вооружен инцидент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 06:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вооружен инцидент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во вооружениот инцидент во Чикаго загинаа шест, а повредени се 36 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/#respond Tue, 05 Jul 2022 06:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=700059

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго. Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vooruzeniot-incident-vo-chikago-zaginaa-shest-a-povredeni-se-36-lugje/feed/ 0
Вооружен инцидент во Денвер, убиени четири лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-denver-ubieni-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-denver-ubieni-chetiri-lica/#respond Tue, 28 Dec 2021 08:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=613925

Вооружен напаѓач уби четири лица и рани еден полицаец и уште двајца цивили во реонот на Денвер, главниот град на американската сојузна држава Колорадо, соопшти локалната полиција. „Осомничениот почина по размена на оган со полицијата“, се вели во соопштението на полицијата во предградието на Денвер, Лејквуд. Престрелките во областа Денвер се случиле на различни локации и завршија со ликвидација на напаѓачот, потврдија локалните власти. – Дивеењето започнало вчера околу 17 часот кога неидентификуван напаѓач застрела и уби две жени и рани еден маж во близина на центарот на Денвер. Осомничениот потоа побегнал со автомобил и уби маж во областа Чизман Парк во источниот дел на Денвер, пред повторно да почне да пука во населбата на западниот дел на градот каде никој не е погоден, изјави началникот на полицијата Пол Пазен. Осомничениот двапати пукал од своето возило кон полицајците од Денвер кои го бркале, при што успеал да го онеспособи полицискиот автомобил, а потоа се упатил кон соседниот град Лејквуд, каде го убил четвртото лице. – Потоа побегнал пеш во хотел каде ранил службеник на хотелот, потврди портпаролот на полицијата во Лејквуд, Џон Ромеро, додавајќи дека осомничениот пукал и кон полицајците и ранил еден од нив пред полицијата да успее да го убие. Ромеро рече дека засега нема информации за состојбата на ранетиот полицаец и цивилите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-denver-ubieni-chetiri-lica/feed/ 0
Двајца повредени, еден приведен: Вооружен инцидент, евакуирани студенти и вработени во колеџ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-povredeni-eden-priveden-vooruzen-incident-evakuirani-studenti-i-vraboteni-vo-koledz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-povredeni-eden-priveden-vooruzen-incident-evakuirani-studenti-i-vraboteni-vo-koledz/#respond Mon, 26 Apr 2021 17:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=502388

Еден човек е приведен, а две лица се повредени по извештаите за огнени истрели во близина на колеџ во западен Сасекс во Англија. Се смета дека ниту еден од повредените не е сериозно повреден во инцидентот, што се случи во близина на колеџот Краули. Би-Би-Си појаснува дека повредите не се огнено оружје. Полицијата во Сасекс соопшти дека добила „повеќе повици“ веднаш по 15 часот попладне и дека вработените и студентите се евакуирани од колеџот. Улицата кон колеџот е затворена во двата правци, а властите ја повикаа јавноста да се држи настрана од областа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-povredeni-eden-priveden-vooruzen-incident-evakuirani-studenti-i-vraboteni-vo-koledz/feed/ 0
МВР со детали за вооружената драма на Пластичарска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vooruzenata-drama-na-plasticharska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vooruzenata-drama-na-plasticharska/#respond Fri, 31 Jul 2020 16:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=384481

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 33-годишниот Е.С. од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела, и тоа „тешки дела против општата сигурност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниви по член 292 и 396 од Кривичниот законик.

Имено, поради претходни должничко-доверителски недоразбирања помеѓу Е.С. и синот на оштетениот, на 23.07.2020 околу 22.00 часот, Е.С. заедно со неговиот брат дошле во продажен објект во сопственост на Р.Б.  да побараат долг од 10.000 евра, износ кој според нивно кажување им ги должел синот на оштетениот. Притоа, помеѓу Е.С., од една страна, и Р.Б. и неговите два сина, од друга страна, настанала расправија, која прераснала во физичка пресметка, при што Е.С. со пиштол, кој го поседувал без дозвола, испукал два проектила и на Р.Б. му нанел две прострелни рани, по што Р.Б. бил пренесен за укажување на лекарска помош на Клиниката „Мајка Тереза“.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-vooruzenata-drama-na-plasticharska/feed/ 0
Вооружен инцидент во трговски центар во Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-trgovski-centar-vo-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-trgovski-centar-vo-florida/#respond Fri, 25 Oct 2019 05:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=255829

Еден маж е повреден при вооружен инцидент во трговски центар во Мајами, соопшти локалната полиција. Полицијата трага по тројца осомничени. Повредениот маж е хоспитализиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-trgovski-centar-vo-florida/feed/ 0
Повредени 2 бебиња: Амбулантно возило влета во толпа луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povredeni-2-bebinja-ambulantno-vozilo-vleta-vo-tolpa-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povredeni-2-bebinja-ambulantno-vozilo-vleta-vo-tolpa-lugje/#respond Tue, 22 Oct 2019 15:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=254956

