војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 12:28:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српскиот МО: Ако нареди Вучиќ, војската ќе влезе на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=884251

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека војската ќе влезе на територијата на Косово доколку тоа го нареди претседателот Александар Вучиќ. „Војската на Србија ефикасно, професионално и успешно би ја извршила таквата задача. Но, ништо не би се направило зад грбот на КФОР. Ништо не правиме зад грб“, рече Вучевиќ и ја пофали соработката со КФОР и додаде: „Јас и генералот Мојсиловиќ ќе се занимаваме само со фактите“. Тој, пак, бил изненаден од „загриженоста“ на Приштина, со оглед на тоа што нема зголемување на борбената активност. „И немаше обука на било какви терористички сили, ниту упад на територијата на Косово од страна на српската армија“, нагласи Мојсиловиќ, отфрлајќи ги тврдењата дека Србија, министерството за одбрана и српската армија обучувале и вооружувале Срби на Косово и посочи на информации дека косовската полиција користи оружје од српската специјална индустрија што официјален Белград не ги продал. Исто така, Вучевиќ повтори дека поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кого Приштина го означи како организатор на конфликтот во Бањска, не учествувал во вежбите на Пасуљанските ливади, каде што често вежба српската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-mo-ako-naredi-vuchik-vojskata-ke-vleze-na-kosovo/feed/ 0
Вучиќ: Ќе ја повлечам војската https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-povlecham-vojskata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-povlecham-vojskata/#respond Sun, 01 Oct 2023 07:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=883753

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово и Метохија, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија. „Зошто ова би било од корист за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“. Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-povlecham-vojskata/feed/ 0
САД со директна порака до Александар Вучиќ: Повлечија војската од границата со Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-so-direktna-poraka-do-aleksandar-vuchik-povlechija-vojskata-od-granitsata-so-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-so-direktna-poraka-do-aleksandar-vuchik-povlechija-vojskata-od-granitsata-so-kosovo/#respond Sat, 30 Sep 2023 13:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=883591

НАТО вели дека го зголемува своето присуство во северно Косово како резултат на зголемените тензии со соседна Србија, а САД ја повикаа Србија да ги повлече насобраните воени сили на границата со Косово. Зголемувањето на тензиите доаѓа откако 30 вооружени Срби влегоа во косовското село Бањска минатиот викенд. Косовски полицаец и тројца од напаѓачите загинаа во вооружена пресметка. „Потребен ни е НАТО бидејќи границата со Србија е многу долга и српската армија од неодамна ги засилува своите капацитети. Тие имаат многу воена опрема од Русија и од Кина“, вели косовскиот премиер Албин Курти. Тој додаде дека Србија сака да го врати назад времето. „Тие се во потрага по временска машина. Тие сакаат да го вратат времето назад 30 години. Но, тоа нема да се случи“, вели тој. Косово прогласи независност во 2008 година, но Србија, како и неколку членки на ЕУ не ја признаваат. Советникот на национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби потврди дека Србија распоредила голем број тенкови и артилерија на границата со Косово. Тој го опиша ова распоредување како „многу дестабилизирачки чекор“ и ја повика Србија да ги повлече трупите. Белата куќа исто така вели дека САД се подготвени да соработуваат со сојузниците за да осигураат дека КФОР ќе ги има сите ресурси на располагање за да ја исполни мисијата. Кирби додаде дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен му се јавил на српскиот претседател Александар Вучиќ и побарал од него итна деескалација и враќање на дијалогот. Велика Британија исто така соопшти дека испраќа војници за поддршка на мировниците на НАТО на терен. Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српска листа, главната српска партија во Косово, поднесе оставка вчера откако призна дека ја формирал вооружената група одговорна за нападот минатиот викенд. ЕУ и САД со години безуспешно се обидуваат да посредуваат да се постигне долготраен мир меѓу Косово и Србија, но проблем останува статусот на северно Косово, каде што мнозинството од населението е српско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-so-direktna-poraka-do-aleksandar-vuchik-povlechija-vojskata-od-granitsata-so-kosovo/feed/ 0
Српскиот министер за одбрана на состанок во „регионот на распоредување на дел од единиците“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-na-sostanok-vo-regionot-na-rasporeduvane-na-del-od-edinitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-na-sostanok-vo-regionot-na-rasporeduvane-na-del-od-edinitsite/#respond Wed, 27 Sep 2023 16:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=882402

