вонредни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Aug 2020 07:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вонредни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Воведени вонредни рестриктивни мерки на еден од најомилените грчки острови на Македонците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vovedeni-vonredni-restriktivni-merki-na-eden-od-najomilenite-grchki-ostrovi-na-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vovedeni-vonredni-restriktivni-merki-na-eden-od-najomilenite-grchki-ostrovi-na-makedoncite/#respond Fri, 07 Aug 2020 07:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=387546

Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19, а по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на грчкиот остров Порос од утрово се воведуваат вонредни рестриктивни мерки, што ќе бидат во сила во следните 10 дена, јави дописничката на МИА од Атина. За да се спречи дополнително ширење на коронавирусот на островот, одлучено е: забрана за работа на угостителските објекти, кафулињата и слично од 23 часот до 7 часот; дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните; откажување на сите настани како што се забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично; забрана за јавни и приватни собири на над девет лица, како и задолжителна маска и на отворено и во затворените објекти. Островот Порос што се наоѓа во Саронскиот залив е првото туристичко место во Грција во кое се преземаат рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Портпаролот на грчката Влада, на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, не ја исклучи можноста за воведување локални карантини во делови од земјата каде што има зголемен број случаи, бидејќи, како што рече „тоа е мерка што во минатото беше успешно спроведена за да се ограничи веројатноста вирусот да се прошири во општеството и доколку биде потребно повторно ќе се преземат и такви мерки“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vovedeni-vonredni-restriktivni-merki-na-eden-od-najomilenite-grchki-ostrovi-na-makedoncite/feed/ 0
Вонредните локални избори во северно Косово почнаа без проблеми https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonrednite-lokalni-izbori-vo-severno-kosovo-pochnaa-bez-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonrednite-lokalni-izbori-vo-severno-kosovo-pochnaa-bez-problemi/#respond Sun, 19 May 2019 07:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=199619

Сите гласачки места во четирите општини во северно Косово, во кои се одржуваат вонредни градоначалнички избори, утрово беа отворени во предвиденото време и гласањето започна без никакви проблеми, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљмир Елелзи изјави за медиумите дека, според досегашните извештаи од терен, на почетокот од изборниот процес не е забележана никаква нерегуларност. – Според информациите кои ги доби ЦИК, гласачките ливчиња и сиот друг изборен материјал е дистрибуиран според планираната процедура. Исто така, сите гласачки места се отворени во предвиденото време, во 7 часот, рече Елези, кој во името на ЦИК ги повика сите граѓани со право на глас во четирите општини да го искористат нивното уставно право и да излезат да гласаат. На изборите во општините со мнозинско српско население, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечане, со свои кандидати за градоначалници учествуваат најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), како и владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) и опозициското Движење Самоопределување (ВВ). ЦИК ангажира 670 комесари, кои се распределени во 44 гласачки центри со 87 гласачки места. Право на глас во четирите општини, според изводот од Централниот регистар на Агенцијата за цивилна регистрација на Косово, имаат вкупно 57.983 лица, што е за 970 повеќе одошто на изборите одржани во октомври 2017 година. За следење на изборите ЦИК акредитира вкупно 464 набљудувачи од ОБСЕ, дипломатските претставништва во Приштина, невладините организации, политичките партии и медиумите. Претседателот на Косово Хашим Тачи ги прогласи изборите во четирите општини на северот од земјата, откако тамошните градоначалници поднесоа оставки во знак на револт поради воведувањето на таксата од 100 отсто на увозот на српски производи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonrednite-lokalni-izbori-vo-severno-kosovo-pochnaa-bez-problemi/feed/ 0