Волт Дизни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 08:26:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Волт Дизни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Дизни“ го прекина прикажувањето филмови во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-go-prekina-prikazuvanjeto-filmovi-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-go-prekina-prikazuvanjeto-filmovi-vo-rusija/#respond Tue, 01 Mar 2022 08:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=638444

Продукциската компанија „Волт Дизни“ вчера соопшти дека ги прекинува прикажувањето филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“ – „Црвената панда“ (Turning Red). Како причина ја наведоа „неиспровоцираната инвазија на Украина и трагичната хуманитарна криза“. -Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што е во развој. Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите партнери од невладини организации за да обезбедиме здавствена и друга хуманитарна помош, се вели во соопштението. Како што се наведува, „Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина. Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-go-prekina-prikazuvanjeto-filmovi-vo-rusija/feed/ 0
„Дизни” и Скарлет Јохансон постигнаа спогодба на суд https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-i-skarlet-johanson-postignaa-spogodba-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-i-skarlet-johanson-postignaa-spogodba-na-sud/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=571122

Компанијата „Волт Дизни“ и Скарлет Јохансон се спогодија околу судскиот спор околу дистрибуцијата на филмот на „Марвел“ – „Црната вдовица“. Јохансон ја тужеше компанијата, обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Глумицата сметаше дека оваа одлука ја лишува од можна заработка. Подробности од договорот засега не се откриваат. – Многу сум задоволен што успеавме да постигнеме заеднички договор со Скарлет Јохансон за спорот околу „Црната вдовица“. Го цениме нејзиниот придонес во кино-универзумот „Марвел“ и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на уште многу претстојни проекти, вклучувајќи ја и „Кулата на теророт“ (Tower of Terror), рече Алан Бергман, претставник на студиото „Дизни“. Скарлет исто така, е задоволна што успешно ги реши своите разлики со продукцискиот гигант и се радува на натамошната соработка. – Многу сум горда на работата што ја правевме заедно во текот на годиниве и многу сум среќна со мојот креативен однос со тимот на компанијата, вели таа во своето соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-i-skarlet-johanson-postignaa-spogodba-na-sud/feed/ 0
По Гугл и Фејсбук и компанијата „Волт Дизни“ со одлука за задолжителна вакцинација на вработените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-gugl-i-fejsbuk-i-kompanijata-volt-dizni-so-odluka-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-gugl-i-fejsbuk-i-kompanijata-volt-dizni-so-odluka-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite/#respond Sun, 01 Aug 2021 07:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=544548

„Волт Дизни“ стана најновата американска компанија што објави дека ќе бара целиот персонал да биде вакциниран против коронавирус, по слични најави од Гугл и Фејсбук. Во соопштението на фирмата се вели: Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани. Вработените кои се уште не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи и целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да дојде на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци “. Покрај тоа, сите нови вработени ќе треба да бидат целосно вакцинирани пред да започнат со работа, додаваат од компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-gugl-i-fejsbuk-i-kompanijata-volt-dizni-so-odluka-za-zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite/feed/ 0
Среќен роденден Пајо Патор https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/srekjen-rodenden-pajo-pator/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/srekjen-rodenden-pajo-pator/#respond Thu, 10 Jun 2021 06:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=521281

Во 1934 на денешен ден е „роден“ Пајо Паторот, еден од најпопуларните ликови во стриповите и анимираните филмови на американскиот цртач, филмски аниматор и продуцент Волт Дизни. Пајо е бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала. Најчесто е облечен во морнарска маичка и капа, но без панталони (освен кога оди на пливање). Се вели дека во Финска бил цензуриран бидејќи не носи панталони, но тоа е само една урбана легенда. Според цртаниот филм Donald Gets Drafted (1 мај 1942), неговото целосно име во оригиналот е Donald Fauntleroy Duck. Прв пат се појавил во цртаниот филм кој носи наслов Паметна мала кокошка. Ликот е познат по тоа што поседува само делумно разбирлив глас, развиен од оригиналниот изведувач на Доналд, Кларенс Неш. Гласовниот актер произведува звуци принудувајќи воздух преку устата со помош на мускулите на образот, наместо од белите дробови како во типичен говор. Неш, наводно, првично го развил гласот како глас на „нервозна коза“ пред Волт Дизни да го протолкува дека звучи како патка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/srekjen-rodenden-pajo-pator/feed/ 0
„Дизни“ отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-otpushta-32-000-vraboteni-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-otpushta-32-000-vraboteni-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 26 Nov 2020 09:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=434646

Компанијата „Волт Дизни“ вчера објави дека ќе отпушти 32.000 работници во првата половина на 2021 година. Тоа, пред сѐ – кај оние кои се вработени во тематските паркови. Компанијата претходно, во септември објави дека наскоро може да има 28.000 отпуштања на вработени поради намалениот број посетители при пандемијата. Тематските паркови на „Дизни“ во Флорида и оние надвор од САД, повторно се отворени, но со воведени строги мерки на физичко растојание, често тестирање на вработените и задолжително носење заштитни маски. Така, во овие комплеккси не е забележано повторно некое поголемо жариште на вирусот. Но, Франција повторно воведе карантин на национално ниво кон крајот на минатиот месец, поради зголемениот број заразени, па Дизнилендот во Париз, исто така, е затворен. Тематските паркови во Шангај, Хонг Конг и Токио сѐ уште се отворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-otpushta-32-000-vraboteni-poradi-koronavirusot/feed/ 0
„Дизни“ укинува 28.000 работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-ukinuva-28-000-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-ukinuva-28-000-rabotni-mesta/#respond Wed, 30 Sep 2020 06:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=410365

