вонреден самит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 15:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонреден самит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мишел закажа вонреден самит на ЕУ за Украина кон крајот на мај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zakaza-vonreden-samit-na-eu-za-ukraina-kon-krajot-na-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zakaza-vonreden-samit-na-eu-za-ukraina-kon-krajot-na-maj/#respond Fri, 08 Apr 2022 15:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=660486

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска најави дека кон крајот на мај ќе се одржи вонреден самит на земјите-членки на ЕУ што ќе биде посветен на одбраната, енергијата и на Украина. „Како што разговаравме во Версај и за време на последниот Европски совет, специјален состанок на Европскиот совет ќе се одржи на 30 и 31 мај. Одбраната, енергијата и Украина се на дневен ред“, напиша Мишел на Твитер. Последниот вонреден самит на ЕУ за Украина се одржа на 24 февруари, денот кога Русија го почна отворениот и неиспровоциран напад врз Украина. Состанокот беше свикан откако Русија ја призна независноста на украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mishel-zakaza-vonreden-samit-na-eu-za-ukraina-kon-krajot-na-maj/feed/ 0
Почнува вонредниот самит на НАТО во Брисел, Столтенберг: Решени сме да продолжиме да вршиме притисок врз Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-vonredniot-samit-na-nato-vo-brisel-stoltenberg-resheni-sme-da-prodolzime-da-vrshime-pritisok-vrz-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-vonredniot-samit-na-nato-vo-brisel-stoltenberg-resheni-sme-da-prodolzime-da-vrshime-pritisok-vrz-rusija/#respond Thu, 24 Mar 2022 10:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=652496

Нешто по 10:00 часот во седиштето на Алијансата во Брисел почна вонредниот самит на лидерите на земјите членки на НАТО, а меѓу 30-те лидери е и американскиот претседател Џозеф Бајден. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им рече на присутните дека се собрале во „критичен безбедносен момент“ и истакна дека сите се обединети во осудата на „неиспровоцираната агресија на Кремљ“ и поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. - Решени сме да продолжиме да наметнуваме притисок врз Русија со цел да се стави крај на оваа брутална војна. Ја почитуваме храброста на украинскиот народ и армија во борбата за слобода и права. Ја препознаваме и храброста на оние во Русија кои храбро зборуваат против војната - рече Столтенебрег на почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-vonredniot-samit-na-nato-vo-brisel-stoltenberg-resheni-sme-da-prodolzime-da-vrshime-pritisok-vrz-rusija/feed/ 0
Вонреден самит на НАТО следниот четврток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-nato-sledniot-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-nato-sledniot-chetvrtok/#respond Tue, 15 Mar 2022 18:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=647755

Брисел, 15 март 2022 (МИА) – Лидерите на НАТО ќе се состанат во Брисел на 24 март за да разговараат за рускатаа инвазија врз Украина. Тоа го објави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг преку Твитер. „Свикав вонреден самит за 24 март во седиштето на НАТО“, напиша Столтенберг. Тој додаде дека темите ќе бидат нападот на Русија врз Украина, силната поддршка за таа земја, како и натамошното зајакнување на Алијансата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-nato-sledniot-chetvrtok/feed/ 0
Вонреден самит на земјите од Западна Африка заради кризата во Мали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/#respond Mon, 31 May 2021 06:10:51 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517046

Лидерите на регионалната Економска заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) синоќа се собраа во Гана на вонреден самит заради Мали, бидејќи последната политичка криза во оваа земја ја загрозува нејзината стабилност. Самитот го отвори претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо, која рече дека ЕКОВАС „мора да остане решен да го поддржува народот во Мали на патот кон изнаоѓање мирно решение и враќање на демократијата и стабилноста во земјата“. Уставниот суд на Мали во петокот го назначи полковник Асими Гоита за шеф на владата, неколку дена откако тој ја презеде власта со воен удар, принудувајќи ги привремениот претседател и премиерот да си поднесат оставки. Двајцата, кои во понеделникот беа уапсени од армијата, на највисоките државни позиции беа назначени по воениот удар од август 2020 година, предводен исто така од Гоита, против поранешниот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита. Тогаш беше формирана преодна влада, со Гоита како заменик претседател на државата, а изборите беа договорени за февруари и март 2022 година. По преземањето на власта минатата недела, Гоита изјави дека изборите ќе се одржат според планот, но засега е нејасно каква улога ќе има армијата во владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-zemjite-od-zapadna-afrika-zaradi-krizata-vo-mali/feed/ 0
Европската унија ќе има вонреден самит на 25 и 26 февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-kje-ima-vonreden-samit-na-25-i-26-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-kje-ima-vonreden-samit-na-25-i-26-fevruari/#respond Wed, 03 Feb 2021 21:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=463886

