вонредна ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 06:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредна ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласена вонредна ситуација во Австралија, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-situacija-vo-avstralija-naredena-evakuacija-na-50-iljadi-ziteli-od-poplavnite-podrachja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-situacija-vo-avstralija-naredena-evakuacija-na-50-iljadi-ziteli-od-poplavnite-podrachja/#respond Tue, 05 Jul 2022 06:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=700053

Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот. Во одредени делови на Сиднеј како и на други места за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Од рано изутринава се спроведува евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта. Телефонските линии на Службите за итна помош се усвитиле од бројните повици за помош од стихијата што остави 20 илјади станбени објекти без напојување со електрична енергија, додека цели станбени области се неколку метри под вода. Некои од областите зафатени со невремето се уште не ги имаат санирано штетите настанати од поплавите од февруари и март годинава. Советот за климатски промени смета дека токму промените во климата се фактор што придонесува за интензивните врнежи и екстремно високите температури во Австралија забележани последните години. Во средината на јануари големи делови на Австралија беа зафатени од топлотен бран со температури од над 50 степени Целзиусови измерени во западните делови на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-situacija-vo-avstralija-naredena-evakuacija-na-50-iljadi-ziteli-od-poplavnite-podrachja/feed/ 0
ВО МОЛДАВИЈА ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – државата се соочува со недостиг на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-proglasena-vonredna-sostojba-drzavata-se-soochuva-so-nedostig-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-proglasena-vonredna-sostojba-drzavata-se-soochuva-so-nedostig-na-gas/#respond Sat, 23 Oct 2021 13:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=584237

Во Молдавија е прогласена вонредна состојба поради недостиг на гас. Премиерката Наталија Гаврилица објасни пред Парламентот дека вонредните овластувања ќе и овозможат на земјата да увезува сино гориво од други европски држави. Таквата одлука била неопходна бидејќи земјата не можеше да се потпре на преговорите со рускиот „Газпром“. Актуелниот договор со руската компанија е со важност до крајот на месецов, но моментно Молдавија добива само една третина од нормалното количество за октомври, по цена која за само еден месец се зголеми од 550 на 790 долари за илјада кубни метри. Поради недостиг на гас изгасна „вечниот оган“ пред споменикот за Втората светска војна во Кишињев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-moldavija-proglasena-vonredna-sostojba-drzavata-se-soochuva-so-nedostig-na-gas/feed/ 0
Вонредна ситуација во дел од Грција: Повеќе од 260 пожарникари гаснат пожар, вклучена и воздушна флота https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-situacija-vo-del-od-grcija-povekje-od-260-pozarnikari-gasnat-pozar-vkluchena-i-vozdushna-flota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-situacija-vo-del-od-grcija-povekje-od-260-pozarnikari-gasnat-pozar-vkluchena-i-vozdushna-flota/#respond Fri, 24 Jul 2020 07:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=380620

Веќе втор ден грчките пожарникари се борат со шумскиот пожар кој избувна во источниот дел на Пелопонез. Пожарот избувнал во средата, но до вечерта во четврток пожарникарите не успеале да го совладаат, а локалние жители и туристите морале да се евакуираат, за да не се доближи пожарот до населбите. Градоначалникот на Коринт изјавил дека пожарот е надвор од контрола и прогласил вонредна состојба во тој регион, пренесува BBC. Повеќе од 260 пожарникари, 10 хеликоптери и 10 авиони учествувале во гаснење на пожарот. - И покрај тоа што цела воздушна флота е вклучена во гаснење на пожарот, ситуацијата не е под контрола, изјавил градоначалникот Василис Нанопулос. За сега не било пријавено дека некој од граѓаните се здобил со повреди или настрадал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredna-situacija-vo-del-od-grcija-povekje-od-260-pozarnikari-gasnat-pozar-vkluchena-i-vozdushna-flota/feed/ 0
Прогласена вонредна ситуација во Драч и Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-situacija-vo-drach-i-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-situacija-vo-drach-i-tirana/#respond Wed, 27 Nov 2019 10:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=269904

Владата на Албанија денес прогласи вонредна ситуација на подрачјата на Драч и Тирана, областите кои се најпогодени од разораниот земјотрес кој вчера рано наутро на погоди земјата. Според последните информации, најмалку 29 лица го загубија животот, додека над 40 се извлечени под урнатините. Повредени се повеќе од 650 лица. Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека вонредна ситуација е прогласена врз основ на Уставот и законот. Според него, поради катастрофалниот земјотрес кој се случи два дена пред државниот празник Денот на знамето, 28 ноември, не може да биде празник туку ден на национална солидарност. Рама на денешната вонредна седница им се заблагодари на сите земји од регионот, Европа и светот кои на Албанија и испратиле помош согласно своите можности, но и изразиле сочувство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/proglasena-vonredna-situacija-vo-drach-i-tirana/feed/ 0