вонредни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 07:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британија ги продолжи вонредните мерки до септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-gi-prodolzi-vonrednite-merki-do-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-gi-prodolzi-vonrednite-merki-do-septemvri/#respond Fri, 26 Mar 2021 07:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=487974

Британскиот Парламент денеска го одобри продолжувањето на итните мерки заради коронавирусот за нови шест месеци и со тоа конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон и овозможи да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности. Долниот дом на британскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот на извршната власт за постепено олеснување на строгите мерки во следните три месеци. За продолжување на специјалните овластувања на владата на Џонсон гласаа 484 пратеници, а 76 беа против. Џонсон меѓутоа се соочува со револт од дел од пратениците на неговата партија кои тврдат дека цената на ограничувањето ќе биде поголема од придобивките што ќе ги донесе. Во февруари нагло опадна бројот на инфекции и смртни случаи во Велика Британија, додека истовремено дојде до нагло зголемување во повеќето делови на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-gi-prodolzi-vonrednite-merki-do-septemvri/feed/ 0
СЗО: Премногу брзо укинување на вонредните мерки е рецепт за катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-premnogu-brzo-ukinuvanje-na-vonrednite-merki-e-recept-za-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-premnogu-brzo-ukinuvanje-na-vonrednite-merki-e-recept-za-katastrofa/#respond Tue, 01 Sep 2020 06:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=397569

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека пребрзото укинување на вонредните, превентивни, антиепидемиски мерки е – „рецепт за катастрофа“. Шефот на СЗО истакна дека земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на коронавирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“. Тој повтори дека најважни превентивни мерки за секоја земја и поединец се: спречување на ризични настани, заштита на ранливи социјални групи, лична одговорност и самозаштита, наоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите болни со проверка на контактите што претходно ги оствариле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-premnogu-brzo-ukinuvanje-na-vonrednite-merki-e-recept-za-katastrofa/feed/ 0
Забрана за литии во Грција до крајот на август, вонредни мерки во Лариса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/#respond Mon, 10 Aug 2020 08:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=388674

До крајот на август, во Грција е забрането одржување литии и било какви други верски манифестации со поворки надвор од црквите, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е веќе во сила, важи до 31 август, а за физичките лица што ќе ја прекршат, предвидена е и казна од 150 евра. Од Светиот синод на Грчката православна црква, во петокот соопштија дека литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко. Поради зголемиот број позитивни случаи на Ковид-19 во општина Абелона во градот Лариса од рано утрово се воведени дополнителни рестриктивни мерки, идентични на оние на островот Порос. Односно, за да се спречи дополнително ширење на коронавирусот одлучено е угостителските објекти, кафулињата и слично да работат од седум до 23 часот, на маса да седат најмногу четири лица, да се откажат сите настани како што се забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично, се забрануваат јавни и приватни собири на над девет лица, а маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти. Во Грција од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица, само во текот на викендот беа регистрирани вкупно 353 нови случаи на Ковид-19, починаа две лица, а се зголеми и бројот на хоспитализирани пациенти приклучени на апарати. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе го одржи редовниот состанок за Ковид-19 со надлежните епидемиолози и министри, состанок што се одржува три пати седмично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/feed/ 0
Вучиќ вечерва ќе соопшти нови остри мерки за Белград поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-soopshti-novi-ostri-merki-za-belgrad-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-soopshti-novi-ostri-merki-za-belgrad-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 02 Jul 2020 09:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=367247

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот вечерва ќе објави нови остри мерки за Белград поради неповолната епидемиолошка ситуација, пишува српски Информер. Според порталот, од вкупниот број на извршени тестирања во изминатите 24 часа над 80 проценти од заразените се од Белград. Информер пишува дека Вучиќ вечерва ќе ја објави конечната одлука за новите ригозорни мерки кои ќе стапат на сила во главниот град на Србија. Извори на порталот велат дека се размислува за повторно воведување полициски час во вечерните часови или целосно затворање на Белград што ќе значи забранер влез и излез од градот. Втората опција е помалку веројатна дека ќе биде донесена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-soopshti-novi-ostri-merki-za-belgrad-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Во Лисабон вонредни мерки до 14 јули https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lisabon-vonredni-merki-do-14-juli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lisabon-vonredni-merki-do-14-juli/#respond Fri, 26 Jun 2020 07:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=363206

Од 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада. Жителите на одредените делови на Лисабон, меѓу кои и од строгиот центар на градот, ќе можат да излезат од домовите само за да купат неопходни производи и лекови и за да одат и да се вратат од работа. – Единствен ефикасен начин за ставање на пандемијата под контрола е да се остане дома, а кога тоа не е можно, да се држи физичка дистанца и без исклучок да се применуваат сите хигиенски стандарди, истакна португалскиот Премиер Антонио Коста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-lisabon-vonredni-merki-do-14-juli/feed/ 0
Вонредни мерки за помош на земјоделците во ЕУ поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-merki-za-pomosh-na-zemjodelcite-vo-eu-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-merki-za-pomosh-na-zemjodelcite-vo-eu-poradi-koronavirusot/#respond Wed, 24 Jun 2020 14:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=362189

