вонредна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 08:07:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вонредна седница во Делчево за штетите од невремето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/#respond Fri, 09 Jun 2023 08:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=843926

Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. Како што информираше претседателот на Советот, Гоце Попов на седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево. На седнцата ќе биде доднесена одлука за формирање комисија за проценка на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети. Воедно од утрово продолжија активностите за санирање на штетите на поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно таботат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оптетените коловози на неколку улици, со цел да се преземат мерки за итно санирање на штетите. Телефонскиот број 193 е и понатаму останува отворен за пријавување проблеми за интервенции од сттана на ТППЕ Делчево. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е во постојана координација со сите надлежни институции и притоа изрази благодарност за поддршката и помошта во опрема која пристигна од повеќе општини и истакна дека се преземат сите мерки за враќање на градот во нормала и санирање на штетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/feed/ 0
Бугарскиот Парламент на вонредна седница ќе решава за оставката на министерот за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-na-vonredna-sednica-kje-reshava-za-ostavkata-na-ministerot-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-na-vonredna-sednica-kje-reshava-za-ostavkata-na-ministerot-za-odbrana/#respond Tue, 01 Mar 2022 06:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=638344

За оставката на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев денеска ќе се гласа на вонредна седница на Парламентот, јави дописникот на МИА од Софија. Оставката ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека ниту еден министер во Владата нема право на своја надворешна политика, особено на Фејсбук. Повод за неговата изјава беше објава на Јанев во неделата, по што премиерот беше дециден дека ниту еден министер нема право да каже дека бугарската Влада се потпира на него. Петков коментираше дека Стефан Јанев не може да нарече „операција“ нешто во кое загинаа толку многу луѓе, а некои од нив останаа без покрив над главата и спиеја во метро станиците во Киев и Харков. Петков потсети дека коалицискиот договор предвидува секоја партија да одговара за своите министри, додека генерално владата е одговорност на бугарскиот премиер. Тој иницираше свикувањето на вонредна седница на Националното собрание на која ќе се гласа за оставката на Јанев поради комплицираната ситуација поврзана со Украина. Ова ќе биде прва оставка во новата бугарска влада откако е избрана кон средината на декември минатата година. За нов министер за одбрана на Бугарија е предложен Тодор Тагарев, кој веќе еднаш ја извршуваше оваа функција во преодната влада на Марин Рајков во 2013 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-na-vonredna-sednica-kje-reshava-za-ostavkata-na-ministerot-za-odbrana/feed/ 0
Совет за безбедност на ОН: САД и сојузниците ја осудија Русија поради Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/#respond Tue, 22 Feb 2022 07:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=634613

САД и нивните сојузници за време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, го осудија признавањето на областите под контрола на бунтовниците во Украина од страна на Владимир Путин и распоредувањето војници, оценувајќи како грубо кршење на меѓународното право и „изговор за војна”. Во своето обраќање на седницата, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд го одби тврдењето на Путин дека руските трупи ќе преземат мировна улога во областите Доњецк и Луганск. – Тој ги нарекува мировници. Ова нема никаква смисла. Знаеме што се тие навистина, истакна Томас-Гринфилд. Амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислицја инсистираше на тоа дека границите на неговата земја остануваат „непроменливи” и покрај дејствијата на Русија. – Москва се уште е „отворена за дипломатско решение”, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја. – Сепак, да дозволиме ново крвопролевање во Донбас е нешто што немаме намера да го направиме, додаде тој, мислејќи на регионот што ги опфаќа Доњецк и Луганск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-za-bezbednost-na-on-sad-i-sojuznicite-ja-osudija-rusija-poradi-ukraina/feed/ 0
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради државниот удар во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-drzavniot-udar-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-drzavniot-udar-vo-mjanmar/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=462919

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата во Мјанмар, по воениот преврат во земјата. Седницата, која ќе се одржи преку видеоконференција, ќе се одржи зад затворени врати, според календарот кој денеска го одобрија членовите на Советот. Во меѓувреме, норвешкиот Нобелов комитет вчера соопшти дека е згрозен од апсењето на лидерката на Мјанмар Аун Сан Су Чи, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година. – Норвешкиот нобелов комитет е згрозен од воениот преврат во Мјанмар и апсењето на добитничката на Нобеловата награда за мир Аун Сан Су Чи, претседателот Вин Минт и други политички лидери, соопшти комитетот, повикувајќи на нивно „итно ослободување“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-drzavniot-udar-vo-mjanmar/feed/ 0
ЕП на вонредна седница за одлуките на Европскиот совет за буџетот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-na-vonredna-sednica-za-odlukite-na-evropskiot-sovet-za-budzetot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-na-vonredna-sednica-za-odlukite-na-evropskiot-sovet-za-budzetot-na-eu/#respond Thu, 23 Jul 2020 05:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=379922

