вооружена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 May 2020 13:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вооружена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеничка од Мичиген на работа пристигна со вооружена придружба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/#respond Fri, 08 May 2020 13:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343578

Пратеничката во претставничкиот дом на Конгресот на америкаската сојузна држава Мичиген, афроамериканката Сара Ентони на своето работно место пристигна во придружба на вооружена група, само неколу дена откако вооружени белци упаднаа во Конгресот во Ленсинг. Вооружена група белци демонстрираа против „тиранијата“ на рестриктивните мерки поради пандемијата со Ковид-19, воведени од демократската гувернерка Гричен Вајтмер. Ентони (36) изјави дека нејзината намера била да укаже на пропустите на полицијата на Мичиген да ја гарантира безбедноста на законодавците за врема на протестот на вооружените белци. – Кога системот нема да успее да обезбеди целосно безбедност ни преостанува сами да се погрижиме за себе. Без оглед дали си црнец и демократски претставник во Претставничкиот дом на Мичиген, стана опасно. Тоа е амбиентот што го создаде претседателот Доналд Трамп, истакна Ентони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/feed/ 0
МВР, Спасовски и Нухиу да одговорат: Зошто не преземале ништо за неутрализирање на вооружени групи во Чаир и дали тие уште се во Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-spasovski-i-nuhiu-da-odgovorat-zoshto-ne-prezemale-nishto-za-neutraliziranje-na-vooruzeni-grupi-vo-chair-i-dali-tie-ushte-se-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-spasovski-i-nuhiu-da-odgovorat-zoshto-ne-prezemale-nishto-za-neutraliziranje-na-vooruzeni-grupi-vo-chair-i-dali-tie-ushte-se-vo-skopje/#respond Fri, 06 Apr 2018 11:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=37317

Веќе неколку дена не стивнуваат реакциите околу изјавите на поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу пред јавното обвиниелство, а се поврзани со настаните од 27-ми април. Нухиу во изјавата дадена пред ЈО кажал дека вечерта на 27-ми април, додека биле настаните во Собрание групи од вооружени Албанци се собирале во Чаир, па дури и дека групи поранешни борци на УЧК се подготвувале за акција. Oваа изјава сама по себе е шокантна од повеќе аспекти, а отвара и повеќе дилеми, но и потребни се одговори кои надлежните треба да и ги дадат на јавноста. Едно од најголемите прашања е и да се претпостави дека Нухиу ја говори вистината пред Јавното обвинителство, зошто тој од позиција на министер и заменик министер за внатрешни работи, не преземал ништо со цел неутрализирање на оваа вооружена формација? Она што треба да ги загрижува жителите на Скопје во овој момент е дека во градот ни се шета вооружена формација која е спремна во секој момент да нападне државни и владини институции. Другото прашање што треба да се одговори е како стигнало оружјето до овие луѓе преку кои канали и кој им го дал? Но најважните прашањa што треба да ги одговори МВР е доколку постои вооружена група и која е спремна во секој момент да реагира зошто се чекало дури 6 месеци да биде споделена пред Јавното обвинителство, а не била веднаш соопштена и дали на овој начин овие групи се под контрола на одредени политички партии? Она што загрижува е што оваа група не се знае дали е и во овој момент оперативна и е од голема закана за безбедноста на граѓаните! Појавата на оваа вооружена групација ја загрижи и ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната прес конференција беше кажано дека толерирањето на овој настан е меѓукоалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ - Непреземањето на мерки за сузбивање и неутрализирање покажува дека власта не ја интересира безбедноста на државата и заканите по уставниот поредок. За сметка на зачувување на власта и меѓукоалициските договори од страна на СДСМ и ДУИ се толерираат вооружени банди и нивните посредници кои се во директен контакт со функционерите што само ги пренесуваат заканите наместо да постапуваат по нив рече, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. MВР предводено од Оливер Спасовски по она што беше презентирано во јавноста апсолутно ништо не превзема оваа група да биде неутрализирана. До сега од она што е познато не се спомнува никаква истрага, ниту пак се знае со каков тип на оружје се наоружани. Не се знае ниту колку луѓе има од групата и кои се тие. Ваквото непостапување од страна на МВР не само што им дава сила, туку и праќа порака и ги охрабрува сите групи во иднина дека слободно можат да се вооружаат и да се закануваат по безбедноста на државата. Најсвеж пример ни се настаните од Диво Насеље каде вооружена група со тешко пешадиско оружје се дрзна да се крене против правниот и државниот поредок во Република Македонија. Како последица на овие настани загинаа 8 припадници на МВР додека десетици беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-spasovski-i-nuhiu-da-odgovorat-zoshto-ne-prezemale-nishto-za-neutraliziranje-na-vooruzeni-grupi-vo-chair-i-dali-tie-ushte-se-vo-skopje/feed/ 0