Володомир Зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 18:43:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Володомир Зеленски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски потврди дека Украина добила моќен ракетен систем од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potvrdi-deka-ukraina-dobila-moken-raketen-sistem-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potvrdi-deka-ukraina-dobila-moken-raketen-sistem-od-sad/#respond Tue, 17 Oct 2023 18:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=889976

Американските балистички ракети со долг дострел се тајно испратени во Украина и се користат на бојното поле против Русија, изјави официјален претставник запознаен со потегот. Веста потоа ја потврди и Зеленски. Испораката на ракетите се држеше во тајност, а првата јавна потврда се очекуваше да дојде кога проектилите ќе бидат употребени на бојното поле. Зеленски и другите украински лидери извршија притисок врз САД да го обезбедат ракетниот систем, познат како ATACMS, но САД се спротивставуваа со месеци, загрижени дека Киев би можел да го искористи оружјето за да нападне длабоко во руска територија. Бајден се согласи на испораката минатиот месец и му кажа на Зеленски за време на состанокот во Белата куќа дека САД ќе ѝ дадат на Украина ATACMS. Меѓутоа, САД одбија да дадат какви било детали за времето или бројот на испорачани проектили. Поради загриженоста во Вашингтон за ескалација на тензиите со Русија, верзијата на ATACMS што е испорачана во Украина има помал дострел од максималниот дострел на ракетите. Додека некои верзии на ракетите можат да патуваат преку 300 километри, оние што се испраќаат во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која се отвора во воздух кога е истрелана, ослободувајќи стотици бомби наместо една боева глава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-potvrdi-deka-ukraina-dobila-moken-raketen-sistem-od-sad/feed/ 0
Зеленски бесен: Зошто ОН му дозволува на Лавров да учествува на самитот во Њујорк во екот на инвазијата врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-besen-zoshto-on-mu-dozvoluva-na-lavrov-da-uchestvuva-na-samitot-vo-nujork-vo-ekot-na-invazijata-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-besen-zoshto-on-mu-dozvoluva-na-lavrov-da-uchestvuva-na-samitot-vo-nujork-vo-ekot-na-invazijata-vrz-ukraina/#respond Tue, 19 Sep 2023 13:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=879574

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ги праша надлежните во ОН зошто на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, му е дозволено да присуствува на самитот во Њујорк и покрај инвазијата врз Украина. Володимир Зеленски при посетата на болница во Њујорк, каде се лекуваат украински војници ранети во војната со Русија, кажа дека светските претставници треба да сносат одговорност за ваквата одлука. -За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и пораки. Доколку во Обединетите нации се уште, што е штета, има место за руските терористи, тогаш тоа е прашање за сите членки на ОН, рече Зеленски. Украинскиот претседател подоцна денеска ќе има обраќање пред светските претставници на Генералното собрание на ОН, а утре на седницата на Советот за безбедност на ОН ќе зборува за војната во Украина. Се очекува на оваа седница свои забелешки да има Сергеј Лавров. Исто така, тоа ќе биде првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина Лавров и Зеленски да се сретнат „лице в лице“. Кога директно беше прашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, украинскиот претседател само кажа: „Не знам како ќе биде, навистина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-besen-zoshto-on-mu-dozvoluva-na-lavrov-da-uchestvuva-na-samitot-vo-nujork-vo-ekot-na-invazijata-vrz-ukraina/feed/ 0
Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/#respond Mon, 21 Aug 2023 18:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=869317

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и украинскиот претседател Володомир Зеленски попладнево потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина, соопшти самиот Мицотакис на заедничката прес-конференција со гостинот од Украина по нивната средба, јавуваат грчките медиуми. Украинскиот претседател допатува во ненајавена посета на грчката престолнина, каде подоцна вечерва ќе учествува на вечера и неформална дискусија со лидерите од регионот, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. -Ние се спротивставуваме на секое незаконски сторено дело, рече грчкиот премиер на прес-конференцијата. Тој се фокусираше на историските врски на Грција со Украина и со украинските граѓани со грчко потекло. -Никој не ги заборава злосторствата во маченичкиот Мариопол, истото важи и за Одеса, како и за Киев и другите региони на вашата земја, рече Мицотакис, додавајќи дека Грција безусловно ги осудува воените злосторства во Украина. „Русија го користеше природниот гас како оружје и неодамна го раскина договорот за жито. Последиците од војната ги надминуваат границите на нашиот континент. Над 50 отсто од житото се извезува со бродови на грчки бродари. Грција ги применува сите санкции против Русија, ние ќе го помогнеме вашиот европски пат, потпишавме заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина. Нашата поддршка ќе продолжи. Пристаништето Александрополис е центар, наскоро ќе стане град-порта за природен гас“, рече грчкиот премиер. Зеленски од своја страна и се заблагодари на Грција за поддршката и „вашата понуда да ја поддржите обуката на нашите пилоти на ловците Ф-16. Украинскиот претседател додаде дека на неговата земја и е потребна помошта од Грција за одржување на отворен коридорот за извоз на жито. Зеленски во Атина попладнево се сретна и со грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/feed/ 0
Зеленски: Москва сака глобална прехранбена катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-moskva-saka-globalna-prehranbena-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-moskva-saka-globalna-prehranbena-katastrofa/#respond Thu, 03 Aug 2023 06:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=862778

