Волстрит џурнал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 17:38:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Волстрит џурнал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Волстрит Џурнал: Разузнавањето на САД покажува дека милитанти од Газа стојат зад експлозијата на болницата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dhurnal-razuznavaneto-na-sad-pokazhuva-deka-militanti-od-gaza-stojat-zad-eksplozijata-na-bolnitsata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dhurnal-razuznavaneto-na-sad-pokazhuva-deka-militanti-od-gaza-stojat-zad-eksplozijata-na-bolnitsata/#respond Wed, 18 Oct 2023 17:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=890458

Разузнавањето на САД примило „високо доверливи“ сигнали што покажуваат дека експлозијата во болницата во појасот Газа вчера била предизвикана од групата милитанти Палестински исламски џихад, јави денеска весникот Волстрит џурнал повикувајќи се на американски службеници. Со ова се потврдуваат уверувањата на Израел дека земјата не е одговорна за смртоносната експлозија. Службениците укажале дека проценката на САД е заснована на пресретнати комуникации и друго разузнавање собрано од одбраната на САД. -Тековната проценка базирана на анализа на слики од воздух, пресретнати и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за експлозијата во болницата во Газа, изјави Адриен Ватсон, портпаролка на Националниот совет за безбедност на Белата куќа. Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за овој инцидент. -Сум во длабока жалост и гнев од експлозијата во болницата во Газа вчера и засновано на тоа што го имам видено изгледа дека е сторено од другиот тим, не од вас, изјави денеска претседателот Џо Бајден стоејќи со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Службениците истакнале дека Израел со САД споделиле своја независна разузнавачка проценка пред пристигањето на Бајден во Израел, делумно и во обид да ги отфрлат обвинувањата. Подоцна Бајден им кажа на новинарите дека изјавата е базирана на „податоци што ми беа покажани од Министерството за одбрана“. Од Пентагон упатија на Белата куќа. Арапските лидери продолжуваат да тврдат дека Израел е одговорен за експлозијата што според министерот за здравство на Газа, контролирана од Хамас, убила 471 лице.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dhurnal-razuznavaneto-na-sad-pokazhuva-deka-militanti-od-gaza-stojat-zad-eksplozijata-na-bolnitsata/feed/ 0
Стејт департмент: Новинарот на „Волстрит џурнал“ неправедно приведен во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-novinarot-na-volstrit-dhurnal-nepravedno-priveden-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-novinarot-na-volstrit-dhurnal-nepravedno-priveden-vo-rusija/#respond Tue, 11 Apr 2023 06:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=822695

Стејт департментот денеска оцени дека е утврдено оти Русија „неправедно го привела“ новинарот на Волстрит џурнал, Американецот Еван Гершкович, оценувајќи дека обвинувањата за шпионажа се лажни и дека се работи за политички случај. „Секретарот Ентони Бленкен денеска утврди дека Гершкович е незаконски приведен од Русија“, се наведува во соопштението. - Новинарството не е злосторство. Го осудуваме Кремљ за неговата континуирана репресија врз независните, слободоумни луѓе и руската војна против вистината, рече еден од портпаролите на Стејт департментот Ведант Пател. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 30 март објави дека Гершкович е уапсен под обвинение за собирање доверливи информации за руска воена компанија. Волстрит џурнал негираше дека Гершкович се занимавал со шпионажа, а Белата куќа ги нарече „смешни“ обвинувањата за шпионажа, кои во Русија се казнуваат со затвор до 20 години. Инаку, Блинкен и претходно го осуди притворањето на Гершкович под обвинение за шпионажа,. - Според мене, нема сомнеж дека тој е неправедно приведен од Русија, изјави претходно Блинкен. Но, Стејт департментот сепак го спроведе процесот за утврдување на фактите и денеска соопшти дека немало основа за негово приведување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-novinarot-na-volstrit-dhurnal-nepravedno-priveden-vo-rusija/feed/ 0
„Волстрит џурнал“: Во следните години можeн е вооружен конфликт меѓу големите сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-vo-slednite-godini-mozen-e-vooruzen-konflikt-megju-golemite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-vo-slednite-godini-mozen-e-vooruzen-konflikt-megju-golemite-sili/#respond Fri, 17 Dec 2021 07:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=609572