Европскиот парламент денеска ќе расправа на вонредна седница во Брисел за одлуките на Европскиот совет за буџетот на ЕУ до 2027 година. Европратениците се очекува да ги изнесат своите ставови за претстојните разговори во резолуција за која ќе се гласа попладне. Претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли, објасни вчера дека европратениците ќе бидат подготвени да почнат преговори со Советот на ЕУ и Европската комисија наесен. Според него, мнозинството во ЕП ги поддржува одлуките на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ. Тој истакна дека појаснувањата за распределбата на буџетските ресурси и поврзаноста на нивната распределба на владеењето на правото во европските земји се уште се во очекување. ЕП, кој го има последниот збор во буџетските преговори, е генерално задоволен од постигнатиот компромис на ниво на земјите членки на ЕУ, но остануваат три „важни теми“ на кои оваа институција ќе инсистира, најави Сасоли. Станува збор за управувањето со Фондот за закрепнување, сопствените буџетски ресурси на ЕУ и суштински прашања за самата седумгодишна буџетска рамка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-na-vonredna-sednica-za-odlukite-na-evropskiot-sovet-za-budzetot-na-eu/feed/ 0
Вонредна седница на бугарската Влада поради зголемениот број на заболени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-sednica-na-bugarskata-vlada-poradi-zgolemeniot-broj-na-zaboleni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-sednica-na-bugarskata-vlada-poradi-zgolemeniot-broj-na-zaboleni-od-kovid-19/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=360789

Поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки. – Премиерот Борисов беше информиран дека исклучително внимателно се следи ситуацијата и оти почнува масовна контрола за почитување на мерките, се наведува во соопштението на бугарската Влада. Додека бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е обврзно носењето маски во затворен простор односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри, објави Министерството за здравство на вонредна прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-sednica-na-bugarskata-vlada-poradi-zgolemeniot-broj-na-zaboleni-od-kovid-19/feed/ 0
Аеродром на вонредна седница ќе расправа за локацијата кај Мајчин дом https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/#respond Fri, 12 Oct 2018 09:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=113943

- Советот на Општина Аеродром попладне на вонредна седница ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање на трајно решение за стопирање на изградбата на зграда кај Мајчин дом. - На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом, се наведува во соопштението од општина Аеродром. На седницата може да присуствуваат граѓани и граѓански организации кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3. Изградбата на висококатницата времено е стопирана за 15 дена поради, како што изјави во средата градоначалникот Златко Марин, неправилности во градилиштето. - Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин на прес-конференција во средата. Против изградбата на зградата во вторникот протестираа жители на општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-na-vonredna-sednica-kje-rasprava-za-lokacijata-kaj-majchin-dom/feed/ 0
Вонредна седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/#respond Fri, 05 Jan 2018 07:41:33 +0000 http://kurir.mk/?p=6735

Советот за безбедност на Обединети нации на барање на САД денеска ќе одржи вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите-членки на СБ на ОН се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалу 21 лице, а над 450 се уапсени. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли претходно изјави дека САД покренале иницијатива во седиштата на ОН во Њујорк и во Женева да се одржи дебата за ситуацијата во Иран. Таа ги поддржа демонстранти, истакнувајќи дека ОН мора јавно да го изнесе своето мислење и да ги поддржи протестите. Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков оцени дека американскиот предлог за одржување вонредна седница на СБ на ОН за Иран е „штетен и деструктивен“. Тој ги обвини САД да сакаат да ја искористат постоечката ситуација да го поткопаат нуклеарниот договор со Техеран. - Ги предупредуваме САД да не се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Исламска Република Иран... Протестите во Иран се внатрешна работа и го привлекуваат вниманието на меѓународната јавност, наведе Рјабков. Тој истакна дека СБ на ОН нема никаква врска со внатрешните процеси во Иран, како ниту во која било друга земја. Претходно, иранскиот генерален обвинител Мохамед Џафар Монтазери ја обвини ЦИА дека е „главен креатор“ на протестите во Иран. - Претставник на ЦИА ја предводеше операцијата, која ја поддржаа Израел и Саудиска Арабија. ЦИА планираше протестите да ги претвори во вооружен бунт во средината на февруари, на годишнината на Исламската револуција, наведе Монтазери. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп негира каква било вмешаност во протестите во Иран, а ЦИА одби да коментира таквите обвинувања. И Ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Хасан Рохани претходно ги обвинија „непријателите на Иран“ - САД и Израел за поттикнување на масовните протести. Неименуван американски висок претставник во средата негираше дека САД се вмешани во немирите во Иран, потенцирајќи дека протестите „во целост биле спонтани“. Протестите во Иран почнаа на 28 декември во Машхад и набрзо се проширија во другите градови, но во средата Иранската револуционерна гарда прогласи крај на антивладините протест. По прогласот на Гардата има помалку вести за протестите, но се уште не е познато дали тие навистина завршија или пак иранските власти ги блокираат социјалните мрежи со цел да ги оневозможат демонстрантите да поделат нови слики од протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/feed/ 0