востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Oct 2023 09:48:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Берово на нозе: Востание против влепредавниците – „Заев не гази по коските на партизаните“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/berovo-na-noze-vostanie-protiv-vlepredavnicite-zaev-ne-gazi-po-koskite-na-partizanite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/berovo-na-noze-vostanie-protiv-vlepredavnicite-zaev-ne-gazi-po-koskite-na-partizanite-foto/#respond Wed, 02 Dec 2020 17:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=437733

Вечерва и Берово го дигна својот гласт против власта која што по секоја цена и на штета на Република Македонија се обидува да постигне со Бугарија. Беровчани вечерва масовно излегоа на протест организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ и порачаа: „Заевизам никогаш повеќе“, „Доле Влада“, „Заев не гази по коските на партизаните“... Инаку вечерва се протестира уште во 14 груги градови во Македонија, а попладнево ВМРО-ДПМНЕ блокираше две раскрсници во Скопје, односно пред Владата и пред МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/berovo-na-noze-vostanie-protiv-vlepredavnicite-zaev-ne-gazi-po-koskite-na-partizanite-foto/feed/ 0
Честит 11 Октомври – Македонија го одбележува денот на народното востание на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/#respond Sun, 11 Oct 2020 06:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=414921

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Македонија одбележува 79 години од почетокот на антифашистичкото востание. Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг. На Партизанските гробишта во Бутел во Скопје ќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу. Ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/feed/ 0