Војник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 17:29:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Војник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Војник протеран од Северна Кореја сега е во американски притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnik-proteran-od-severna-koreja-sega-e-vo-amerikanski-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnik-proteran-od-severna-koreja-sega-e-vo-amerikanski-pritvor/#respond Wed, 27 Sep 2023 17:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=882445

Војникот Тревис Кинг, припадник на американската Армија кој пребегна во Северна Кореја во јули, е задржан во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја во Кина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори, пренесува БТА. Севернокорејската државна новинска агенција KCTA соопшти дека Кинг бил протеран откако признал дека илегално влегол во Северна Кореја, бидејќи бил „разочаран од нееднаквоста во американското општество“. -Американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека Кинг сега е во американски притвор, но не даде дополнителни детали, пренесува БТА. Одлуката за протерување е содржана во конечните резултати од истрагата на севернокорејските власти. Севернокорејските власти одлучија да го протераат Кинг според законите на земјата, но не објавија никакви детали за спроведувањето на мерката. Белата куќа соопшти дека им се заблагодарува на Кина и Шведска што го олесниле трансферот на американскиот војник протеран од Северна Кореја, пренесоа француските медиуми. -Им благодариме на шведската влада за нејзината дипломатска улога... и на кинеската влада за нејзината помош во олеснувањето на транзитот на Кинг“, посочи во соопштението, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Претходно, друг висок американски функционер изјави дека војникот го напуштил кинескиот воздушен простор и бил на пат кон американската воена база. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vojnik-proteran-od-severna-koreja-sega-e-vo-amerikanski-pritvor/feed/ 0
Идентификуван американскиот војник кој беше уапсен во Северна Кореја: Намерно ја преминал границата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-amerikanskiot-vojnik-koj-beshe-uapsen-vo-severna-koreja-namerno-ja-preminal-granitsata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-amerikanskiot-vojnik-koj-beshe-uapsen-vo-severna-koreja-namerno-ja-preminal-granitsata/#respond Wed, 19 Jul 2023 13:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=858001

Американскиот војник Тревис Кинг ја преминал демаркационата линија меѓу Јужна и Северна Кореја, по што бил уапсен. Ова е првпат по децении американски војник да биде во притвор во Северна Кореја. Американските медиуми велат дека тоа би можело да предизвика вистинска дипломатска главоболка за САД, бидејќи тие, заедно со нивниот сојузник Јужна Кореја, се обидуваат да извршат притисок врз Пјонгјанг додека изолираната земја лансира балистички ракети. Се верува дека Кинг е првиот американски војник кој преминал во Северна Кореја од 1982 година. Американските воени претставници велат дека Тревис Кинг намерно и неовластено преминал во Северна Кореја додека бил на обиколка на демилитаризираната зона што ги дели северот и југот на полуостровот од крајот на Корејската војна во 1953 година. „Веруваме дека тој моментално е во притвор (Демократска Народна Република Кореја) и работиме со нашите колеги (Корејската народна армија) за да го решиме овој инцидент“, рече портпаролот на американските сили за Кореја, полковник Исак Тејлор. Командата на Обединетите нации, која ги надгледува операциите во демилитаризираната зона, соопшти дека работи со „колегите од (Северно) Корејската народна армија за да се реши овој инцидент. Еден од туристите што ја обиколил демилитаризираната зона со Кинг рече дека биле во посета на зграда во селото Панмунџом кога Тревис гласно се насмеал и само втрчал меѓу некои згради. „Најпрво мислев дека тоа е лоша шега, но кога не се врати, сфатив дека не е. Тогаш сите реагираа и настана хаос”, велат очевидци. Американските власти не кажаа колку долго Кинг бил во Јужна Кореја, но во еден момент тој се соочил со дисциплински мерки за напад и поминал 50 дена во притвор. Не е познато дали бил во притвор во Јужна Кореја или во американски воен притвор, но според американските официјални лица, во одреден момент по неговото ослободување бил придружуван до аеродромот на лет назад за САД. На аеродромот, придружбата на Кинг не можела да помине низ безбедносен контролен пункт со него, а во одреден момент потоа тој го напуштил аеродромот и отишол на обиколка на Заедничката безбедносна област. Кинг сега е во рацете на режим кој САД го сметаат за главен непријател и не е сигурно каков вид воено разузнавање би можел да му достави на Пјонгјанг. Најверојатно немал пристап до информации од највисоко ниво, но како припадник на американската војска можел да зборува за распоредот на базите, како и за тоа кои единици се наоѓаат каде и колку војници има таму. Неколку американски војници пребегнаа во Северна Кореја во децениите по крајот на Корејската војна, но тоа не се случи неодамна. Сепак, имало неодамнешни случаи на американски државјани кои биле држени во заробеништво во Северна Кореја или притворени, понекогаш долги временски периоди, додека американските власти се обидувале да обезбедат нивно ослободување. Засега не е јасно кои биле намерите на Кинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-amerikanskiot-vojnik-koj-beshe-uapsen-vo-severna-koreja-namerno-ja-preminal-granitsata/feed/ 0
Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/#respond Sat, 24 Jun 2023 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=849263