Шефовите на држави и влади на Европската унија (ЕУ) на 25 и 26 февруари ќе одржат вонреден онлајн самит посветен на здравството, одбраната и безбедноста, соопшти денеска Европскиот совет (ЕС). Самитот ќе почне на 25 февруари со седница посветена на координација за Ковид-19, а на вториот ден ќе се дебатира за безбедноста и одбраната. Дипломатски извори истакнаа дека на 25 февруари ќе се разговара за планот на Европска комисија до 2023 година да се формира нов орган Здравствена унија, која би била еквивалент на американското Тело за одговор при итна здравствена (Health Emergency Response Authority). На самитот е предвидено да се дебатира и за трансатлантските односи по доаѓањето на власт на новиот претседател на САД, Џо Бајден, како и за односите на ЕУ со Турција и со Русија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-unija-kje-ima-vonreden-samit-na-25-i-26-fevruari/feed/ 0
Вонреден самит на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu/#respond Thu, 01 Oct 2020 05:29:30 +0000 https://kurir.mk/?p=410834

Лидерите на ЕУ27 денеска и утре ќе се состанат на вонреден самит во Брисел за да разговараат за надворешната и безбедносната политика, како и за зајакнување на економската политика на ЕУ. – Ќе се фокусираме на местото на Европа во светот и нашата способност да ја обликуваме сопствената судбина, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Самитот на ЕУ27 почнува во 15 часот со дискусија за односите меѓу ЕУ и Кина и соработката за решавање на најголемите глобални предизвици како што се пандемијата на Ковид-19 и климатските промени. ЕУ потенцира дека ќе продолжи да ги промовира европските вредности и стандарди во односите со Пекинг, како и дека ќе инсистира на порамномерни и реципрочни економски односи. Покрај Кина, на маса во Брисел ќе бидат и ситуацијата во Белорусија, труењето на Алексеј Навални и ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах. Се очекува лидерите на ЕУ да постигнат политички договор за воведување санкции за одговорните за насилството по претседателските избори во Белорусија. Консензусот за санкциите на ЕУ во моментов е блокиран од Кипар, кој ја условува неговата согласност за санкции против Турција поради нејзините активности во источниот Медитеран. Односите меѓу ЕУ и Турција ќе бидат тема на денешната вечера на лидерите на ЕУ. – Нашата цел е да создадеме простор за конструктивен дијалог со Турција со цел да се постигне стабилност и безбедност во целиот регион и да се обезбеди целосно почитување на суверенитетот и суверените права на сите земји-членки на ЕУ. Ова ќе биде можно само ако Турција се вклучи конструктивно. Сите опции остануваат на масата за одбрана на легитимните интереси на ЕУ и нејзините земји-членки, се наведува во Брисел. Вториот ден од самитот на ЕУ-27 ќе биде посветен на економската стратегија на ЕУ, со акцент на тоа дека ЕУ може да биде силна на меѓународна сцена само доколку има еластична и иновативна економска основа. Лидерите ќе разговараат за отклучување на целосниот потенцијал на единствениот пазар, развој на амбициозна индустриска политика и искористување на можностите што ги нуди развојот на дигиталните технологии. На крајот од самитот на ЕУ27 во Брисел, лидерите ќе разменат информации за преговорите со Велика Британија, кои треба да бидат готови до крајот на оваа година, по што новите и регулирани односи меѓу двете страни ќе стапат во сила на 1 јануари 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-samit-na-eu/feed/ 0
Макрон и Си сакаат вонреден самит на Г20 за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-si-sakaat-vonreden-samit-na-g20-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-si-sakaat-vonreden-samit-na-g20-za-koronavirusot/#respond Mon, 23 Mar 2020 19:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=320963

Францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот Си Џинпинг денеска телефонски се согласија за одржување вонреден самит на Г20 за здравствените и економските аспекти од кризата со коронавирусот, јави дописникот на МИА. Двајцата претседатели се согласија дека одржувањето на ваков самит ќе биде корисно, особено на здравствен план, со вклучување на СЗО, за да работат заедно на третмани и вакцини и на економски план (стабилизација на светската економија преку координирани буџетски и монетарни мерки, поддршка за најранливите држави) , посочи француското претседателство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-si-sakaat-vonreden-samit-na-g20-za-koronavirusot/feed/ 0
Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-procenija-deka-nema-dovolen-napredok-za-bregzit-za-da-se-svika-vonreden-samit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-procenija-deka-nema-dovolen-napredok-za-bregzit-za-da-se-svika-vonreden-samit/#respond Thu, 18 Oct 2018 06:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=116507

Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ. -Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на  работната вечер на лидерите. -Лидерите се подготвени да го свикаат Европскиот совет ако и кога главниот преговарач на ЕУ извести дека е направен голем напредок. Засега 27-те членки не планираат да одржат вонреден самит на врвот по Брегзит во ноември, рече изворот. Лидерите на 27-те го повикаа главниот преговарач Мишел Барние да продолжи со своите напори да се постигне договор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-eu-procenija-deka-nema-dovolen-napredok-za-bregzit-za-da-se-svika-vonreden-samit/feed/ 0