возачи на камиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Mar 2020 15:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png возачи на камиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во текот на денот ќе се обезбедат дозволи за возачите на камиони, ќе се дефинираат и протоколите за непречен транспорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/#respond Fri, 20 Mar 2020 15:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=319581

По покренатото барање од Стопанската комора на Македонија, Владата во текот на денов ќе овозможи товарните возила непречено да ги поминат граничните премини, а потребните дозволи да им бидат издадени на возачите при повторниот влез во земјава. Прифатена е иницијативата на Комората за дефинирање посебни протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори. И тие ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. Ова го соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на здруженијата при Комората. На состанокот, како што соопшти Комората, компаниите нагласиле дека е неопходно олеснувањето на влез и излез на стоки и репроматеријали за редовно производство на индустриските капацитети. Апелира побрзо да се воспостават коридори и ефикасни протоколи за непречено одвивање на транспортот во целиот регион. Истовремено повикаа во максимален капацитет да се стави железничкиот сообраќај како алтернатива. Потенцирано беше и дека авионскиот карго превоз е исто така на располагање и компаниите може максимално да го користат. За да се обезбеди непречено работење на производните капацитети, на средбата се заклучи преку Стопанската комора на Македонија компаниите да доставуваат предлози за укинување на царините за сите неопходни репроматеријали и суровини, по кои Владата на РСМ соодветно ќе постапува. -Во овој момент никој не може да предвиди колку ќе трае кризата, како ќе влијае на светската економија и како ќе заврши. Затоа е потребно стопанството и Владата да дејствуваат заеднички и на располагање да се стават сите расположливи ресурси, подвлече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Вицепремиерката Царовска потенцираше дека во моментот е најважно да се следат препораките од Владата и со заеднички сили да се намалат економските импликации врз стопанството. За таа цел продолжува непрекинатата соработка со Стопанската комора на Македонија, со која се комуницира на дневно ниво. – Потребно е капацитетите на индустријата да продолжат со работа и да се задржат вработените. Повикуваме компаниите да ги користат економските мерки кои ги презентираше Владата, и најавуваме нови мерки во следните денови. Владата стои на располагање на компаниите и добредојдени се сите предлози и иницијативи од компаниите, за заеднички што полесно да се пребродат тековните предизвици, посочи Царовска. Во однос на посебните протоколи за овозможување непречено вршење на дејноста на компаниите од специфични сектори појасни дека со нив, со оглед на специфичноста на работењето на некои сектори, ќе се дефинираат посебни протоколи за постапување во случај да се појават заболени од редот на вработените во таквите компании, кај кои, поради специфичноста на дејноста што ја вршат не е можно запирање на производните процеси или чие непрекинато работење е од клучна важност за справување со можното ширење на вирусот (фармацевска дејност, металуршки сектор и прехранбена индустрија, компании кои снабдуваат медицински гасови или снабдуваат храна во здравствените институции, како и компании со над 1.000 вработени). Стопанствениците информираа дека имаат залихи од потребните суровини и репроматеријали и имаат капацитети да одговорат на зголемената побарувачка на домашниот пазар. мч/ац/ 2020-03-20 15:50:14, од Мирјана Чакарова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-tekot-na-denot-kje-se-obezbedat-dozvoli-za-vozachite-na-kamioni-kje-se-definiraat-i-protokolite-za-neprechen-transport/feed/ 0
Укината забраната која важеше со години: Русинките ќе можат да бидат камионџии, морнари и машиновозачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinata-zabranata-koja-vazeshe-so-godini-rusinkite-kje-mozat-da-bidat-kamiondzii-mornari-i-mashinovozachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinata-zabranata-koja-vazeshe-so-godini-rusinkite-kje-mozat-da-bidat-kamiondzii-mornari-i-mashinovozachi/#respond Sat, 17 Aug 2019 10:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=230508

Русинките во иднина ќе можат да работат како возачи на камион, машиновозачи, морнари, соопшти руското Министерство за труд откако го ревидира списокот на професии кои се забранети за жените во Русија. Претходната листа содржела околу 400 забранети занимања за жените, што подрзбира тешка работа или се поврзани со опасни услови, но сега се останати само стотина. Сепак, ако работодавачот обезбеди сигурни услоби за работа, можно е да се вработат жени. – Ги укинавме рестрикциите за жени на следните работни места: возач на тешко возило и на земјоделски машини како што се камиони, трактори… освен возачи на градежни машини, како што се булдожери и слично, наведува Министерството. Жените ќе можат да бидат капетани на брод, но и морнари, како и машиновозачи во обични и брзи возови. Меѓу професиите кои останауваат забранети за жените се оние што се поврзани со хемиско производство, рударство, дупчење, обработка на метал, заварување, производство на нафта и гас, индустрија на обиени и необоени метали, електронско и радиотехничко производство, производство и одржување на авиони, односно бродови, и други тешки работи. Новата листа со професии за Русинките стапува во сила на 1 јануари 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukinata-zabranata-koja-vazeshe-so-godini-rusinkite-kje-mozat-da-bidat-kamiondzii-mornari-i-mashinovozachi/feed/ 0