Волос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 06:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Волос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчкиот град Волос и околината повторно под вода https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=882552

Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации. Според локалното население, новото невреме било посилно и покатастрофално во споредба со претходното „Даниел“ што ја зафати Грција на почетокот на месецов. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово рече дека домови и бизниси повторно се поплавени, во опасност беа човечки животи, 80 отсто од градот е без струја, а проблеми има и со водата. Поплави има и во областа Тесалија, каде што вчера беа евакуирани десетици села, додека пак во северниот дел на островот Евија, постои целосна забрана за движење во четири населени места, откако утрово до жителите беше испратена порака од бројот 112.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-volos-i-okolinata-povtorno-pod-voda/feed/ 0
Волос и Скиатос под вода, сериозни проблеми од невремето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/#respond Tue, 05 Sep 2023 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=874778

Градот Волос и островот Скиатос се најпогодени од силното невреме што ја зафати Грција, со одлука на полицијата има забрана за движење на возила, улиците се целосно поплавени, а на островот има проблеми и со бродскиот сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Невремето „Даниел“ предизвика сериозни проблеми и материјална штета во поширокиот регион на областа Магнисиа, во кој припаѓа и градот Волос, а како што претходно објави МИА, едно лице утрово го загуби животот, а едно е исчезнато. Со помош на гумен чамец спасувачки екипи во Волос им пружаат помош на граѓаните, градоначалникот на градот упати апел да се избегнат непотребни движења, додека пак преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се во Волос и на Скиатос дека со одлука на полицијата забрането е движењето. Паралелно, проблеми има и во снабдувањето со електрична енергија, а во Волос поплавена е и болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/volos-i-skiatos-pod-voda-seriozni-problemi-od-nevremeto-vo-grtsija/feed/ 0
Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-eden-ischeznat-vo-poplavite-vo-grchkiot-grad-volos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-eden-ischeznat-vo-poplavite-vo-grchkiot-grad-volos/#respond Tue, 05 Sep 2023 08:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=874669

Едно лице го загуби животот, откако врз него паднал ѕид, а еден е исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина. Локалните медиуми од Волос објавија дека загинатиот е сточар на околу 70-годишна возраст, а животот го загубил откако бил поклопен од ѕид, што паднал поради лизгање на земјиштето, во моментите кога мажот се обидувал да стигне до делот во кој ги чува овците. Станува збор за прва жртва во Грција од невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата, а засега, најпогоден е градот Волос. Портпаролот на противпожарната служба на Грција, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека постојат информации за уште едно лице кое исчезнало со автомобилот и се трага по него. Од силното невреме поплавена е и болницата во градот, а поради поплавите во Волос до жителите, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака дека со одлука на полицијата забранет е сообраќајот во поширокиот дел на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-eden-ischeznat-vo-poplavite-vo-grchkiot-grad-volos/feed/ 0