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот. Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/feed/ 0
Израелските сили убиле Палестинка која со нож нападнала војник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-ubile-palestinka-koja-so-nozh-napadnala-vojnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-ubile-palestinka-koja-so-nozh-napadnala-vojnik/#respond Thu, 04 May 2023 13:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=830562

Израелските сили денеска убија Палестинка на окупираниот Западен Брег, откако таа избоде војник. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека Иман Одех (26) била убиена од војници кои и испукале куршум во градите, во Хувара, јужно од Наблус. Израелската армија соопшти дека Палестинката била „неутрализирана“ откако избодела војник и полесно го ранила. Во Хувара во февруари дивееја десетици еврејски доселеници, а тогаш околу 350 Палестинци беа повредени, додека десетици куќи и возила беа запалени како одмазда за убиството на двајцата еврејски доселеници. На денешното убиство на Палестинката му претходеше напад на израелската војска во Наблус во кој беа убиени тројца Палестинци, обвинети за убиство на Израелка и нејзините две ќерки во напад на Западниот Брег во април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-sili-ubile-palestinka-koja-so-nozh-napadnala-vojnik/feed/ 0
Војникот кој го претепа Дедо Мраз оди во затвор – Мајката на суд: Не кажувај ништо https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojnikot-koj-go-pretepa-dedo-mraz-odi-vo-zatvor-majkata-na-sud-ne-kazuvaj-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojnikot-koj-go-pretepa-dedo-mraz-odi-vo-zatvor-majkata-na-sud-ne-kazuvaj-nishto/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=780629

Во девет часот утринава во општинското државно правобранителство во Славонски Брод на распит бил донесен 24-годишен млад човек, инаку активно воено лице, кој на Бадник удрил млад човек облечен како Дедо Мраз, нанесувајќи му сериозни повреди. Прегледот траеше половина час. Судијата му одреди едномесечен истражен затвор. Поради опасност од повторување на делото, напаѓачот следните неколку недели ќе ги помине во Пожега. Тој само и рекол на мајка си која го чекала пред судот дека полицајците кои го придружуваат веднаш ќе го однесат таму, пишува ПлусПортал. „Тој е осомничен за кривично дело нанесување тешка телесна повреда за што е пропишана казна од шест месеци до пет години. Овој предмет е во надлежност на Општинскиот суд во Славонски Брод“, изјави портпаролот на Жупанискиот суд. Славен Видмар. Се чека решение за притвор Напаѓачот малку пред пладне повторно бил изведен во Жупанискиот суд. Осомничениот пред зградата на судот го пречекала неговата мајка, која побарала од придружните полицајци да и дозволат „барем да го бакне“, пренесува Плус портал. Кога влегла во Судот, таа му предложила да не кажува ништо. „Слушна ли Матеј, не кажувај ништо“, му рече таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojnikot-koj-go-pretepa-dedo-mraz-odi-vo-zatvor-majkata-na-sud-ne-kazuvaj-nishto/feed/ 0
ВОЈНИЧКА МОЛИТВА која ќе ве натера да размислите малку подлабоко https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vojnichka-molitva-koja-kje-ve-natera-da-razmislite-malku-podlaboko/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vojnichka-molitva-koja-kje-ve-natera-da-razmislite-malku-podlaboko/#respond Sun, 06 Mar 2022 18:04:17 +0000 https://kurir.mk/?p=642001

