вонреден надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 15:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонреден надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот Меџити иницираше вонреден надзор во Клиничката болница Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-initsirashe-vonreden-nadzor-vo-klinichkata-bolnitsa-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-initsirashe-vonreden-nadzor-vo-klinichkata-bolnitsa-bitola/#respond Mon, 17 Jul 2023 15:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=857422

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола. -Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог. -Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изјавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-medhiti-initsirashe-vonreden-nadzor-vo-klinichkata-bolnitsa-bitola/feed/ 0
Извршен вонреден надзор во предметите поврзани со работата на Општина Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:23:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855294

Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Во текот на работата, Комисијата имаше увид во вкупно 30-тина заведени предмети од кои најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети Комисијата испрати укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување. Основното јавно обвинителство Струга води четири предмети против наведеното лице оформени од почетокот на годинава, а постапува и во 2 предмети во предистрага од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга. За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има во работа вкупно 5 предмети (2 во РО и 3 во КО уписник). Меѓу нив е и предметот со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија, и во кој е донесена Резолуција за еден дел од наводите, меѓутоа останатиот дел се уште е предмет на проверки. На надлежниот јавен обвинител му се дадени насоки за натамошно постапување во овој предмет. Вишото јавно обвинителство Битола доби насока во следниот период да врши зачестени контроли и да го следи постапувањето во сите предмети против избрани и именувани лица во основните јавни обвинителства во своја надлежност. За време на извршениот надзор, членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства. Исто така, на јавните обвинители уште еднаш им беше посочена и огромната важност за транспарентност и отчетност при водењето на сите постапки од интерес на јавноста. Под обврска да се води од начелото на пресумпција на невиност, Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека во сите активни предмети против наведеното лице ќе бидат преземени неопходните дејствија и ќе бидат испитани сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон. Имајќи ги предвид наодите од извршениот надзор, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе повеќе дополнителни мерки со цел јакнење на отпорноста на јавнообвинителскиот систем и ажурноста на јавнообвинителското постапување: а) Писмено укажување до сите Виши и основни јавни обвинителства за ажурирање на постапувањето во сите предмети, особено во предметите кои се однесуваат на кривични дела од областа на корупцијата и во предметите кои се однесуваат на избрани и именувани функционери. б) Писмено укажување до Вишите јавни обвинителства за задолжителна контрола на постапувањето по предметите против избрани и именувани лица при секој редовен надзор во основите јавни обвинителства во нивна надлежност. в) Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе иницира средба со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и други надлежни органи и институции, со цел активирање на национален фронт за борба против корупцијата. Во рамките на своите надлежности како орган кој раководи со истражната постапка, Јавното обвинителство ќе им даде конкретни насоки на останатите институции од правосудната полиција за динамизирање на нивните постапки, ќе инсистира на соработка и ќе побара сите други институции да одговорат со максимални напори и вложувања во борбата против криминалот. г) Ќе се иницира средба со Здружението на јавните обвинители за да се разгледа можноста да се воспостави канал за пријавување на обиди за притисоци и влијанија врз јавни обвинители. Со тоа ќе се отвори можност за пријавување и од граѓаните, од другите институции, но и од самите јавни обвинители, а обвинителството ќе воспостави механизми за проверка на ваквите наводи. Во овој процес ја очекуваме поддршката од јавноста, но и од меѓународните институции и организации кои ја следат нашата работа. Толеранција на какви било облици на криминал нема и нема да има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/feed/ 0
Вонреден инспекциски надзор откако двегодишно дете излегло само од градинката „Детска радост“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-otkako-dvegodishno-dete-izleglo-samo-od-gradinkata-detska-radost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-otkako-dvegodishno-dete-izleglo-samo-od-gradinkata-detska-radost/#respond Fri, 23 Jun 2023 15:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=849068

Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за наводно исчезнување на дете од градинката „Детска Радост“ во општина Гази Баба информира дека е контактирано со директорката на градинката и дека на негувателката и е издадена писмена опомена. -Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за кои пишуваат медиумите, за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, а во насока на целосна и точна информација и расветлување за настанот, информира дека е запознаено со случајот и од комуникацијата со директорката на предучилишната установа, информираме дека истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено веднаш од родител во згрижувачката група, наведува МТСП во денешното соопштение. Согласно ингеренциите на директорката на градинката, како што е посочено во соопштението, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. -Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето, велат од МТСП. Оттаму посочуваат дека инспекциските служби на МТСП ќе извршат вонреден инспекциски надзор согласно нивните ингеренции, за утврдување на фактичката состојба за настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-otkako-dvegodishno-dete-izleglo-samo-od-gradinkata-detska-radost/feed/ 0
Вонреден инспекциски надзор по пожарот во РЕК Осломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-po-pozarot-vo-rek-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-po-pozarot-vo-rek-oslomej/#respond Sun, 25 Dec 2022 14:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=780285

Денеска е направен вонреден инспекциски надзор на лице место од страна на Државниот инспекторат за животна средина по добиена информација за пожар во РЕК Осломеј. Инспекторатот бил повикан од граѓаните откако синоќа изби пожар откако се запали јаглен во просторијата кај турбините во термоелектраната и се почувствува зголемено загадување на воздухот во околината на Кичево. „При надзорот се состави Записник за констатација при што се констатира дека во РЕК Осломеј термоелектраната, настанат е пожар на 24.12 околу 20:15 часот, истиот е локализиран (според изјава на директорот на Термоелектраната) околу 21:15 часот. Причина за настаниот пожар е поголемета количина на шљака која била собрана во печката и при излез во одшљакивачот била прелеана до местото каде се наоѓа јагленот при што е дојдено до појава на опожарување на истиот и пожар. Поради безбедносни причини Блокот бил веднаш исклучен“, информира ДИЖС. Блокот ќе се рестартира откако ќе се направи детална проверка на настаната штета и откако ќе се санираат настанатите оштетувања кои веројатно ќе потраат неколку денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-po-pozarot-vo-rek-oslomej/feed/ 0
Инспекторатот утврдил дека 4 деца со дијабетес матичните лекари ги воделе согласно медицина базирана на докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-utvrdil-deka-4-deca-so-dijabetes-matichnite-lekari-gi-vodele-soglasno-medicina-bazirana-na-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-utvrdil-deka-4-deca-so-dijabetes-matichnite-lekari-gi-vodele-soglasno-medicina-bazirana-na-dokazi/#respond Mon, 30 Jul 2018 10:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=82714

На четирите деца со дијабетес мелитус тип 1 од кои две од Охрид, и по едно од Гевгелија и Свети Николе, за првпат им е дијагностицирана болеста по последното влошување на нивната здравствена состојба поврзана со нивната хоспитализација во клиниките во Скопје. Ова го констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по извршениот вонреден инспекциски надзор кај матичните доктори на децата. Од ДСЗИ соопштија дека од првичниот увид во медицинската документација водена за децата, костатирале дека сите посети на децата кај матичените лекари како и посетите во останатите здравствени установи, главно се уредно евидентирани. Водењето на децата од страна на матичните лекари, како и од страна на здравствените работници во болничките установи, како што се наведува, е согласно упатствата и протоколите за медицина базирана на докази. Од Клиниката за детски болести, пак, посочуваат дека дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот, при што доаѓа до комлетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија. Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата. Република Македонија спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабетес кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболени, што е во согласност со светските трендови, стои во соопштението на ДСЗИ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektoratot-utvrdil-deka-4-deca-so-dijabetes-matichnite-lekari-gi-vodele-soglasno-medicina-bazirana-na-dokazi/feed/ 0