вонредни избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 15:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредни избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Н1: Во Србија речиси сигурно вонредни избори во декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-vo-srbija-rechisi-sigurno-vonredni-izbori-vo-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-vo-srbija-rechisi-sigurno-vonredni-izbori-vo-dekemvri/#respond Tue, 05 Sep 2023 15:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=874850

Претседателот на Србија и неодамнешен лидер на Српската напредна странка (СНС) Александар Вучиќ донел одлука вонредните парламентарни избори да се одржат во декември, тврди за порталот Н1 извор близок до раководството на СНС, кој наведува дека тој информацијата за тоа ја доби еден ден пред проевропската опозицијата да изрази барање до крајот на годинава да се одржат нови парламентарни и избори за градот Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Раководството на СНС веќе има одржано средби со членови на повеќе локални партиски одбори на кои тема била подготовката за претстојните избори, изјавил неименуваниот извор на Н1, пренесуваат и други српски медиуми. Според неговите зборови, во владејачката СНС во моментов се вршат независни испитувања на јавното мислење за тоа како стои партијата на национално, но и на локално ниво. -Не е исклучено во истиот период да се одржат и локални избори во одредени градови и општини за кои СНС проценува дека ќе победи, а можеби и во сите. За ова ќе се одлучува во наредните денови, бидејќи има уште доволно време за запазување на законските рокови за одржување на вонредни локални избори до крајот на годината, додаде соговорникот на порталот Н1. Денес проевропската опозиција по осумнаесетте протести на Србија против насилството и по одржаниот состанок, на прес-конференција во собранието побара од властите одржување на итни парламентарни и белградски избори до крајот на оваа година. Тие најавија блокада на седниците на собранието до добивање одговор од властите и најавија нов протест „Србија против насилството“ во петок, до ТВ Пинк. На барањата и блокадата на проевропската опозиција се придружи и десницата, изјави лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ. Претседателот на собранието Владимир Орлиќ на прес-конференција и одговори на проевропскиот дел од опозицијата дека „со ентузијазам ја прифаќа иницијативата за распишување вонредни парламентарни и белградски избори, дека за тоа барање ќе ги извести надлежните органи – Владата на Србија, претседателот и да ќе добијат одговор во најкраток можен рок, можеби за 30 дена“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/n1-vo-srbija-rechisi-sigurno-vonredni-izbori-vo-dekemvri/feed/ 0
Британскиот Парламент денеска одлучува за вонредни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-deneska-odluchuva-za-vonredni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-deneska-odluchuva-za-vonredni-izbori/#respond Mon, 28 Oct 2019 06:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=256707

Британскиот парламент денеска треба да се изјасни за предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување вонредни избори. Пред гласањето, според анкетата на „Опиниум“, Конзервативната партија на Џонсон има предност од 16 бода пред опозициската Лабуристичка партија. Од претходната анкета спроведена пред осум дена поддршката за ториевците се зголеми за три бода, на 40 проценти, додека лабуристите останаа на 24 проценти. Проевропската Либерално-демократска партија падна за еден процент на 15 проценти, додека партијата Брегзит на Најџел Фараж на 10 проценти. Џонсон, кого членовите на партијата го избраа во јули за да го деблокира ќор-сокакот околу Брегзит, предложи одржување на избори на 12 декември, откако Парламентот не го поддржа договорот за Брегзит кој го постигна со Брисел. Пратениците денеска ќе гласаат за тоа дали ќе има предвремени избори, но повеќето опозициски партии посочија дека ќе се воздржат или гласаат против овој потег, што значи дека Џонсон веројатно нема да добие поддршка од две третини од пратениците кои му се потребни. Редовните избори во Британија се во 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-parlament-deneska-odluchuva-za-vonredni-izbori/feed/ 0