ВОЈНИЧКА МОЛИТВА.. Му се молев на Бога за сила и ме направи слаб, ЗА да бидам скромен и смирен. Го молев за негова помош, да можам да направам големи дела, тој ме направи мал за да правам добри дела. Се молев за богатство и раскош, да можам да бидам среќен и безгрижен. Тој ме направи сиромашен, да бидам мудар, независен и слободен. Се молев за сите работи на овој свет да можам да уживам во животот. И тој ми даде живот да се радувам на работите во светот. Не добив ништо од тоа што го побарав, но го добив сето она што беше добро за мене. Мојата молитва беше против мене одговорена. Затоа што сум благословен човек меѓу сите луѓе. Непознат војник во Американската граѓанска војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vojnichka-molitva-koja-kje-ve-natera-da-razmislite-malku-podlaboko/feed/ 0
Го разнел мостот за да спречи непријателот со тенкови да влезе во Киев – сепак не успеал да се спаси за влакно, еве поради што плаче цела Украина (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-raznel-mostot-za-da-sprechi-neprijatelot-so-tenkovi-da-vleze-vo-kiev-sepak-ne-uspeal-da-se-spasi-za-vlakno-eve-poradi-shto-plache-cela-ukraina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-raznel-mostot-za-da-sprechi-neprijatelot-so-tenkovi-da-vleze-vo-kiev-sepak-ne-uspeal-da-se-spasi-za-vlakno-eve-poradi-shto-plache-cela-ukraina-foto/#respond Fri, 25 Feb 2022 09:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=636456

Извештаите за експлозии и борби околу главниот град на Украина ги преплавија социјалните мрежи, а еден од нив наведува дека Украинците урнале мост за да спречат руски тенкови да влезат во Киев. Украинска Правда пишува дека армијата го уништила мостот на периферијата на Киев, со цел да ги спречи руските тенкови да напредуваат понатаму во градот. Станува збор за мост кој се наоѓа во селото Романивке, на автопатот Нови Ирпен. Официјалната страна на генералштабот на Украина објави дека на овој тажен и тежок ден за нив момче кое доброволно се пријавило во војската го разнел мостот, но не успеал да се спаси. Хероите на нашето време – го разнесе мостот, но не успеа да се спаси „На овој тежок ден за нашата земја која украинскиот народ се брани од руските окупатори во сите правци, едно од најтешките места на мапата на Украина стана Кримската раскрсница каде што се сретнаа нашите војници со непријателот. Инженер на посебен баталјон и морнар Виталиј Володимирович доброволно се пријавил да го минира мостот, но за жал немал време да се спаси. Бил убиен од руските војници“, пишуваат во нивниот пост на Фејбсук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/go-raznel-mostot-za-da-sprechi-neprijatelot-so-tenkovi-da-vleze-vo-kiev-sepak-ne-uspeal-da-se-spasi-za-vlakno-eve-poradi-shto-plache-cela-ukraina-foto/feed/ 0
Пријателот на Вучиќ откри како претседателот побегнал од касарната ПОРАДИ ЉУБОВ: Ја прескокна оградата во чизми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prijatelot-na-vuchikj-otkri-kako-pretsedatelot-pobegnal-od-kasarnata-poradi-ljubov-ja-preskokna-ogradata-vo-chizmi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prijatelot-na-vuchikj-otkri-kako-pretsedatelot-pobegnal-od-kasarnata-poradi-ljubov-ja-preskokna-ogradata-vo-chizmi/#respond Mon, 14 Feb 2022 16:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=631388

