanok-za-vojnata-megu-izrael-i-hamas/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=888974

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео - состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. „Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили. Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт“, се вели во изјавата на Мишел. Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-sovet-na-17-oktomvri-ke-odrzhi-vonreden-sostanok-za-vojnata-megu-izrael-i-hamas/feed/ 0