Ворен Нилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Apr 2019 09:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ворен Нилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медицински феномен: Живеела 99 години со сите органи распоредени на погрешни места https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/#respond Thu, 11 Apr 2019 09:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=185083

На универзитетот за здравје и наука во Орегон, Портланд е направена дисекција на леш од жена и откриено е дека нејзините органи биле сосема различно распоредени. Таа не знаела за тоа цели 99 години. Ворен Нилсон бил во тимот кој пред себе ја имал жената стара 99 години која умрела од природна смрт. Нејзиното име било Роуз Мари Бентли, но студентите тоа тогаш не го знаеле. Поради почит кон починатата, на студентите не им се открива идентитетот на лицето кое лежи пред нив. Меѓутоа, студентите и нивниот професор дознале колку е посебна госпоѓата Бентли. Заслужила единствено место во медицинските и историските книги. Причината за тоа е што имала посебна состојба ситус инверсус со левокардија, односно сосема различен распоред на органите од левата и десната страна на телото. Нејзиното тело имало изглед како утроба на нормален човек во огледало. Оваа вродена аномалија ја направи Роуз единствената личност на планетата. Доцент Камерон Вокер рекол дека можноста на светот да се наоѓа уште една личност како неа е еднаква на 1:50 милиони. "Сигурна сум дека тој момент никој од нас присутните во салата за дисекција нема да го заборави", додава Вокер. Кога во понатамошното истражување студентите ѝ го отвориле градниот кош за да ѝ го испитаат срцето, сфатиле дека ѝ недостига големата вена која се наоѓа обично на десната страна. Професорот исто така бил зачуден што на срцето нема долни шупливи вени. Нилсен и другите млади студенти го прегледале телото и откриле дека нејзината долна шуплива вена се наоѓа на сосема спротивната страна на телото и дека се провлекува под дијафрагмата и се искачува кон градниот кош, се наведнува над аортната порта, ги обиколува пршлените и влегува во десната срцева комора. Госпоѓата Бентли е единствена од повеќе причини - имала низа аномалии и доживеала да умре од природна смрт на 99 години. "Никогаш не се жалела на некои поголеми здравствени проблеми. Односно најмногу што знам е дека имала настинка", објаснила третата ќерка на Бентли, Џинџер Робинс која истакна дека нејзината мајка била одличен пливач. Роуз Мари била дури и на операција на слепото црево и докторите не ѝ рекле ништо, а подоцна се покажало дека всушност извадена ѝ била матката. Роуз со својот сопруг одлучиле да станат донори тела за наука и нивните деца се благодарни што ја дознале вистината. Целиот свет слушна за ова неверојатно откритие кое претставува огромен чекор напред за медицинската наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/feed/ 0