воздушен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 13:34:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воздушен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно отворен воздушниот простор над Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874424

Воената хунта во Нигер повторно го отвори воздушниот простор на земјата за сите комерцијални летови, откако беше затворен од 6 август, соопшти денеска портпаролот на Министерството за транспорт. Исклучувањето ги принуди Ер Франс и другите европски авиопревозници да прекинат некои летови и да летаат подолги рути низ африканскиот континент. Хунтата првично го затвори воздушниот простор на Нигер, наведувајќи дека постои можност за воена интервенција од земјите-членки на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povtorno-otvoren-vozdushniot-prostor-nad-niger/feed/ 0
Експлозии во Киев, затворен воздушен простор над аеродром во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-kiev-zatvoren-vozdushen-prostor-nad-aerodrom-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-kiev-zatvoren-vozdushen-prostor-nad-aerodrom-vo-moskva/#respond Fri, 11 Aug 2023 09:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=865795

Експлозии беа регострирани денеска во украинскиот главен град Киев, откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради можни дронови во областа. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи и воздухопловните сили региострирале руски суперсонични ракетни напади во областа Киев. - Експлозии во градот. Останете во засолништата!, напиша Кличко на Телеграм. Според него, делови од соборена ракета паднале во просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени и нема причинета штета. Јавниот сервис Суспилна објави дека имало експлозии во регионите Виниција и Хмелницки во централниот и западниот дел на земјата. Полетувањата и слетувањата на аеродромот во Москва се прекинати поради можни беспилотни летала, јавија руските емдиуми. Од причини кои се надвор од контрола на аеродромот, на Внуково се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авиони, соопштија од аеродромот. Од безбедносни причини, некои летови беа пренасочени кон други аеродроми во московскиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-kiev-zatvoren-vozdushen-prostor-nad-aerodrom-vo-moskva/feed/ 0
Турција го затвори воздушниот простор за ерменски авиони поради споменик во Ереван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ermenski-avioni-poradi-spomenik-vo-erevan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ermenski-avioni-poradi-spomenik-vo-erevan/#respond Wed, 03 May 2023 17:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=830282

Турција го затвори својот воздушен простор за ерменските авиони како одмазда за подигањето споменик во Ереван за кој Анкара тврди дека им оддава почит на одговорните за убиствата на турски функционери, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Чавушоглу за телевизијата НТВ изјави дека Турција ќе преземе дополнителни мерки доколку во главниот град на Ерменија не биде отстранет споменикот со кој се „слават“ Ерменците вклучени во убиствата на отоманските и азербејџанските функционери во 1920-тите и турските дипломати во 1970-тите и 1980-тите години. - Не можеме да го прифатиме ова. Можеме јасно да видиме дека нивните намери не се добри, рече Чавушоглу. Турција одлучи да ги забрани летовите за ерменските авиони во време кога двете земји, кои немаат дипломатски односи, водат преговори за нормализирање на односите по децениско непријателство. Ерменија и Турција назначија специјални пратеници кои одржаа неколку рунди преговори, што резултираше со договор за обновување на чартер летовите меѓу Истанбул и Ереван. Двете земји се непријатели повеќе од еден век поради смртта на околу 1,5 милиони Ерменци во масакри и депортации што започнаа во 1915 година во Отоманската империја. Историчарите генерално ги означуваат тие настани како геноцид, на што Турција се противи. Иако не оспорува дека многу Ерменци загинале во тој период, Анкара инсистира дека тие загинале во немири и оти бројката од 1,5 милиони жртви е претерана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ermenski-avioni-poradi-spomenik-vo-erevan/feed/ 0
СИРИЈА Е БЕЗПОМОШНА – чудно нешто се случува над небото во земјата која беше опустошена од земјотресот во понеделникот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-e-bezpomoshna-chudno-neshto-se-sluchuva-nad-neboto-vo-zemjata-koja-beshe-opustoshena-od-zemjotresot-vo-ponedelnikot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-e-bezpomoshna-chudno-neshto-se-sluchuva-nad-neboto-vo-zemjata-koja-beshe-opustoshena-od-zemjotresot-vo-ponedelnikot-foto/#respond Wed, 08 Feb 2023 12:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=797849

