волфганг шојбле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Oct 2022 10:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png волфганг шојбле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шојбле: Германците треба да штедат струја, државата не е супермаркет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-germancite-treba-da-shtedat-struja-drzavata-ne-e-supermarket/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-germancite-treba-da-shtedat-struja-drzavata-ne-e-supermarket/#respond Wed, 12 Oct 2022 10:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=744195

Поранешниот германски министер за финансии и член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Волфганг Шојбле ги критикуваше Германците дека премногу бараат по однос стравувањата од прекини во електроснабдувањето во текот на зимата и оти едноставно треба повеќе да штедат струја, објави денеска магазинот „Феникс“. Коментирајќи го планот за германскиот пакет помош од 95 милијарди евра за граѓаните да платат енергија во текот на претстојната зима, Шојбле нагласи дека државата не е супермаркет и оти граѓаните не треба да се потпираат исклучиво врз помошта од политичарите. „Ако им сугерираме на луѓето дека се е неограничено, ние прекумерно ја користиме државата“, предупреди поранешниот претседател на Бундестагот, кој смета дека државна помош треба да добиват само домаќинствата со ниски приходи. Германската Влада претстави план за максимална цена на гасот во текот на зимата, врз чија основа се предвидува еднократна помош за граѓаните во декември и субвенционирано намалување на основната квота за гас до април следната година. Германија треба да издвои повеќе од 250 милијарди евра за компензација на цената на гасот и трите пакети помош за граѓаните предвидени за претстојната зима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-germancite-treba-da-shtedat-struja-drzavata-ne-e-supermarket/feed/ 0
Во Бундестагот од денеска е задолжително носењето заштитна маска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bundestagot-od-deneska-e-zadolzitelno-nosenjeto-zashtitna-maska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bundestagot-od-deneska-e-zadolzitelno-nosenjeto-zashtitna-maska/#respond Tue, 06 Oct 2020 08:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=412864

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, поради сегашната влошена епидемиолошка состојба во земјата нареди задолжително носење заштитна маска во германскиот Парламент. „Обврската стапи во сила денеска “, соопшти Бундестагот. Шојбле се одлучи на ваков чекор затоа што, како што рече, мора сериозно да се сфати развојот на епидемиолошката состојба во земјата. Обврската за носење маски во Бундестагот важи за сите простории, вклучително и пленарната сала, просториите за состаноци и за протоколарни средби, канцелариите…. Во Бундестагот досега важеше само итната препорака за носење маски, но таа не беше почитувана на сите места, се наведува во соопштението. Во просториите за состаноци, вклучувајќи ја и пленарната сала, маската може да се отстрани само доколку растојанието од другите лица е најмалку 1,5 метар. Пратениците и министрите кои ќе зборуваат во пленарната сала ќе можат маските да ги симнат само додека зборуваат од говорницата или се пред микрофоните во салата. Повреда на обврската за носење маска може да се казни со парична казна до 25.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bundestagot-od-deneska-e-zadolzitelno-nosenjeto-zashtitna-maska/feed/ 0
Шојбле апелира до ЕУ да извлече лекции од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/#respond Mon, 06 Jul 2020 08:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=369689

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле апелираше до ЕУ да извлече поуки од пандемијата на коронавирусот и да ја намали зависноста од глобалниот синџир на снабдување. Шојбле за изјави дека пандемијата покажа колку Европа е ранлива со својата зависност. Во авторски текст за весникот, тој посочи на привремениот недостиг на дури и наједноставната медицинска опрема, како што се заштитни маски. Според него, сега е можност критички да се анализира целосниот економски модел и „да се надминат екцесите на глобализацијата“ секаде каде што доведоа до драматични последици за време на пандемијата. Тој смета дека веќе сега е можно да се извлечат поуки дека ЕУ мора подобро да биде снабдена за да биде поотпорна на кризи и да биде понезависна. За тоа, вели Шојбле, на ЕУ и е потребно да биде „опремена со поголема стратешка автономија“, како на пример со изградба на алтернативни синџири на снабдувачи со поповолни производни места со цел да се диверзификација и намалување на географските ризици. Тој потенцира и дека е неопходно да се зајакне суверенитетот на Европа, особено во здравствениот сектор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/feed/ 0