воспаление – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Aug 2022 13:37:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воспаление – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сите ги јадат и пијат, а ОВИЕ НАМИРНИЦИ предизвикуваат ВОСПАЛЕНИЕ во телото и доведуваат до болести! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/site-gi-jadat-i-pijat-a-ovie-namirnici-predizvikuvaat-vospalenie-vo-teloto-i-doveduvaat-do-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/site-gi-jadat-i-pijat-a-ovie-namirnici-predizvikuvaat-vospalenie-vo-teloto-i-doveduvaat-do-bolesti/#respond Wed, 24 Aug 2022 13:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=723292

Начинот на кој се храниме има огромно влијание врз нашето здравје, а тоа понекогаш го забораваме. Постојат намирници кои се полни со витамини и минерали, кои поттикнуваат размножување на добрите бактерии во цревата, а од друга страна, некои намирници поттикнуваат воспаление во организмот. Истражувањата покажаа дека исхраната може да биде директно поврзана со зголемен ризик од хронични болести, благодарение на воспалението во телото, а сето тоа е поврзано со видот на храната што ја јадете. Нутриционистот Илана Малштајн вели дека храната направена со сируп од пченка со висока фруктоза, како и вештачките засладувачи и ароми, се храна која го зголемува воспалението во телото. Овие состојки се наоѓаат во бројни намирници и пијалоци, како газирани сокови, гумени бонбони, разни чоколади… – Внесувањето на шеќер и вештачки состојки доведува до зголемување на нивото на шеќер во крвта и до воспалителен одговор во телото – објаснува Малштајн. Ако се прашувате зошто е толку опасно да имате воспаление во телото, факт е дека постојаното воспаление може да предизвика опасни здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес, ревматоиден артритис… Она што е важно и што научниците го истакнуваат е дека една чаша газиран пијалак или неколку бонбони и чоколади, нема да ги предизвикаат овие болести. Опасно е ако постојано ги јадете овие провоспалителни намирници, бидејќи тогаш тие ќе доведат до хронично воспаление и болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/site-gi-jadat-i-pijat-a-ovie-namirnici-predizvikuvaat-vospalenie-vo-teloto-i-doveduvaat-do-bolesti/feed/ 0
Ве мачи ВОСПАЛЕНИЕ НА МУСКУЛИТЕ по тренинг? Помогнете си себеси на 4 ефективни начини https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ve-machi-vospalenie-na-muskulite-po-trening-pomognete-si-sebesi-na-4-efektivni-nachini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ve-machi-vospalenie-na-muskulite-po-trening-pomognete-si-sebesi-na-4-efektivni-nachini/#respond Thu, 21 Apr 2022 13:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=666495

Редовниот и посветен тренинг бара повремено зголемување на интензитетот и должината на вежбањето, за да се постигнат подобри резултати. Меѓутоа, форсирањето на посилен тренинг може да предизвика воспаление на мускулите, многу непријатна појава која се манифестира со многу силна болка која ве тера да забавите одредено време. Важно е добро да се загревате пред секој тренинг и да се истегнете после него. Ова е првата линија за спречување на воспаление на мускулите. Ако тоа сепак се случи, нема потреба да очајувате или да прибегнувате кон некои лекови. Масажа Истражувањата покажаа дека масажата може да ги ублажи воспалителните процеси и да го забрза опоравувањето на мускулите после тренинг. Јадете правилно Протеините се неопходни за обновување на мускулите, здравите масти се неопходни за правилно функционирање на зглобовите, а јаглехидратите се неопходни за енергија. Затоа ви е потребна урамнотежена и здрава исхрана, и пред и после тренинг. Активно ладење Секој добар тренер и инструктор ќе препорача загревање пред тренинг и ладење на мускулите после него. Овој процес го обновува отчукувањата на срцето и наместо само да лежите, нека биде активно ладење, како истегнување. Пијте многу вода Водата е неопходна за обновување на мускулите, бидејќи одржува здрава циркулација на материи низ телото, ги намалува воспалителните процеси и помага во исфрлањето на штетните материи. Покрај тоа, водата го поддржува внесувањето на хранливи материи во мускулите и го забрзува закрепнувањето на мускулите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ve-machi-vospalenie-na-muskulite-po-trening-pomognete-si-sebesi-na-4-efektivni-nachini/feed/ 0
Нови истражувања: Постои поврзаност меѓу воспаленијата и депресијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-istrazuvanja-postoi-povrzanost-megju-vospalenijata-i-depresijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-istrazuvanja-postoi-povrzanost-megju-vospalenijata-i-depresijata/#respond Mon, 17 May 2021 09:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=511269

Истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, открива нови наводи за поврзаноста меѓу ниско-системското воспаление и депресијата. Имено, испитувањата идентификуваа повисоки нивоа на воспалителен биомаркер кај депресивни лица отколку кај недепресивни лица. Но, иако двете состојби честопати се јавуваат тесно поврзани, не сите експерти се убедени дека системското воспаление со низок степен игра причинска улога при депресијата. Многу воспалителни болести се карактеризираат со тоа што пациентот е склон кон депресивни состојби, но честопати со право се тврди дека депресијата е само несакан ефект на болеста. Користејќи податоци од „УК Биобанк“, проучувањето ја разгледува врската меѓу депресијата и воспалителниот биомаркер наречен Ц-реактивен протеин (ЦРП). Научниот труд опфаќа речиси 86.000 луѓе, од кои околу една третина имале клиничка дијагноза на акутно депресивно нарушување. Истражувачите сметаат дека, во прицип, нивото на ЦРП е повисоко кај депресивни субјекти отколку кај недепресивни субјекти. И по прилагодувањето на другите клинички и бихејвиорални фактори, истражувачите сè уште наоѓаат врска меѓу овој воспалителен биомаркер и депресијата. – Нашата голема анализа на податоци покажа дека социоекономските фактори, лошото здравје, нездравите навики и генетската предиспозиција за имунолошка дисфункција не се единствените објаснувања за врските меѓу депресијата и воспаленијата. Преку овој процес на елиминација, докажуваме дека може да постои основен биолошки процес зад врската меѓу депресијата и зголеменото ниво на воспаление. Ако можеме да го идентификуваме овој процес и поподробно да ја откриеме неговата улога во развојот на депресија, можеме да го отвориме патот за испробување нови третмани за ова раширено ментално растројство, истакна Кармин Паријанте, еден од авторите на трудот. Но, постојат и скептици. Така, Дејвид Куртис од Универзитетскиот колеџ во Лондон смета дека новите откритија не се нови и веќе е познато дека воспалението може да биде поврзано со депресијата. – Оваа студија потврдува дека нивото на ЦРП – обележувач на воспалението, е малку повисоко кај луѓето кои пројавуваат депресија во одреден миг од животот… Се сомневам дека воспалението игра клучна улога во предизвикувањето депресија и не сум сигурен дека оваа студија придонесува многу за нашето разбирање на депресијата, рече Куртис. Претходните истражувања што ги критикуваа ваквите хипотези посочуваат дека односот меѓу двата фактора може да биде индиректен. Според нив, познато е дека слабиот сон и дебелината се поврзани со воспалението и депресијата, па затоа е тешко да се прифати кој било причинско-последичен механизам. – Ако постои причинско-последична врска меѓу воспалението и депресијата, веројатно ќе треба да се развијат прецизни лекови за водење на овој механизам. Потребно е многу повеќе истражувања пред да дојдеме до оваа точка… Секако, нема што да укаже дека луѓето треба да се обидат да ја третираат својата депресија со антиинфламаторни лекови. Освен што немаат докажано влијание врз депресијата, овие лекови имаат и опасни несакани ефекти, додека антидепресивите се безбедни и ефикасни, истакна Куртис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novi-istrazuvanja-postoi-povrzanost-megju-vospalenijata-i-depresijata/feed/ 0