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно  редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз. -Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба ценовна криза, им требаат прекини во снабдувањето, рече тој. Русија во изминатите две недели лансираше голем број ракети кон украинските пристаништа на Црното Море , откако се повлече од клучниот договор за жито на 17 јули. Повеќето од нив беа насочени кон пристаништата околу Одеса, но синоќешниот напад го погоди пристанишниот град Измаил, на еден километар од границата меѓу Украина и Романија. Зеленски притоа кажа дека „е многу важно светот да не се навикне на овој руски терор“. -Секој удар е заеднички проблем. Не само за Украина, туку и за сите оние во светот чија стабилност Русија се обидува да ја уништи со напади на нашите пристаништа и инфраструктура, кажа украинскиот претседател во ноќното обраќање до сонародниците. Украина тврди дека во синоќешниот напад биле уништени речиси 40.000 тони жито, што било наменето за Кина, Израел и делови од Африка, пренесе Скај Њуз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-moskva-saka-globalna-prehranbena-katastrofa/feed/ 0
Зеленски: Противвоздушната одбрана спаси стотици животи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-protivvozdushnata-odbrana-spasi-stotitsi-zhivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-protivvozdushnata-odbrana-spasi-stotitsi-zhivoti/#respond Tue, 30 May 2023 08:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=840291

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека противвоздушната одбрана спасила стотици животи. - Американските „Патриоти“ обезбедија 100 процентно уништување на руските ракети, додаде тој. - Подготвуваме нови заеднички чекори со нашите партнери за зајакнување на нашата одбрана. Нема алтернатива за целосното ослободување на нашата земја, истакна Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-protivvozdushnata-odbrana-spasi-stotitsi-zhivoti/feed/ 0
Зеленски: Една западна држава ни донираше противвоздушен систем, кој не функционира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-edna-zapadna-drzhava-ni-donirashe-protivvozdushen-sistem-koj-ne-funktsionira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-edna-zapadna-drzhava-ni-donirashe-protivvozdushen-sistem-koj-ne-funktsionira/#respond Wed, 29 Mar 2023 08:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=817631

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале. За време на овонеделното патување во погранични и региони покрај линијата на фронтот, Зеленски беше придружуван од новинари на Асошиејтед прес при што Зеленски зборуваше за ветеното оружје наспроти добиеното, пренесува Хина. - Имаме одлични одлуки за системите Патриот, но ги немаме во реалноста, рече тој, мислејќи на ветениот систем за противвоздушна одбрана од САД. Зеленски рече дека на Украина и се потребни 20 батерии од системот Патриот за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети. Зеленски додаде дека една европска нација испратила систем за противвоздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Тој не ја наведе државата. Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „се уште нема ништо кога се во прашање модерни борбени авиони“. Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот и предизвиците за обука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-edna-zapadna-drzhava-ni-donirashe-protivvozdushen-sistem-koj-ne-funktsionira/feed/ 0
Берлускони го нападна Зеленски, но премиерката на Италија уверува во „цврстата“ поддршка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berluskoni-go-napadna-zelenski-no-premierkata-na-italija-uveruva-vo-tsvrstata-poddrshka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berluskoni-go-napadna-zelenski-no-premierkata-na-italija-uveruva-vo-tsvrstata-poddrshka-za-ukraina/#respond Mon, 13 Feb 2023 07:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=799698