Сирискиот Црвен крст вчера ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.600 луѓе во таа земја. „Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се направи тоа по ваков земјотрес“, изјави директорот на сирискиот разгранок на Црвениот крст, Калед Хабубати, на прес-конференција во Дамаск. Сирија, на чело со претседателот Башар ал-Асад, е под меѓународни санкции од почетокот на војната во 2011 година, што значително ја намали трговијата со остатокот од светот. Дамаск посочува дека економската криза во земјата е директна последица на меѓународните санкции. Тие мерки против Дамаск беа воведени по задушувањето на продемократските протести, а земјата потоа потона во граѓанска војна, што ја опустоши. Според Хабубати, сирискиот Црвен крст мобилизирал повеќе од 3.000 доброволци да учествуваат во потрагата и спасувањето во погодените области. Разорниот земјотрес го погоди и југот на соседна Турција. Во Сирија загинаа 1.622 лица, а повеќе од 3.600 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди земјата во понеделникот. Граѓанската војна, која трае повеќе од единаесет години, во голема мера го исцрпи капацитетот на земјата сама да се справи со таква природна катастрофа. Сириската армија продолжува да се судира со разни бунтовнички групи, вклучително и терористички организации, како Ал Нусра и Исламската држава. Во меѓувреме она што може да се забележи дека навистина е жално и поразително што цели два дена по земјотресот небото над Сирија е празно и не може да се забележи ниту еден авион со донации преку возушен пат... Дали ситуацијата ќе се промени во следниот период останува да видиме...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-e-bezpomoshna-chudno-neshto-se-sluchuva-nad-neboto-vo-zemjata-koja-beshe-opustoshena-od-zemjotresot-vo-ponedelnikot-foto/feed/ 0
Финска соопшти дека руски авиони влегле во нејзин воздушен простор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-deka-ruski-avioni-vlegle-vo-nejzin-vozdushen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-deka-ruski-avioni-vlegle-vo-nejzin-vozdushen-prostor/#respond Thu, 18 Aug 2022 17:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=720693

Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ утринава навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот, а авионите летале во насока запад. Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури. Руската агенција „Интерфакс“ повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, соопшти дека руската армија префрлила три борбени авиони „Миг-31Е“ опремени со хиперсонични ракети „Кинжал“ во Калининград, руската енклава меѓу Полска и Литванија на брегот на Балтичкото Море. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-soopshti-deka-ruski-avioni-vlegle-vo-nejzin-vozdushen-prostor/feed/ 0
Америка испрати авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор, во источното крило на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/#respond Wed, 01 Jun 2022 07:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=684714

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија. Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана. -Таа нема да биде оставена, рече министерот за одбрана. Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/feed/ 0
Руски хеликоптер влегол во финскиот воздушен простор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-vlegol-vo-finskiot-vozdushen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-vlegol-vo-finskiot-vozdushen-prostor/#respond Thu, 05 May 2022 05:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=672004

Руски хеликоптер го нарушил финскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во јужниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Финска. Инцидентот се случил вчера околу 10:40 часот во близина на населените места Парика и Кесалахти во близина на копнената граница со Руската Федерација во близина на Карелискиот теснец. Хеликоптер од типот „Ми-17“ прелетал четири до 4,5 километри внатре во финска територија. Финската погранична полиција го истражува инцидентот. Ова е втор ваков инцидент годинава. Претходниот се случи на 8 април во регионот Порво, но тогаш во финскиот воздушен простор влезе патнички авион на Руската Федерација. Во Финска и Шведска се водат дебати за влез во НАТО, а одлуката за аплицирање може да се донесе веќе овој месец. Според извештаите на медиумите, Финска би можела одлуката за членство во Алијансата да го донесе веќе наредната седмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-helikopter-vlegol-vo-finskiot-vozdushen-prostor/feed/ 0
Украинците тврдат дека и натаму го контролираат својот воздушен простор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-tvrdat-deka-i-natamu-go-kontroliraat-svojot-vozdushen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-tvrdat-deka-i-natamu-go-kontroliraat-svojot-vozdushen-prostor/#respond Sat, 02 Apr 2022 07:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=657245