Компанијата „Волт Дизни“ намалува работни места за 28.000 вработени во своите забавни објекти во САД. Ова е најновиот сигнал дека патувањата ќе бидат со потешкотии во земјата долго време. Намалувањето влијае на тематските паркови на компанијата, крузери и трговијата на мало, соопштија од Дизни. Тие вклучуваат и менаџери, иако 67 проценти од отпуштените се со скратено работно време. Дизни нуди бенефиции за технолошкиот вишок, вклучително и 90-дневни услуги за барање работа. Повеќе од 100.000 луѓе работеа во парковите на Дизни пред пандемијата. Нејзината работна сила изнесуваше 223.000 на крајот на минатата фискална година. Кризата со Ковид-19 ги ​​затвори парковите на Дизни низ целиот свет. Иако одморалиштата во другите области се повторно отворени – вклучително и Флорида, во јули – Дизни се уште нема добиено дозвола за повторно започнување со работа во своите два тематски парка во Анахајм, Калифорнија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dizni-ukinuva-28-000-rabotni-mesta/feed/ 0
Том Хенкс преговара за улогата на Џепето во „Пинокио“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tom-henks-pregovara-za-ulogata-na-dzepeto-vo-pinokio/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tom-henks-pregovara-za-ulogata-na-dzepeto-vo-pinokio/#respond Thu, 06 Aug 2020 08:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=387032

Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“, и тоа како дрводелецот Џепето. Класичната приказна е на писателот Карло Колоди, а цртаниот филм „Пинокио“ на „Волт Дизни“ излезе 1940 година. Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма. Сценариото е на Сајмон Фарнаби. Филмот е во претпродукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tom-henks-pregovara-za-ulogata-na-dzepeto-vo-pinokio/feed/ 0
„Дизни“ повторно ги одложува премиерите на своите филмови https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-povtorno-gi-odlozuva-premierite-na-svoite-filmovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-povtorno-gi-odlozuva-premierite-na-svoite-filmovi/#respond Fri, 24 Jul 2020 09:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=380720

Компанијата „Волт Дизни“ повторно ги одложи премиерите на три големи филма, што е уште еден удар врз филмската индустрија, која се бори да ја преживее пандемијата. Прикажувањата на новите филмови „Аватар“ и „Војна на Sвездите“ се одложува за една година, односно соодветно – за 2022. и 2023 година. А пак, „Мулан“ отпадна од летниот распоред на хит-премиери годинава – новиот термин е крајот на август. Зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во САД и светското влијание врз филмската индустрија изискуваат коренити промени во стратегијата, велат од компанијата. – Стана јасно дека ништо не може да се направи кога станува збор за оваа светска здравствена криза. Денес тоа значи да се запрат сите наши планови за веќе закажаната премиера на „Мулан“, поради проценките за тоа како најдобро да се претстави филмот пред публиката низ целиот свет, изјави гласноговорникот на „Дизни“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dizni-povtorno-gi-odlozuva-premierite-na-svoite-filmovi/feed/ 0
„Волт Дизни“ на 20 мај го отвора својот забавен и шопинг комплекс на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/#respond Sun, 17 May 2020 10:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=346884

Компанијата „Волт Дизни“ на 20 мај ќе го отвори забавниот и трговски комплекс „Дизни Спрингс“ во рамките на дизниевото светско одморалиште на Флорида, јавија британските медиуми. Компанијата „Волт Дизни“ и работничките синдикати од филијалата на Флорида постигнаа договор за правилата чија првична цел ќе биде заштита на вработените од заразата со коронавирусот, што ќе бидат во сила кога ќе се отвори комплексот, соопштија од синдикатот. Раководството на компанијата наведува дека „Дизни Спрингс“ ќе биде отворена следната недела, а подоцна, во текот на месецот, ќе се отворат уште три продавници и објекти во сопственост на „Дизни“. Тематските паркови и хотели ќе останат привремено затворени некое време, но другите објекти постепено ќе се отвораат. За да се спречи ширење на коронавирусот компанијата ќе воведе задолжително почитување на заштитните мерки, како и промени во начинот на водење на бизнисот. Плаќањата во објектите ќе се вршат со картички, на вработените ќе им се мери телесната температура и ќе имаат обврска да ги покријат устата и носот, ќе треба да се почитуваат мерките за социјално растојание, а ќе биде засилена и хигиената и дезинфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/feed/ 0
Дизни доби нов директор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dizni-dobi-nov-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dizni-dobi-nov-direktor/#respond Wed, 26 Feb 2020 08:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=308893

Генералниот директор на Волт Дизни – Боб Ајгер неодложно ја напушта позицијата, соопштија денеска оттаму. Компанијата како негова замена, го именуваше Боб Чапек. Тој доскоро беше раководител на Дизни парковите. Познавачите истакнуваат дека овој потег е неочекуван, оти Ајгер ја водеше фирмата низ успешната купопродажба на „Војна на ѕвездите“, „Марвел“ и дел од забавната програма на Фокс. Тој ќе остане во компанијата како раководител на креативниот сектор до истекот на договорот на 31 декември 2021 година. Чапек е седми генерален директор во историјата на Дизни. Ајгер беше назначен за генерален директор на компанијата 2005 година, наследувајќи го долгогодишниот шеф Мајкл Ајснер. Во 2018., Ајгер беше втор најплатен генерален директор со заработени 65,5 милиони долари, по Дејвид Заслав од Дискавери кој заработи 129,5 милиони долари. Независната директорка на управниот одбор на Дизни, Сузан Арнолд рече дека неколку години се планирала смена на врвот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dizni-dobi-nov-direktor/feed/ 0