вонредна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 06:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Рекордни 51,5 милијарди долари потребни за вонредна помош за наредната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-rekordni-51-5-milijardi-dolari-potrebni-za-vonredna-pomosh-za-narednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-rekordni-51-5-milijardi-dolari-potrebni-za-vonredna-pomosh-za-narednata-godina/#respond Thu, 01 Dec 2022 06:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=769211

Обединетите нации соопштија дека за итна помош на населението низ светот наредната година ќе бидат потребни рекордни 51,5 милијарди долари, што е 25 проценти повеќе отколку во тековната 2022 година. „Следната година хуманитарната програма ќе биде најголемата што светот ја има видено“, изјави во Женева шефот за помош на Обединетите нации, Мартин Грифитс. Според прогнозите на ОН, рекордни 339 милиони луѓе се очекува да имаат потреба од хуманитарна помош следната година. „Хуманитарните потреби се шокантно високи, бидејќи годинешните екстремни настани се прелеваат во 2023 година“, рече Грифитс. Тој посочи дека смртоносни суши и поплави предизвикуваат хаос во заедниците од Пакистан до Рогот на Африка, војната во Украина претвори дел од Европа во бојно поле, повеќе од сто милиони луѓе сега се раселени ширум светот, и сето тоа после пустошот што пандемијата го остави меѓу најсиромашните во светот. Од Канцеларијата за итна помош на ОН уште е појаснето дека најмалку 222 милиони луѓе во 53 земји се соочуваат со акутна несигурност на храна, додека 45 милиони луѓе во 37 земји се изложени на реална опасност од глад.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-rekordni-51-5-milijardi-dolari-potrebni-za-vonredna-pomosh-za-narednata-godina/feed/ 0