Срѓан Митровиќ од Ниш се присети на своите воени денови со претседателот Вучиќ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во утринската програма на ТВ Пинк, каде зборува за важни теми за нашата земја, а во текот на емисијата се приклучил и неговиот пријател од војската. Срѓан Митровиќ од Ниш се присети на своите воени денови со претседателот Вучиќ. Дојдов во Сараево на стража, ме чекаше војник и се испостави дека ќе бидеме во иста чета. По средбата ми рекоа дека еден човек ќе биде со мене, но тој е ѕвезда – изјави Митровиќ. Митровиќ рече дека кога ќе сретнете некого денес, колку и да било тешко за време на војската, секогаш ќе биде убаво потоа. Имаше воени љубови, што се однесува до претседателот, едно време се зборуваше дека поради една девојка е подготвен да направи некои работи кои не се дозволени во ЈНА. Да излезеше без дозвола ќе ја прескокнеше оградата – рече тој. Тој посочи дека дружењето со претседателот траела шест месеци. Кога се раздолживме, чував воени мечеви, тој подоцна ми рече да не доаѓам од Ниш само поради мечеви – истакна тој. Митровиќ рече дека кога дознал дека Вучиќ доаѓа на аеродром, прашал дали може да го пречека. Ми беше мило. Тоа не се опишува со зборови, тој остана истиот човек како што беше во Сараево пред 30 години – рече тој. Колку ми е мило, тоа не се опишува со зборови. Војската беше школа на животот, таму созревавме. Ги следев неговите работи, кога беше министер за одбрана секогаш оставаше трага. Мило ми е што шест месеци бев со него во војска – изјави Митровиќ. Вучиќ рече дека многу луѓе што ги познава денес станале многу експерти, како што е Митровиќ. Беше подисциплиниран, луѓето што доаѓаат од југ се секогаш дисциплинирани. Тој е добар човек – изјави Вучиќ. Имаше две касарни, а ние бевме двајца најдобри пријатели, тој требаше да биде играч од средниот ред, а јас добив специјална пешадија. Тоа беше касарна со најтешки тренинзи – се присетува претседателот. Митровиќ откри дека претседателот побегнал од касарна , што и Вучиќ го потврди. Со се чизми ја прегазив жичената ограда и ја преминав реката. Бевме млади, кратко траеше тој занес, мислиш дека можеш да стигнеш до ѕвездите. Ме фатија неколку пати – се присети Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prijatelot-na-vuchikj-otkri-kako-pretsedatelot-pobegnal-od-kasarnata-poradi-ljubov-ja-preskokna-ogradata-vo-chizmi/feed/ 0
Игор Џамбазов објави ФОТОГРАФИЈА од неговите војнички денови: Вака изгледал пред 40 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-negovite-vojnichki-denovi-vaka-izgledal-pred-40-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-negovite-vojnichki-denovi-vaka-izgledal-pred-40-godini/#respond Fri, 11 Feb 2022 11:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=630168

Македонскиот шоумен, Игор Џамбазов на Фејсбук објави интересна фотографија. Имено тој објави фотографија стара 40 години, а истата е од неговите војнички денови. -"Кад сам млаѓан војник био ја..." Точно пред 40 години... напиша Џамбазов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-negovite-vojnichki-denovi-vaka-izgledal-pred-40-godini/feed/ 0
Трагедија: Почина припадник на АРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-pripadnik-na-arm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-pripadnik-na-arm/#respond Fri, 07 Jan 2022 20:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=616856

Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека денес (7ми јануари), во вечерните часови, (околу 18.15 часот), во болница во Приштина, Косово, ненадејно почина професионален војник со иницијали И.Ч на 44 годишна возраст, кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР. Имено професионалниот војник кој извршување должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови видно му се слошило по што веднаш откако бил приметен од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот. Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот болница во Приштина, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време се констатирала смрт за која како причина по првичните наоди е најверојатно од срцев удар. Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-pochina-pripadnik-na-arm/feed/ 0