ЕУ ги одобри вонредните мерки за поддршка на земјоделскиот сектор, силно погоден од кризата со Ковид-19. Земјоделците ќе можат да добијат до седум илјади евра помош, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта е наменета за најтешко погодените земјоделци и земјоделски мали и средни претпријатија. За фирмите е предвидена поддршка до 50 илјади евра, освен за оние активни во риболовниот сектор. Парите доаѓаат од веќе постоечки фондови за рурален развој. -Кризата со Ковид-19 е голем тест за солидарноста на ЕУ. Усвојувањето на овој акт денес ќе им помогне на многу земјоделци и мали компании да продолжат да работат, изјави хрватската министерка за земјоделство, Марија Вучковиќ. Критериумите за селекција се однесуваат, меѓу другото, на земјоделскиот сектор, структурата на фармите и начинот на одгледување, маркетингот и бројот на сезонски работници. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-merki-za-pomosh-na-zemjodelcite-vo-eu-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Мадуро ги продолжи вонредните мерки во Венецуела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-gi-prodolzi-vonrednite-merki-vo-venecuela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-gi-prodolzi-vonrednite-merki-vo-venecuela/#respond Wed, 13 May 2020 06:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=345171

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека ги продолжува вонредните мерки во земјата за уште 30 дена. – Ќе го обновам декретот за 30-дневно продолжување на вонредната состојба за да продолжам да го заштитувам нашиот народ“, рече социјалистичкиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата. Мадуро наложи вонредна состојба на 13 март, која потоа ја продолжи кон средината на април. Тој рече дека во Венецуела има 423 заразени и 10 смртни случаи. Сепак, овие бројки беа оспорени од неговиот опозициски ривал, Хуан Гуадо, кој рече дека бројот на заразени и на смртни случаи од вирусот е многу поголем во земјата, каде здравствениот систем слабеел во текот на годините на економска криза. Во моментов, луѓето имаат право да ги напуштат своите домови само за медицински посети или да купуваат храна, но прекршувањата стануваат се почести, особено во Каракас и во најсиромашните области на земјата, каде луѓето заработуваат за живот во „сивата“ економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maduro-gi-prodolzi-vonrednite-merki-vo-venecuela/feed/ 0
Во Индија најавено ублажување на вонредните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najaveno-ublazuvanje-na-vonrednite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najaveno-ublazuvanje-na-vonrednite-merki/#respond Wed, 15 Apr 2020 09:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=332537

Индиските власти најавија олеснување на некои рестриктивни мерки од 20 април заради рестартирање на производството и земјоделството во сиромашните, рурални области. Покрај тоа, Владата на Индија денеска соопшти дека во руралните области ќе се одобри изградба на патишта и згради и ќе биде дозволен сообраќај помеѓу индиските држави и провинциите. Овие информации доаѓаат од Владата на Индија само еден ден по објавата на премиерот Нарендра Моди дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 3 мај. Во препораките на Владата се најавува обновување на производството на јаглен, минерали, нафтени деривати, компјутерски хардвер, храна и амбалажа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najaveno-ublazuvanje-na-vonrednite-merki/feed/ 0
Путин: Вонредни мерки и соработка на сите земји против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-vonredni-merki-i-sorabotka-na-site-zemji-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-vonredni-merki-i-sorabotka-na-site-zemji-protiv-koronavirusot/#respond Tue, 14 Apr 2020 12:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=332035

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се потребни вонредни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, за кој тој тврди дека има негативно влијание врз сите сфери на животот во сите земји на светот. Путин ова го изјави на седница на Врховниот Евроазиски економски совет, што се одржуваше по електронски пат и додаде дека е потребна соработка на сите земји во борбата против епидемијата на коронавирусот. – Јасно е дека против епидемијата може да се бори само со заеднички напори на меѓународната заедница, рече тој. Рускиот претседател истакна дека исто така е многу важно членовите на Евроазиската економска унија да соработуваат во борбата против коронавирусот и додаде дека тој поддржува постигнување договор за таква соработка меѓу земјите од овој сојуз. Во Русија досега има регистрирано 21.102 заразени со новиот коронавирус, од кои 1.694 пациенти оздравеле, a 170 починале. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-vonredni-merki-i-sorabotka-na-site-zemji-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Сасоли: Ќе бидат потребни вонредни мерки за последиците од пандемијата во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/#respond Thu, 26 Mar 2020 17:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=322703

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, одржа прес конференција преку видео врска на која се осврна на состојбата со коронавирусот и последиците со кои ќе треба ЕУ да се справи во иднина, јави дописничката на МИА од Брисел. -Ова не е само здравствена криза, туку социјална и економска криза која ќе ги засегне сите наши земји и институциите на ЕУ треба да преземат одговорност, изјави Сасоли. Европскиот Парламент бара од земјите членки да покажат поголема солидарност и флексибилност во буџетските правила за да се овозможи побрзо закрепнување на претстојната рецесија во ЕУ. Сасоли порача дека е загрижен за последиците на среден и долг рок, а не само на краток рок. -Ќе ни биде потребна креативност, нови капацитети, ќе треба да осигуриме вонредни мерки за одговор на кризите, а не само да ги адаптираме постојните инструменти, рече Сасоли, без да даде повеќе детали на кои механизми точно мисли. Шефовите на држави и влади на ЕУ истовремено одржуваат самит преку видео линк на кој ова ќе биде една од главните теми. Европскиот Парламент смета дека лидерите треба да преземат одговорност и дека сегашните финансиски и економски инструменти кои се на располагање во ЕУ не се доволни за закрепнување, изјави претседателот Сасоли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/feed/ 0