волонтери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jun 2023 11:45:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png волонтери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БИДИ ВОЛОНТЕР: Учествувај активно на Европското првенство 2023 во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bidi-volonter-uchestvuvaj-aktivno-na-evropskoto-prvenstvo-2023-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bidi-volonter-uchestvuvaj-aktivno-na-evropskoto-prvenstvo-2023-vo-skopje/#respond Thu, 08 Jun 2023 11:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=843669

Биди дел од ЦЕВ Европското првенство во одбојка за мажи во групната фаза во Скопје и придружи му се на тимот волонтери во историскиот момент за нашиот спорт и за цела Македонија. Апликацијата за волонтери е отворена за сите заинтересирани коишто ќе може да се пријават до пополнување на потребниот број волонтери во тимот за ЦЕВ ЕуроВолеј 2023. Сите детални информации околу првенството, волонтерските активности и конкретните задачи, со прецизно објаснување на часовите и на деновите за работниот ангажман, може да ги најдете на веб страната на Одбојкарската федерација на Македонија, во делот за волонтери. За сите дополнителни прашања и информации контактирајте ja нашата менаџерка Нада Рочевска од NR Sports Volunteering Solutions на емаил адресата: [email protected] ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bidi-volonter-uchestvuvaj-aktivno-na-evropskoto-prvenstvo-2023-vo-skopje/feed/ 0
Волонтери на Мировен корпус повторно во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/#respond Mon, 26 Sep 2022 15:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=737619

Во Македонија денеска пристигнa нова група Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјава. – Ова е прва група волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија после три години, откако беа евакуирани во март 2020 година заради светската пандемија. Волонтерите повторно ќе бидат дел од програмите за настава по англиски јазик и развој на заедниците, како и во претходните години. Им посакуваме многу успешна работа, изјави Дебора Конер, директорка на Мировниот корпус во Северна Македонија, која ги пречека волонтерите аеродромот во Скопје. За време на двогодишниот престој во Северна Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации. Ова е 25-та група волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември 2022 Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Повеќе од 800 американски државјани досега служеле во Северна Македонија од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonteri-na-miroven-korpus-povtorno-vo-makedonija/feed/ 0
Џонсон Мети со 600 волонтерски часови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-600-volonterski-chasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-600-volonterski-chasovi/#respond Thu, 23 Dec 2021 15:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=612191

Околу 600 волонтерски часови минаа вработените од компанијата „Џонсон Мети“ по повод Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти декември. Во шестдневната волонтерска активност, 45 вработени дадоа поддршка на заедницата, преку готвење со Ретвитни оброк и во реализација на Инклузивна прослава и кретивни работилници со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром-Трисомија 21.
„Горди сме што оваа година сме рекордери во волонтерски денови на ниво на целата групација. Успеавме да реализираме околу 600 волонтерски денови и се искачивме на врвот на листата на најбројна волонтерска екипа. Меѓународниот ден на волонтерството е многу важен ден за Џонсон Мети но и за сите наши волонтери/ки. Како и секоја година и овој ден беше одбележан со низа активности“, вели Боријан Борозанов, извршен директор на компанијата Џонсон Мети.
Компанијата донираше намирници за подготвување на оброците со Ретвитни оброк, како и сите материјали за изработка на новогодишни украси за работилниците со здружението Трисомија 21. Вработените носат големи импресии и прекрасни искуства од волонтерските активности. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzonson-meti-so-600-volonterski-chasovi/feed/ 0
Волонтерите на Црвен Крст избркани од салата „Билјанини извори“ каде се спроведува вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonterite-na-crven-krst-izbrkani-od-salata-biljanini-izvori-kade-se-sproveduva-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonterite-na-crven-krst-izbrkani-od-salata-biljanini-izvori-kade-se-sproveduva-vakcinacijata/#respond Tue, 04 May 2021 08:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=505167

Црвениот Крст од Охрид информира дека утринава нивните волонтери кои биле претходно повикани да помагаат во процесот на вакцинација кој започна денес во салата „Билјанини извори“, биле избркани. -Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 04.05.2021 г., во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид. За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19, објави Црвениот крст Охрид на Фејсбук. Од Црвениот крст велат дека нивните волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/volonterite-na-crven-krst-izbrkani-od-salata-biljanini-izvori-kade-se-sproveduva-vakcinacijata/feed/ 0
Велика Британија: Волонтери свесно ќе се изложуваат на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-volonteri-svesno-kje-se-izlozuvaat-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-volonteri-svesno-kje-se-izlozuvaat-na-kovid-19/#respond Wed, 17 Feb 2021 10:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=469951

Велика Британија денеска ќе стане првата земја во светот која ќе им дозволи на волонтери свесно да бидат изложени на Ковид-19, со цел да придонесат во борбата против пандемијата. Во тестирањето, што ќе почне за еден месец, ќе бидат вклучени 90 здрави волонтери, на возраст од 18 до 30 години, кои ќе бидат изложени на коронавирусот во „безбедни и контролирани услови“. Тестирањето е со цел да се утврди на кој начин Ковид-19 влијаа врз луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-volonteri-svesno-kje-se-izlozuvaat-na-kovid-19/feed/ 0
ФОТО: СЕ РОДИ ЉУБОВ ВО ЦЕЛИОТ ХАОС ВО ПЕТРИЊА – волонтер од Сплит и волонтерка од Петриња ги стоплија срцата на многумина! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-se-rodi-ljubov-vo-celiot-haos-vo-petrinja-volonter-od-split-i-volonterka-od-petrinja-gi-stoplija-srcata-na-mnogumina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-se-rodi-ljubov-vo-celiot-haos-vo-petrinja-volonter-od-split-i-volonterka-od-petrinja-gi-stoplija-srcata-na-mnogumina/#respond Sun, 10 Jan 2021 11:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=453333