Министерот за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија (ВС) Милан Мојсиловиќ, пристигнаа во областа каде се распоредени дел од единиците на ВС, каде што ќе одржат состанок за актуелната безбедносна состојба, соопшти денеска Министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението не е прецизирано за кој регион се работи. Вучевиќ претходно денеска изјави дека КФОР „стоел на страна и им дозволи“ на припадниците на косовската полиција по вооружениот конфликт во селото Бањска на северот на Косово да „продолжат да ја ловат“ групата вооружени Срби. Во конфликтот во тоа село во неделата загинаа најмалку тројца Срби од северот на Косово и еден припадник на косовската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-za-odbrana-na-sostanok-vo-regionot-na-rasporeduvane-na-del-od-edinitsite/feed/ 0
ФОТО: Припадниците на АРМ учествуваа во експресно поставување на нова конструкција на мост во Словенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pripadnitsite-na-arm-uchestvuvaa-vo-ekspresno-postavuvane-na-nova-konstruktsija-na-most-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pripadnitsite-na-arm-uchestvuvaa-vo-ekspresno-postavuvane-na-nova-konstruktsija-na-most-vo-slovenija/#respond Mon, 14 Aug 2023 14:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=866612

Сто припадници на македонската армија пред неколку дена пристигнаа во Словенија за да помогнат во справувањето во големите поплави кои ја зафатија оваа држава. Армиските припадници во пристигнувањето отпочнаа со ангажирање во дел од најпогодените реони од катастрофалните поплави. -Стручноста и посветеноста на нашите армиски инженерци се покажа на дело при учеството во експресното поставување на нова конструкција на мост во Межице. Неколкумината припадници од инженерискиот баталјон кои се дел од нашиот состав кој се наоѓа во Словенија, воедно управуваат со доделената механизација во сите предвидени активности во справување со последиците од катастрофалните поплави, објавија од АРМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pripadnitsite-na-arm-uchestvuvaa-vo-ekspresno-postavuvane-na-nova-konstruktsija-na-most-vo-slovenija/feed/ 0
Ковачки: Владата наоѓа решение војници да ги чуваат затворениците, не може војска да биде полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-vladata-naoga-reshenie-vojnitsi-da-gi-chuvaat-zatvorenitsite-ne-mozhe-vojska-da-bide-politsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-vladata-naoga-reshenie-vojnitsi-da-gi-chuvaat-zatvorenitsite-ne-mozhe-vojska-da-bide-politsija/#respond Wed, 26 Jul 2023 14:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=860311

Собранието попладнево во рамките на 124 седница едногласно со 62 гласа „за“ ја донесе одлуката за за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово. Претходно во расправата Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е обид за легализација на, како што рече, неспособноста на оваа Влада. -Како Собрание ние воопшто не сме гласале одлука за прогласување кризна состојба на дел од општина Гази Баба. Владата сама си прогласила таква состојба, а сега бара од нас да ја продолжиме. Во Македонија фалат над 100 затворски чувари, а сега Владата наоѓа решение војската да ги чува затворениците. Каде во друга земја војска чува затвореници. Не може војска да биде полиција. Таа треба да го чува народот, а со тоа што сега е полиција е против народот, рече Ковачки. Праша зошто тој што е надлежен за вработување на затворски чувари на почетокот на годинава не примил војници кои имаат навршено 45 години старост и завршуваат со мандат во војската. Во реплика претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата е свикана процедурално зашто Собранието е обврзано да расправа по однос на предлогот кој произлегува од Законот за кризен менаџмент. -Мојот став по тој закон сите го знаете – дека е антиуставен и дека не треба да постои. Но, и вие знаете зошто постои законот и ако имате проблем со него треба да покренеме друга иницијатива, рече Џафери. Појасни дека согласно тоа законско решение одлука за криза прогласува Владата, а пред истекот на рокот на кризната состојба Владата треба да се обрати до Собранието да донесе одлука дали да ја продолжи кризната состојба или да ја прекине. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-vladata-naoga-reshenie-vojnitsi-da-gi-chuvaat-zatvorenitsite-ne-mozhe-vojska-da-bide-politsija/feed/ 0
Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-vooruzhuva-srpskata-armija-do-zabi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-vooruzhuva-srpskata-armija-do-zabi/#respond Mon, 20 Feb 2023 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=802596

