волчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 07:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png волчица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРВПАТ ВО СВЕТОТ: Успешно клонирана арктичка волчица- доби име кое е многу често во Македонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/#respond Tue, 20 Sep 2022 07:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=735092

Генeтичката компанија „Синоген биотехнологија“, со седиште во Пекинг, Кина, вчера објави вест за првиот успешно клониран див арктички волк-женка во светот. Видеопораката уследи 100 дена по нејзиното раѓање во лабораторија во кинеската покраина Лијаонинг. Научниците велат дека животното е „пионер во одгледувањето ретки и загрозени животни“ преку технологијата на клонирање. – За да го спасиме загрозеното животно, ја почнавме истражувачката соработка со „Харбин поларленд“ за клонирање на арктичкиот волк во 2020 година. По две години макотрпни напори, арктичкиот волк беше успешно клониран. Ова е прв случај од ваков вид во светот, изјави Ми Џидонг, генерален директор на компанијата. Раѓањето на првиот клониран див арктички волк во светот е пресвртница за применетата наука за клонирање. Тоа е од големо значење за зачувување на ретките и загрозени животни и биодиверзитетот, сметаат стручњаците. Родена на 10 јуни, волчицата по име Маја е во добра здравствена состојба. Според Жао Џијанпинг, заменик генерален директор на компанијата, клонирањето е постигнато со конструирање на 137 нови ембриони од енуклеирани ооцити и соматички клетки, проследено со пренос на 85 ембриони во матката на седум женски кучиња-бигли, од кои еден се оплоди и роди како здрава волчица – Маја. Изборот на кучка како сурогат-мајка на Маја е направен затоа што кучињата имаат исто генетско потекло со волкот. Меѓународната унија за зачувување на природата ги наведува арктичките волци како загрозени во „Црвената листа загрозени видови“. Природното живеалиште им е северното арктичко подрачје на Евроазија, Гренланд и Канада. Во Кина, се внесуваат од странство и се одгледуваат во зоолошки градини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/feed/ 0