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, чија партија Форца Италија е дел од владејачката коалиција рече дека кога би бил шеф на Владата не би се сретнал со украинскиот претседател Володомир Зеленски бидејќи тој бил виновен за војната. Италијанската премиерка Џорџа Мелони реагираше по изјавата на лидерот на коалицискиот партнер, потенцирајќи дека поддршката од Италија за Украина останува „цврста“. Нејзината канцеларија потенцираше дека поддршката е „цврста и одлучна, како што е јасно наведено во програмата и потврдено при сите гласања на парламентарното мнозинство“. Инаку, изјавата на лидерот на конзервативната Форца Италија следуваше откако Мелони во петокот ја обвини Франција за загрозување на единството на ЕУ со организирањето на француско-германска вечера во Париз со Зеленски, на која не беа повикани други европски сојузници.
- Никогаш не би одел да разговарам со Зеленски бидејќи сме сведоци на уништување на неговата земја и масакрот на неговите војници и цивили, изјави Берлускони по вчерашното гласање на регионалните избори во италијанската провинција Ломбардија. Се до инвазијата на Украина, 86-годишниот политичар често се фалеше со своето пријателство со рускиот претседател Владимир Путин, а минатиот септември предизвика контроверзии велејќи дека Путин бил принуден во војна и дека сакал да постави „пристојни луѓе“ на чело на Киев. Берлускони смета дека војната никогаш немаше да се случи доколку Зеленски запрел да ги напаѓа двете сепаратистички републики во Донбас. -Затоа, имам многу, многу негативна оценка за однесувањето на овој господин, рече Берлускони. Берлускони, исто така, ги повика САД да извршат притисок врз Зеленски и да се заканат дека нема да испраќаат оружје во Украина и да ветат огромна програма за помош доколку Украина веднаш се согласи на прекин на огнот. Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, кој исто така член на Форца Италија, на Твитер напиша дека партијата „секогаш се залага за независност на Украина, и дека е на страната на Европа, НАТО и Западот“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berluskoni-go-napadna-zelenski-no-premierkata-na-italija-uveruva-vo-tsvrstata-poddrshka-za-ukraina/feed/ 0
Зеленски: Украина заслужува оваа година да почне преговори за членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-zasluzhuva-ovaa-godina-da-pochne-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-zasluzhuva-ovaa-godina-da-pochne-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu/#respond Thu, 02 Feb 2023 20:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=795418

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека неговата државата заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ „оваа година“. „Верувам дека Украина заслужува да почне преговори за членство во ЕУ оваа година“, нагласи вечерва Зеленски. Изјавата е дадена пред утрешниот самит ЕУ-Украина. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ukraina-zasluzhuva-ovaa-godina-da-pochne-pregovori-za-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Подољак: Никогаш не преговарајте со луѓе без логика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-nikogash-ne-pregovarajte-so-luge-bez-logika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-nikogash-ne-pregovarajte-so-luge-bez-logika/#respond Thu, 26 Jan 2023 07:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=792055

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски, ја коментираше одлуката за испраќање западни тенкови и реакцијата на Русија на неа. „Русија речиси една година ја напаѓа Украина, масовно убива цивили, користи илјадници тенкови… Но, штом Европа и вети тенкови на Украина, (портпаролката Марија) Захарова хистерично вели: „Ова е потврда за однапред испланирана војна против Русија. „Никогаш не преговарајте со луѓе без логика“, напиша тој на социјалните мрежи.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podolak-nikogash-ne-pregovarajte-so-luge-bez-logika/feed/ 0
Лавров: Зеленски не ја разбира сериозноста на ситуацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zelenski-ne-ja-razbira-serioznosta-na-situacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zelenski-ne-ja-razbira-serioznosta-na-situacijata/#respond Mon, 19 Dec 2022 20:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=777815

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не ја разбира сериозноста на моментот“, обвинувајќи го за „негрижа кон сопствениот народ“. Лавров во интервјуто за белоруските медиуми изјави дека Зеленски само излегува со нови и нови идеи, но оти таа „фонтана од идеи токму го открива недостигот разбирање на Зеленски за сериозноста на ситуацијата и сопствениот народ“. Според шефот на руската дипломатија, идеите на Зеленски кои не ги прецизираше, го разоткриле „расистичкиот карактер“ на властите во Киев. Украинскиот претседател постојано ја форсира идејата за формирање меѓународен трибунал, пред кој сите одговорни политичари и воени офицери од Москва ќе одговараат за војната во Украина и за воените злосторства извршени таму. Истовремено, Лавров упати остар вербален напад кон Западот. Според Лавров, „хистеричната реакција” на специјалната воена операција како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, само ги потврдила ставовите на Кремљ за „апсолутната неопходност“ од воената интервенција. -Со акцијата, Москва ги уништи геополитичките игри на Западот, кој сакаше да ја претвори Украина во постојана закана за Русија, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на шефот на руската дипломатија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zelenski-ne-ja-razbira-serioznosta-na-situacijata/feed/ 0