Вол Стрит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Apr 2023 08:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вол Стрит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Волстрит падна поради лошите резултати на голем број компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-padna-poradi-loshite-rezultati-na-golem-broj-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-padna-poradi-loshite-rezultati-na-golem-broj-kompanii/#respond Fri, 21 Apr 2023 08:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=826134

На Волстрит, берзанските индекси паднаа во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа разочарани од кварталните деловни резултати на неколку компании, вклучувајќи ги „Тесла“ и АТ&Т. Dow Jones загуби 0,33 отсто, на 33 786 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,60 отсто, на 4 129 поени, а индексот Nasdaq 0,80 отсто, на 12 059 поени. Падот на индексот се должи на остриот пад на цените на акциите на неколку големи компании, по послабите од очекуваните деловни резултати во првиот квартал. Така, цената на производителот на електрични автомобили „Тесла“ потона за 9,7 отсто, а на телекомуникацискиот гигант AT&T повеќе од 10 отсто. Не се баш светли и очекувањата за целата сезона на објавување резултати. Според последните проценки на аналитичарите во анкетата на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за околу 5 отсто помала во првиот квартал отколку во истиот квартал минатата година. Од почетокот на годината цените на акциите силно пораснаа. Затоа, деловните резултати на компаниите за првиот квартал претставуваат, велат аналитичарите, тест дали овој раст е оправдан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-padna-poradi-loshite-rezultati-na-golem-broj-kompanii/feed/ 0
Волстрит во раст, позитивни вести од компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-vo-rast-pozitivni-vesti-od-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-vo-rast-pozitivni-vesti-od-kompaniite/#respond Fri, 03 Feb 2023 09:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=795615

Индексите на берзите во САД пораснаа во вторникот, бидејќи силните податоци за заработката и охрабрувачките податоци за инфлацијата го поттурнаа индексот СиП 500 (S&P 500) на неговиот најдобар јануари од 2019 година. „Дау Џонс индастријал авериџ“ (Dow Jones Industrial Average) порасна за 368,95 поени или 1,09 отсто, на 34.086,04 поени. S&P 500 зајакна 1,46 отсто на 4.076,60. Композитниот Насдак индекс (Nasdaq Composite) додаде 1,67 отсто на 11.584,55 поени, забележувајќи го својот најдобар јануари од 2001 година. Акциите на Џенерал Моторс скокнаа за околу 8,4 отсто откако автомобилскиот производител објави силна заработка. Акциите на PulteGroup пораснаа за 9,4% откако компанијата за изградба на куќи објави подобра од очекуваната заработка. Акциите на Exxon Mobil исто така поскапеа за речиси 2,2% по објавување на заработката. Инвеститорите добија позитивни вести за инфлацијата во вторникот пред најновата одлука за каматната стапка на Федералните резерви. Индексот на трошоците за вработување, важна мерка за платите што ја набљудува ФЕД, покажа зголемување на компензациите за 1 отсто во четвртиот квартал. Беше под проценката на Дау Џонс од 1,1 отсто. Трговците во голема мера очекуваат зголемување на стапката за четврт поен од страна на ФЕД, но се надеваат дека забавувањето на инфлацијата ќе го поттикне претседателот на ФЕД, Џером Пауел, да сигнализира пауза во затегнувањето во блиска иднина. Акциите имаа одличен почеток на 2023 година. S&P 500 и Dow пораснаа за околу 6,2% и 2,8% во јануари за нивниот трет позитивен месец во последните четири месеци. Nasdaq Composite порасна за речиси 10,7 отсто овој месец, што е негово најдобро месечно остварување од јули, пренесува СЕЕбиз. Солидниот јануари може да биде добар знак за пазарот и потенцијално да сигнализира континуиран раст во месеците што следат. Од пет случаи кога S&P доби повеќе од 5% во јануари по негативната година, реперот се зголеми во просек за 30% за годината, рече Рајан Детрик од Carson Group во твит.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/volstrit-vo-rast-pozitivni-vesti-od-kompaniite/feed/ 0
Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/#respond Fri, 01 Apr 2022 05:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=656677

Цените на акциите на Вол Стрит синоќа паднаа втор ден по ред, последица на продолжувањето на војната во Украина и засилените инфлаторни притисоци врз САД, околности што можат да ја принудат Централната банка на САД на агресивно покачување на каматните стапки. „Доу Џонс“ (Dow Jones) падна за 550 поени или 1,56 отсто на 34.678 поени, додека „СП&500“ (S&P 500) се спушти за 1,57 отсто на 4.530 поени, а индексот „Насдак“ (Nasdaq) падна за 1,54 отсто, на 14.220 поени. На почетокот на седмицава тие индекси нагло пораснаа, благодарение на оптимизмот на инвеститорите по веста дека во мировните преговори Русија вети драстично намалување на воените операции околу Киев, а Украина предложи неутрален статус. Но, војната во Украина продолжува, а вчера инвеститорите допилнително беа вознемирени од заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја прекине испораката на гас за европските земји доколку не го платат во рубљи. Белата куќа, од друга страна, воведе нови санкции кон Русија и најави досега најголема продажба на нафта од стратешките резерви за да спречи натамошен раст на цената на „црното злато“. Силниот раст на цените на нафтата и другите сировини од почетокот на војната во Украина само ги зајакнува инфлаторните притисоци. Вчерашните податоци потврдија дека инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години. Според индексот на потрошувачки цени, инфлацијата, без цените на храната и енергијата, во февруари достигна 5,4 отсто на годишно ниво, а кај цените на енергијата и храната 6,4 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-akciite-na-vol-strit-vtor-den-po-red/feed/ 0
Индексите на Вол Стрит паднаа по зголемото ширење на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-vol-strit-padnaa-po-zgolemoto-shirenje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-vol-strit-padnaa-po-zgolemoto-shirenje-na-koronavirusot/#respond Fri, 12 Jun 2020 06:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=356847

Индексите на њујоршката берза Вол Стрит забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Лошиот резултат го намали неодамнешниот оптимизам дека економијата би можела брзо да закрепне од најтешката криза во последните децении. Дау Џонс падна за 1.862 поени или 6,9 проценти, додека Насдак падна за 5,3 проценти. Индексот Стандард и Пур падна за 5,9 проценти, што е најлош резултат во еден ден од средината на март кога акциите паѓаа нагло поради воведувањето рестриктивни мерки за борба против коронавирусот. Како што пренесуваат странските медиуми, бројот на заразени со вирусот повторно расте во САД, како резултат на пообемни тестирања, но и послободно движење на луѓето и обновување на деловните активности. Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во САД надмина два милиона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeksite-na-vol-strit-padnaa-po-zgolemoto-shirenje-na-koronavirusot/feed/ 0
Пад на акциите на Вол Стрит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-vol-strit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-vol-strit/#respond Tue, 10 Dec 2019 08:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=275354

Цените на акциите на Вол Стрит паднаа поради тоа што инвеститорите не сакаат да преземат ризици пред неколку големи настани и крајниот рок до кој Вашингтон најави дополнителни царини за кинескиот увоз. Дау Џонс падна за 105 поени или 0,38 проценти на 27.909 поени, додека С&П 500 падна за 0,32 проценти на 3.135 поени и Индексот Насдак 0,40 проценти на 8.621 поени. На крајот од минатата недела, овие индекси се зголемија поради пораките од Вашингтон дека трговските преговори напредуваат добро и оти делумниот договор е близу. Кина исто така соопшти дека сака што поскоро да постигне договор за првата фаза од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-vol-strit/feed/ 0