Вооружен маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори. Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото. „Тој е поврден, но нема сериозни рани“, јави полицијата. -Две бебиња се поврдени откако грабнатото возило на Итната помош удриво во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаорлот на болницата во Осло. Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели. Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош. -Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот, соопшти болницата. ДПА ја пренесе и изјавата на полицијата дека „ мажот е уапсен, но дека тие трагаат и по една жена“. По неколку часа, норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа заради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња. -Таа е уапсена неколку часа по инцидентот, изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло. Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povredeni-2-bebinja-ambulantno-vozilo-vleta-vo-tolpa-lugje/feed/ 0
Вооружен инцидент во Мериленд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-merilend/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-merilend/#respond Thu, 20 Sep 2018 15:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=103773

Повеќе лица се повредени во вооружениот инцидент што денеска се случи во Абердин, во округот Харфорд, американската сојузна држава Мериленд. Според дел од американските медиуми, пукотниците се во магацин на фармацевстка компанија. Гувернерот на Мериленд соопшти дека неговата канцеларија внимателно ја следи ситуацијата и оти државата е подготвена да пружи секаков вид помош. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-incident-vo-merilend/feed/ 0
Поднесени обвиненија за крвавата пресметка во Мала Речица, ова се делата за кои ќе одговараат 13 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-krvavata-presmetka-vo-mala-rechica-ova-se-delata-za-koi-kje-odgovaraat-13-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-krvavata-presmetka-vo-mala-rechica-ova-se-delata-za-koi-kje-odgovaraat-13-lica/#respond Wed, 23 May 2018 09:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=57430

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени. - Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик. Три лица се товарат за кривични дела „убиство во обид“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство. Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се лишени од слобода, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата против нив. Против останатите девет лица тетовското Обвинителство поднесе обвинителен предлог со кој сите се товарат за кривично дело „учество во тепачка“ од Кривичниот законик. За осуммина обвинети, надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерки на претпазливост, додека за едно лице предложи определување мерка притвор до правосилност на пресудата, бидејќи станува збор за државјанин на Република Албанија. - Во текот на истрагата, јавниот обвинител утврди дека обвинетите лица биле дел од две меѓусебно спротивставени групи, кои по претходен договор и заради претходна меѓусебна нетрпеливост, со возила дошле на местото на инцидентот во Мала Речица. Петмина, меѓу кои и починатото лице, биле вооружени со пиштоли, по што дошло до меѓусебна вербална расправија која прераснала во тепачка и употреба на огнено оружје. Освен пиштоли, во тепачката биле користени бејзбол палки, секира, нож и други предмети, се наведува во соопштението од Обвинителството. Обвинението на Основното јавно обвинителство Тетово​ е поткрепено со прибран опсежен доказен материјал, резултати од поголем број вештачења, анализи на траги од оружје и траги од биолошко потекло, како и обезбедени видео записи од надзорни камери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-krvavata-presmetka-vo-mala-rechica-ova-se-delata-za-koi-kje-odgovaraat-13-lica/feed/ 0
Детали за вооружениот инцидент во средното училиште: Соученици се скарале, па едниот го застрелал со пиштол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-vooruzeniot-incident-vo-srednoto-uchilishte-souchenici-se-skarale-pa-edniot-go-zastrelal-so-pishtol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-vooruzeniot-incident-vo-srednoto-uchilishte-souchenici-se-skarale-pa-edniot-go-zastrelal-so-pishtol/#respond Fri, 11 May 2018 18:01:41 +0000 https://kurir.mk/?p=53215

Едно тинејџер е ранет денеска при пукотници во средно училиште во градот Палмдејлс во американската сојузна држава Калифорнија, јавија американските медиуми. Локалната полиција соопшти дека повредениот е ученик во средното училиштето „Хајланд“ во градот Палмдејлс, што се наоѓа на околу 100 километри северно од Лос Анџелес, кој бил застрелан со пиштол од негов 14-годишен другар од класот. Шерифот на полицијата на округот Лос Анџелес, Дарен Харис информира дека напаѓачот е приведен, како и дека полицајците го пронашле пиштолот на местото на настанот. Харис додаде дека на инцидентот му претходела расправија меѓу двајцата ученици. Според него, повредениот ученик има прострелна рана во раката и бил пренесен во болница. - Се очекува жртвата целосно да се опорави од повредата, нагласи Харис. Инцидентот се случил околу 7 часот по локално време (16 часот по средноевропско време). Претходно, полицискиот заменик-шериф Чарлс Мур изјави дека во време на инцидентот во објектот немало други ученици, затоа што тој се случил половина час пред почетокот на наставата. Поради настанот во училиштто „Хајланд“ денеска не се одржува настава. Од почетокот на годината во САД се случија неколку напади врз училишта, од кои најтрагичен беше оној од средината на февруари во Флорида, кога беа убиени 17 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-vooruzeniot-incident-vo-srednoto-uchilishte-souchenici-se-skarale-pa-edniot-go-zastrelal-so-pishtol/feed/ 0
ДУИ се огласи по инцидентот во Мала Речица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-se-oglasi-po-incidentot-vo-mala-rechica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-se-oglasi-po-incidentot-vo-mala-rechica/#respond Thu, 05 Apr 2018 18:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=37103

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент. - Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-se-oglasi-po-incidentot-vo-mala-rechica/feed/ 0