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години. – Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали. Се трудиме да не оштетиме никого и ништо во земјата без драстично да ги зголемиме нашите оперативни и функционални способности, што значи борбена готовност – рече Вучиќ при посетата на меѓународниот саем за оружје во Абу Даби. Тој изјави дека планот е во 2023 и 2024 година да се набават 200 парчиња тешко оружје од домашно производство за околу 300 милиони евра, јави Бета. Вучиќ додаде дека Приштина има намера до крајот на годината да набави 100 оклопни возила, делумно од донации, што е „спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-ja-vooruzhuva-srpskata-armija-do-zabi/feed/ 0
ФОТО: Вооружени турски војници распоредени во местата погодени од силниот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzheni-turski-vojnitsi-rasporedeni-vo-mestata-pogodeni-od-silniot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzheni-turski-vojnitsi-rasporedeni-vo-mestata-pogodeni-od-silniot-zemjotres/#respond Sun, 12 Feb 2023 08:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=799455

Припадници на турската војска се распоредени во местата погодени од силниот земјотрес во Турција. Вооружените војници го чуваат редот во градовите и обезбедуваат објекти, се со цел да не дојде до нереди. Турските власти објавија дека полицијата уапсила 131 лице кое се осомничени дека успеале да извршат кражби од напуштените згради, а се обиделе да ги ограбат и конвоите со хуманитарна помош кои пристигнуваат во погодените места. Потпретседателот на Турција доцна синоќа изјави дека во силниот земјотрес животот досега го загубиле над 24.600 лица. Заедно со жртвите од Сирија, која исто така беше погодена од земјотресот, бројот на загинати се искачи над 28.000.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzheni-turski-vojnitsi-rasporedeni-vo-mestata-pogodeni-od-silniot-zemjotres/feed/ 0
Американците направија проценка за воената моќ на земјите, каде се наоѓа Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikancite-napravija-procenka-za-voenata-mokj-na-zemjite-kade-se-naogja-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikancite-napravija-procenka-za-voenata-mokj-na-zemjite-kade-se-naogja-makedonija/#respond Mon, 09 Jan 2023 09:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=784944

Според извештајот на американскиот сајт „Global Firepower“, кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108 место од 145 земји. Како што е наведено на веб-страницата Globalfirepower, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето. Кога станува збор за регионот, Србија е најмоќна во регионот и е на 58. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Северна Македонија на 108. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата. Романија е на 47., Унгарија на 54., Бугарија на 59. и Албанија на 91. место. Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15. место.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikancite-napravija-procenka-za-voenata-mokj-na-zemjite-kade-se-naogja-makedonija/feed/ 0
СРБИЈА ЈА УКИНА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА ВОЈСКАТА „Тука не е крајот на провокациите на Курти“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-ukina-borbenata-gotovnost-na-vojskata-tuka-ne-e-krajot-na-provokaciite-na-kurti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-ukina-borbenata-gotovnost-na-vojskata-tuka-ne-e-krajot-na-provokaciite-na-kurti/#respond Thu, 29 Dec 2022 13:54:19 +0000 https://kurir.mk/?p=782147

Состојбата на зголемена борбена готовност во вооружените сили на Србија е укината со одлука на претседателот и врховен командант Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Борбената готовност беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот на Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди војската и сите единици на МВР да бидат на највисоко ниво на борбена готовност. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изрази „голема благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Србите од Косово и Метохија” што, како што наведе, „нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија со речиси безгранично трпение, посветеност на мирот, мудрата политика и дијалог со сите оние кои на кој било начин можеле да придонесат за зачувување на мирот”. „За жал, верувам дека тука не е крајот на провокациите на Курти, но се надевам и верувам дека меѓународната заедница ќе се погрижи постигнатите договори во последните 24 часа да се почитуваат за да се зачува овој момент на мир и стабилност, како би се свртиле кон исполнување на Бриселскиот договор“, напиша таа на Твитер. Брнабиќ им се заблагодари и на меѓународните партнери кои помогнаа да се зачува мирот. Специјалниот претставник и шеф на мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде ги поздрави сите мерки за смирување на тензиите на северот на Косово, вклучително и отстранувањето на барикадите. Таа оддаде признание на макотрпните напори на сите страни, вклучително и меѓународните партнери, да се осигура безбедноста на населението на Косово во сите заедници. Зијаде ја истакна важноста од почитување на обврските и продолжување на разговорите со цел целосно решавање на отворените прашања и нормализирање на односите без одлагање, се наведува во соопштението на УНМИК. Се очекува денеска отстранување на барикадите на северот на Косово. Засега е отстранета барикадата на пунктот Мердаре од правец на Куршумлија. Во текот на ноќта биле опожарени два камиони кои биле поставени на мостот кај Дудиниот крш како блокада на патот.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-ukina-borbenata-gotovnost-na-vojskata-tuka-ne-e-krajot-na-provokaciite-na-kurti/feed/ 0