вооружени сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 06:54:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вооружени сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генерал Ѓурчиновски во официјална посета на Вооружените сили на Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/general-gurchinovski-vo-ofitsijalna-poseta-na-vooruzhenite-sili-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/general-gurchinovski-vo-ofitsijalna-poseta-na-vooruzhenite-sili-na-srbija/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=885857

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски по учеството на состанокот на иницијативата DECI во Република Хрватска, како дел од планираните билатерални армиски активности, денеска е во официјална посета на Вооружените сили на Србија. Генерал Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе го посети Генералштабот на Војската на Србија каде ќе има средба со неговиот српски колега, генерал Милан Мојсиловиќ. Ќе се разговара за регионалните иницијативи како платформи за зајакнување и одржување на стабилноста и безбедноста на регионот како приоритетно значење, кое се постигнува со отворен дијалог и добрососедски односи. Република Северна Македонија и Србија учествуваат во регионалните иницијативи СЕДМ, Балканските медицински сили, иницијативата Б-9 на началниците на Генералштабови и Центарот за безбедносна соработка – РАКВИАК, кои се од заеднички интерес за земјите и преку кои се унапредува билатералната соработка и регионалната безбедност, соопшти ГШ на АРСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/general-gurchinovski-vo-ofitsijalna-poseta-na-vooruzhenite-sili-na-srbija/feed/ 0
Киев соопшти дека спречил руски хакерски напад врз информацискиот систем на украинските вооружени сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-sprechil-ruski-hakerski-napad-vrz-informatsiskiot-sistem-na-ukrainskite-vooruzheni-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-sprechil-ruski-hakerski-napad-vrz-informatsiskiot-sistem-na-ukrainskite-vooruzheni-sili/#respond Wed, 09 Aug 2023 06:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=864856

Украинските специјални служби спречија обид на руски хакери да упаднат во информацискиот систем на Вооружените сили на Украина, објави на Телеграм украинската служба за безбедност. Украина информира за зголемен број руски хакерски обиди против компјутерските системи на украинската влада, вооружените сили и енергетскиот сектор од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија постојано ги негираше ваквите обвинувања. „Како резултат на сложени мерки, украинската служба за безбедност ги откри и блокираше незаконските дејствија на руските хакери кои се обидоа да навлезат во мрежите на украинската војска и да преземат разузнавачки информации“, се вели во соопштението на службата. Според соопштението, руските хакери се обиделе да добијат пристап до „чувствителни информации за акциите на украинските вооружени сили, за локацијата и движењето на одбранбените единици, како и за нивната техничка поддршка“. Украинската служба за безбедност соопшти дека нејзините кибер специјалисти откриле дека хакерите планирале да користат украински воени таблети за да шират вируси во борбениот систем на Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-soopshti-deka-sprechil-ruski-hakerski-napad-vrz-informatsiskiot-sistem-na-ukrainskite-vooruzheni-sili/feed/ 0
ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/#respond Thu, 16 Mar 2023 07:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=812508

Европската Унија размислува да обезбеди помош за вооружените сили на Молдавија со дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воздушниот надзор, логистиката и кибер одбраната. Според предлогот на надворешнополитичкото тело на Унијата, кој минатата недела беше испратен до земјите членки и во кој Блумберг имаше увид, средствата би биле повлечени од Европскиот мировен фонд. Се додава дека помошта на ЕУ би вклучувала несмртоносна опрема и залихи, како што се мобилни радари на земја со долг дострел, пикап камиони, комуникациска опрема и хардвер, како и софтвер за зајакнување на ИТ инфраструктурата. Блумберг посочува дека Молдавија е под зголемен притисок откако Русија ја нападна Украина, а нејзините лидери ја обвинија Москва дека се обидува да ја собори нејзината проевропска влада. Русија претходно негираше каква било вмешаност во внатрешните работи на Молдавија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razmisluva-da-isprati-pomosh-za-vooruzhenite-sili-na-moldavija/feed/ 0
Русија планира длабоки реформи во вооружените сили до 2026 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-planira-dlaboki-reformi-vo-vooruzhenite-sili-do-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-planira-dlaboki-reformi-vo-vooruzhenite-sili-do-2026-godina/#respond Tue, 17 Jan 2023 12:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=788378

Русија денеска соопшти дека до 2026 година ќе бидат спроведени длабоки реформи во нејзините вооружени сили, вклучувајќи промени во бројот на војници и во администрацијата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бројот на припадници на вооружените сили да се зголеми на 1,5 милиони. -Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили, можно е да се гарантира воената безбедност на државата и да се заштитат новите региони и објекти на критичната инфраструктура на Руската Федерација, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со неговите заменици во министерството, со врховните команданти на вооружените сили на Русија и командантите на воените ограноци и воените области за прашањето за спроведување на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за зголемување на бројот на вооружените сили на 1,5 милиони војници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-planira-dlaboki-reformi-vo-vooruzhenite-sili-do-2026-godina/feed/ 0
Вооружените сили на САД кои се дел од КФОР во Косово вежбаат на Криволак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/#respond Mon, 22 Aug 2022 07:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=721878

Во периодот од 20 - 26 август на армискиот полигон „Криволак“, припадници на Вооружените сили (ВС) на САД кои се дел од мисијата КФОР во Косово изведуваат обука и гаѓање со два воздухоплови од типот УХ-60 „Блек Хок“, информираат од АРМ. -Овој вид на вежбовни активности на АП „Криволак“, на припадниците на Вооружените сили на САД во рамки на мисијата КФОР кои се реализираа и претходно, ги потврдува и промовира можностите кои ги дава овој наш најголем капацитет за изведување вежбовни активности од страна на вооружени сили на странски држави, се вели во соопштението. Претходно, АП Криволак ги исполни сите побарувања кои ги бараат овој вид на активности, а истото се потврди и со изведување на најголемата воена вежба со воздухоплови „Брз одговор 22“. Армијата на Република Северна Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП „Криволак“, за време на активностите ја овозможи и потребната воено полициска придружба за време на транспорт на припадниците на ВС на САД, и доколку е потребно обезбедува соодветна медицинска и логистичка поддршка на активностите. Активноста се изведува согласно одлуката на 68 седница на Владата, со која е одобрено влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон Криволак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vooruzenite-sili-na-sad-koi-se-del-od-kfor-vo-kosovo-vezbaat-na-krivolak/feed/ 0
Делегација на Вооружените сили на БиХ во посета на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vooruzenite-sili-na-bih-vo-poseta-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vooruzenite-sili-na-bih-vo-poseta-na-skopje/#respond Thu, 05 Mar 2020 06:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=312273

Во официјална посета на Република Македонија и Армијата престојува делегација на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб, генерал-потполковник Сенад Машовиќ. Генералот Машовиќ денеска во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средба со својот домаќин генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. За време на посетата, генералот Машовиќ, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, а ќе ги посети Центарот за обука на пилоти, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и дел од армиските единици во касарната „Илинден“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vooruzenite-sili-na-bih-vo-poseta-na-skopje/feed/ 0