Украинската војска и натаму го контролира својот воздушен простор, објави командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук. „Непријателот никогаш, ниту во моментов не го контролира украинското небо“, напиша Олешчук на Фејсбук. „Руската војска се обиде да ги елиминира украинските воздухопловни сили по почетокот на инвазијата на 24 февруари, но не успеа“, се наведува во неговата објава. Олешчук вели дека Русите се помалку напаѓаат со авиони, а се повеќе со проектили од далечина, пренесува агенцијата ДПА. Тој побара од западните сојузници дополнително оружје за Украина, вклучувајќи борбени авиони и противракетни системи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraincite-tvrdat-deka-i-natamu-go-kontroliraat-svojot-vozdushen-prostor/feed/ 0
Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/#respond Fri, 04 Mar 2022 15:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=641043

Воздушниот простор на Црна Гора е затворен за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на предлог на Министерството за капитални инвестиции, потврдија од црногорското министерството за Радио Слободна Европа. „Министерството за надворешни работи ги усогласи и прифати директивите на ЕУ поврзани со санкциите против Русија и го извести Министерството за капитални инвестиции, кое потоа испрати барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство, која ја објави забраната за летови. После тоа процедурите беа предадени кон Србија и Црна Гора. Ова значи дека црногорскиот воздушен простор е затворен за сите руски авиони“, соопштуваат од министерството за РСЕ. Заедничката државна агенција за контрола на летање на Србија и Црна Гора е задолжена за контролата на летање во воздушниот простор на Црна Гора, Србија и делот од небото над Јадранското Море. Како што објаснуваат за РСЕ од министерството, Владата на Црна Гора била информирана за сите процедури и во „вакви случаи не мора да носат посебна одлука“. Со ова, Црна Гора им се приклучи на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), кои на 27-ми февруари го затворија својот воздушен простор за Русија, како одговор на руската воена инвазија на Украина. Еден ден подоцна, Русија го затвори својот воздушен простор за авиокомпании од 36 земји, вклучително и сите 27 членки на ЕУ, како одговор на западните санкции. Оваа одлука на Владата на Црна Гора е уште една во низата кои што се усогласени со надворешната политика на ЕУ, а на која се обврзани преку преговорите за членство. Претходно Црна Гора протера руски дипломат од земјата. Црногорското министерство за надворешни работи соопшти дека причината за одлуката е проценка на безбедносните тела за активностите на рускиот дипломат кои биле во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-zatvori-vozdushniot-prostor-za-ruski-avioni/feed/ 0
Украина бара затворање на воздушниот простор над нуклеарните централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zatvoranje-na-vozdushniot-prostor-nad-nuklearnite-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zatvoranje-na-vozdushniot-prostor-nad-nuklearnite-centrali/#respond Thu, 03 Mar 2022 12:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=640177

Украина ја замоли Меѓународната агенција за атомска енергија, да побара помош од НАТО, за да се затвори воздушниот простор над подрачјата каде се наоѓаат нуклеарните централи. Со тоа, би се спречил можен „нуклеарен тероризам“ од страна на Русија, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Инсистираме да се преземат итни, решителни активности“, се наведува во соопштението на Министерството, преземено од британските медиуми. Украина има 15 нуклеарни реактори, а Русија веќе ја презеде затворената нуклеарна централа во Чернобил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-bara-zatvoranje-na-vozdushniot-prostor-nad-nuklearnite-centrali/feed/ 0