Данијела и Јурица се сретнале пред четири дена, во центарот на поранешниот град Петриња. Тие волонтираат од првиот ден, трчаат низ селата Банија и носат храна, ќебиња и утеха на несреќните. Емоциите се, како што е познато, „зафркната“ работа. Тие не се рационални, не можете да ги контролирате. Ќе ве натераат да поминете низ ѕид со глава. Да оставите сè и да брзате кон другата страна на земјата во еден момент, преку смрт, страдање и уништување. И таму, во урнатините, наоѓате љубов. Ова многу добро го знаат Јурица Господнетиќ и Данијела Бунчиќ. Можеби сте ги виделе, фоторепортер на 24сата.хр ги фотографирал среде руинираната Петриња. Тој, загрижен Сплитанец, таа плачејќи го Петриња, во прегратка. Тие се бакнуваат во хаос. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-se-rodi-ljubov-vo-celiot-haos-vo-petrinja-volonter-od-split-i-volonterka-od-petrinja-gi-stoplija-srcata-na-mnogumina/feed/ 0
Велика Британија: Над 158.000 волонтери во борба со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-nad-158-000-volonteri-vo-borba-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-nad-158-000-volonteri-vo-borba-so-koronavirusot/#respond Wed, 25 Mar 2020 10:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=321850

Повеќе од 158.000 лица се приклучија на списокот на волонтери, за да му помогнат на британскиот здравствен систем да се бори со коронавирусот. Претходно, Владата на Велика Британија повика четвртина од милионските волонтери да се приклучат во борбата со епидемијата. Тие ќе им помагаат на Националната здравствена служба и на ранливите луѓе, погодени од кризата со коронавирусот. Засега нема коментар од британското Министерство за здравство и Националната здравствена служба. Во Велика Британија се регистрирани рекорден број на смртни случаи, 87, со што вкупниот  број на починати лица е 422]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-nad-158-000-volonteri-vo-borba-so-koronavirusot/feed/ 0
Помош од волонтерите на Црвен крст побарале 25.064 лица за да се снајдат на клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomosh-od-volonterite-na-crven-krst-pobarale-25-064-lica-za-da-se-snajdat-na-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomosh-od-volonterite-na-crven-krst-pobarale-25-064-lica-za-da-se-snajdat-na-klinichki/#respond Wed, 19 Feb 2020 10:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=305897

Волонтерите од Црвен крст за пет месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, информира Министерството за здравство. Од Министерството оценуваат дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа. -Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека оваа мерка е корисна за пациентите, стои во соопштението. Волонтерите, како што се појаснува, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomosh-od-volonterite-na-crven-krst-pobarale-25-064-lica-za-da-se-snajdat-na-klinichki/feed/ 0
Одбележување на Меѓународниот ден на волонтерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-volonterite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-volonterite/#respond Thu, 05 Dec 2019 06:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=273514

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) и Американско катче Скопје (American corner Skopje), со поддршка на Коалицијата на младински организации „СЕГА“ и останати организации, како и на Општина Кисела Вода организираат низа активности кои имаат за цел да го промовираат волонтерството, како и да придонесат за подобра и поздрава животна средина. -Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември е одлична можност да се рашири духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место за живеење. Најпрво е предвидена акција за чистење на отпадот на повеќе локации во Скопје. Ќе бидат организирани четири групи, кои во 11 часот ќе започнат координирано да го елиминираат“ ѓубрето, посочуваат организаторите. Појдовните точки се: Канцеларијата на ВЦС на улица „Емил Зола“ број 3-3/1 во Кисела Вода, канцеларијата на ”American corner” (во катните гаражи кај зградата на МРТВ), хотелот „Пелагонија“ до средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ и градинката и Здравствениот дом во Шуто Оризари. Предвидено е акцијата да трае до 14 часот. Целта е да се исчисти отпадот и да се подигне свеста кај граѓаните, односно не само да се крева ѓубрето, туку и да не се фрла на места што не се соодветни. За највредните учесници на настанот се предвидени симболични награди. Активностите на Меѓународниот ден на волонтерите продолжуваат во 17 часот со панел-дискусија за волонтирањето што ќе се одржи во просториите на “American corner” на која ќе говорат преставници од ВЦС, Национален младински совет на Македонија и Младински совет на амбасадата на САД во Скопје. Предвидена е и караоке – забава во 21 часот, во кафе-барот „Беертија“, најавуваат организаторите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-volonterite/feed/ 0
Американскиот Мировен корпус со најголема група волонтери во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/#respond Sun, 23 Sep 2018 13:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=104764

Педесет и четворица Американци, што е рекорден број досега, пристигнаа денеска во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство во училишта и организации во Македонија. - Сведоци сме на пристигнувањето на најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите се повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Македонија, изјави директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин. Нивното присуство во Македонија, според Ханафин, е многу значајно. - Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани, вели тој. За време на нивниот двегодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училишта, како дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Ова е 23-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 750 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/feed/ 0