вонреден состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 06:16:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонреден состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вонреден лидерски состанок на НАТО за ситуацијата во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-liderski-sostanok-na-nato-za-situacijata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-liderski-sostanok-na-nato-za-situacijata-vo-ukraina/#respond Thu, 24 Mar 2022 06:39:46 +0000 https://kurir.mk/?p=652359

Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија, јави дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса пристигнаа вчера во Брисел за денешниот вонреден самит на НАТО. Тие ќе разговараат за состојбата во Украина, еден месец по стартот на војната, зајакнувањето на одбраната на НАТО членките, но и улогата на Кина во оваа криза, најави вчера генералниот секретар Јенс Столтенберг. Како што најави Столтенберг вчера лидерите ќе разговараат за испраќање нови борбени групи на истокот на Алијансата, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија, кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија. НАТО јасно стави на знаење дека секој напад врз нејзина земја членка веднаш ќе го активира членот пет на Алијансата и ќе доведе до одговорот на сите останати земји на Алијансата. Но, НАТО и натаму нема намера да влегува во конфликтот помеѓу Русија и Украина, ниту преку затворање на небото над Украина, ниту преку испраќање трупи. Дополнителна помош ќе му биде испратена на Киев за да се справи со руските напади. Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да се вклучи на состанокот преку видео врска и да им се обрати на 30-те земји. Познато е дека Киев бара од НАТО да го обезбеди небото над Украина, но за најголемиот број земји на Алијансата ваков чекор е незамислив бидејќи тоа би значело директен судир со Русија, а со тоа и можна војна на целиот континент. Генералниот секретар предупреди дека одлуките што НАТО ќе ги донесе денеска ќе имаат далекусежни последици, а од владите на земјите членки ќе се бара да ги зголемат воените трошоци. Денеска и утре во Брисел се одржуваат и лидерски состаноци на ЕУ и на Г7 групата, каде ќе се придружи и американскиот претседател. За сите Украина и одговорот на Западот е главна тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-liderski-sostanok-na-nato-za-situacijata-vo-ukraina/feed/ 0
Вонреден состанок на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-sostanok-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-sostanok-na-nato/#respond Wed, 16 Mar 2022 09:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=648070

Министрите за одбрана повторно се состануваат во Брисел денеска на вонреден состанок, a на дневен ред е засилувањето на НАТО на истокот, можна мировна мисија, и заштитата на украинското небо, јавува дописничката на МИА од Брисел. Овој нов вонреден состанок на земјите членки на НАТО ќе започне со седница на која ќе земат учество министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска и Финска, по што 30-те земји членки ќе разговараат за најголемите предизвици со кои се соочува Северноатлантската Алијанса, три недели по почетокот на руската инвазија на Украина. На пристигнување во седиштето на НАТО во Брисел утрово, некои министри за одбрана на земји членки ги изразија своите ставови пред новинарите. Велика Британија порача дека денеска ќе се разговара за полскиот предлог за испраќање на меѓународна мировна мисија во Украина, но дека претходно треба да се соберат сите детали за овој предлог. Естонскиот министер за одбрана од своја страна не ја исклучи оваа опција но нагласи дека за тоа ќе биде потребно зелено светло од Советот за безбедност на Обединетите Нации. Други земји членки сепак сметаат дека е рано за ваква мисија и дека е прво потребен прекин на огнот. Она за што се согласни сите 30 земји членки е дека ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина и ќе продолжат да и помагаат на сите можни начини, финансиски, хуманитарни или воени, истовремено засилувајќи го присуството и подготвеноста на Алијансата во источниот дел. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека мора НАТО да направи сѐ овој конфликт да не ескалира надвор од Украина. -НАТО одговори на бруталната инвазија на Украина на единствен и брз начин, наметна строги санкции врз Русија, пружа значителна воена, финансиска и хуманитарна помош и ја засилува колективната одбрана со зајакнување на трупите и зголемена подготвеност, рече шефот на Алијансата. Тој им се заблагодари на САД за нивната улога во зајакнувањето на колективната одбрана на Европа преку испраќање нови трупи. Американскиот државен секретар за одбрана, Лојд Остин, од своја страна увери дека членот пет на НАТО е цврст и дека во случај на напад врз една земја членка на НАТО, ќе одговори целата Алијанса. Во овој контекст на денешниот состанок земјите на НАТО ќе разговараат и за дронот кој падна во Загреб. Вчера Столтенберг порача дека ова беспилотно летало било невооружано, а НАТО членките чекаат да соберат повеќе детали за овој инцидент пред да одлучат како и дали ќе одговорат. Конечно некои земји повторно на маса ќе го стават прашањето за забрана на летови над украинското небо, или no-fly zones (НФЗ). Оваа иницијатива нема поддршка од САД, ниту од повеќето големи земји членки на НАТО, но естонскиот министер за одбрана, Кале Ланет, не исклучи промена во ставовите. -Има разни ставови на оваа тема, државите кои можат да вршат контрола врз НФЗ треба да дискутираат за ова, треба да најдеме консензус, рече тој и истакна дека во НАТО може брзо да се променат ставовите. – Видовме колку бргу се менуваат одлуките, рече шефот на естонската одбрана, тоа значи дека никогаш не се знае колку брзо може да се промени одлуката за НФЗ. Стравот во НАТО е дека доколку се прогласи зона на забрането летање, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија и ризик од војна на целиот континент, хипотеза што Естонецот ја отфрли, но без повеќе детали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonreden-sostanok-na-nato/feed/ 0
Дендиас в петок ќе се сретне со Помпео и ќе учествува на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-v-petok-kje-se-sretne-so-pompeo-i-kje-uchestvuva-na-vonredniot-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-prashanja-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-v-petok-kje-se-sretne-so-pompeo-i-kje-uchestvuva-na-vonredniot-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-prashanja-na-eu/#respond Wed, 12 Aug 2020 09:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=389624

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас в петок, во Виена ќе се sретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, истиот ден, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина. Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања. Истиот ден, Дендиас ќе учествува и на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните актвности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-v-petok-kje-se-sretne-so-pompeo-i-kje-uchestvuva-na-vonredniot-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-prashanja-na-eu/feed/ 0
Атина ќе побара вонреден состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-kje-pobara-vonreden-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-raboti-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-kje-pobara-vonreden-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-raboti-na-eu/#respond Tue, 11 Aug 2020 10:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=389226

Шефот на грчката дипломатија да побара вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, било одлучено на денешната средба на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министерот за надворешни работи Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е поради последните тензии во грчко-турските односи околу бродот „Оруч Рејс“ за кој Грција смета дека е во нејзиниот континентален гребен. Министерот за надворешни работи на Грција, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат со кој, како што напиша Дендиас на „Твитер“, разговарале за „развојот на настаните во Источен Медитеран и за турските нелегални активности“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што претходно објави МИА денеска телефонски ќе ги информира лидерите на политичките партии, а рано утрово веќе разговараше со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и ја информираше за последните случувања во Источниот Медитеран. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-kje-pobara-vonreden-sostanok-na-sovetot-za-nadvoreshni-raboti-na-eu/feed/ 0