Експертот за безбедност, Ендрју Мишта, смета дека во следните пет години може да дојде до вооружен конфликт меѓу големите сили, пишува „Волстрит џурнал“. Според весникот, ризикот од конфронтација меѓу САД и Кина е многу поголем отколку претходно. Конфликтот може да ескалира во жешка фаза, на пример, поради спорот меѓу двете земји околу припадноста на Тајван. Мишта смета дека другите сили исто така би можеле да ги испровоцираат САД поради неподготвеноста на американската армија за таков формат на војна. Покрај тоа, на Пентагон ќе му требаат околу 15 години за да ја модернизира својата војска. Западот, смета тој, сега е во комплицирана ситуација поради брановите на миграција од Блискиот Исток и Северна Африка, епидемијата на коронавирусот и „културната револуција“, смета авторот. Според Мишта, сите овие фактори значително ги ослабнале САД, а тоа им дава можност на државите кои сакаат да го исфрлат Вашингтон од пиедесталот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-vo-slednite-godini-mozen-e-vooruzen-konflikt-megju-golemite-sili/feed/ 0
„Волстрит џурнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/#respond Tue, 08 Jun 2021 06:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=520307

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ. Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, според „Волстрит џурнал“, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19. Сепак, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот. Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19. Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени. Во таен извештај на разузнавачките служби на САД, што циркулираше за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца научници од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле болни и побарале болничка нега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-kovid-19-mozno-e-da-protekol-od-kineska-laboratorija-vo-vuhan/feed/ 0
„Волстрит џурнал“: САД повлекуваат ракетни системи од Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-povlekuvaat-raketni-sistemi-od-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-povlekuvaat-raketni-sistemi-od-bliskiot-istok/#respond Wed, 26 Sep 2018 11:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=106335

САД ќе повлечат противавионски и ракетни батерии од Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски воени претставници. Весникот посочува дека Пентагон следниот месец ќе повлече четири ракетни системи од Блискиот Исток. - Четири ракетни системи Патриот ќе бидат повлечени од Јордан, од Кувајт и од Бахреин, наведува „Волстрит џурнал“. Весникот, повикувајќи се на неименувани воени извори, наведува дека фокусот на американската армија од судирите на Блискиот Исток сега се пренасочува  на тензиите со Кина и со Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-povlekuvaat-raketni-sistemi-od-bliskiot-istok/feed/ 0
„Волстрит Џурнал“: САД наскоро ќе воведат царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-naskoro-kje-vovedat-carini-za-uvoz-na-chelik-i-aluminium-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-naskoro-kje-vovedat-carini-za-uvoz-na-chelik-i-aluminium-od-eu/#respond Thu, 31 May 2018 06:19:14 +0000 https://kurir.mk/?p=60347

САД наскоро ќе објават планови за воведување царини за челик и алуминиум од ЕУ, можеби уште денеска, пишува весникот „Волстрит џурнал“. Утре истекува рокот за привремените исклучоци кои ги направи САД за планираните увозни давачки за челик и алуминиум. Весникот се повикува на извори запознаени со ова прашање, според кои администрацијата на Трамп е подготвена да го остави крајниот рок за отстапките за ЕУ да истече. Според изворите, се уште е можно да се постигне договор во последен момент, но тоа е малку веројатно. На 23 март, претседателот на САД Доналд Трамп објави воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум, но направи привремени исклучоци за ЕУ, Канада, Мексико, Бразил, Австралија и Аргентина. ЕУ инсистира на тоа дека исклучувањето од царините треба да биде трајно, но еврокомесарот за трговија Сесилија Малмстром во вторникот изјави дека тоа е малку веројатно и додаде дека во најдобар случај очекува Американците да воведат некакви квоти за ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volstrit-dzurnal-sad-naskoro-kje-vovedat-carini-za-uvoz-na-chelik-i-aluminium-od-eu/feed/ 0