воздушни напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 06:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воздушни напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русите во текот на ноќта извеле нова серија воздушни напади врз Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-vo-tekot-na-nokta-izvele-nova-serija-vozdushni-napadi-vrz-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-vo-tekot-na-nokta-izvele-nova-serija-vozdushni-napadi-vrz-kiev/#respond Tue, 06 Jun 2023 06:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=842554

Русија во текот на ноќта почна нова серија воздушни напади врз Киев, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесоа британските медиуми. -Сите беа соборени, немаше погодоци во целта, изјави шефот на воената администрација во Киев, Серхи Попко, во порака на каналот Телеграм. Британските медиуми наведуваат дека не е можна независна потврда на извештаите. Очевидци навеле дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана. Градот, инаку, беше под предупредување за воздушен напад повеќе од четири часа, почнувајќи непосредно по полноќ. Украинската војска соопшти дека остатоците од уништените проектили паѓале на патиштата и ги оштетиле далноводите за тролејбус во киевскиот кварт Десниански. Според првичните информации на официјални лица од Киев, во ноќешните напади нема жртви. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-vo-tekot-na-nokta-izvele-nova-serija-vozdushni-napadi-vrz-kiev/feed/ 0
Судан: Се интензивираат воздушните напади врз цели во Картум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-se-intenziviraat-vozdushnite-napadi-vrz-tseli-vo-kartum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-se-intenziviraat-vozdushnite-napadi-vrz-tseli-vo-kartum/#respond Wed, 19 Apr 2023 12:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=825496

Рано изутринава се интензивираа воздушните напади врз цели во суданскиот главен град Картум, јави известувачот на ДПА од теренот, откако обидот да се воспостави 24-часовен прекин на огнот не успеа. Пукање се слушна и на петтиот ден од борбите меѓу ривалските војски. Примирјето требаше да започне во вторник во 18 часот и да трае 24 часа. Неуспешните напори за прекин на огнот го одбележаа третиот неуспешен обид на армискиот началник и де факто водач Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот заменик Мохамед Хамдан Дагло, шеф на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), да ги прекинат непријателствата. Двајца најмоќнит генерали и нивните трупи се борат за превласт во политички нестабилната земја во североисточна Африка. Тие двајца владеат со земјата со околу 46 милиони луѓе, богата со злато и нафта, од воениот удар во 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudan-se-intenziviraat-vozdushnite-napadi-vrz-tseli-vo-kartum/feed/ 0
Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-vozdushni-napadi-vrz-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-vozdushni-napadi-vrz-pojasot-gaza/#respond Thu, 23 Feb 2023 06:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=803950

Израелските сили рано утринава извршија воздушни напади врз Појасот Газа, од каде претходно беа истрелани ракети на израелска територија. Погодени се цели во северниот дел на градот Газа. Во соопштение израелската војска соопшти дека го напаѓа Појасот Газа. Претходно од Газа беа истрелани шест ракети, од кои пет беа пресретнати од израелскиот систем за ПВО, а шестата падна во ненаселена област.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-vozdushni-napadi-vrz-pojasot-gaza/feed/ 0
Јемен: Во воздушните напади на коалицијата загинаа 52 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-vo-vozdushnite-napadi-na-koalicijata-zaginaa-52-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-vo-vozdushnite-napadi-na-koalicijata-zaginaa-52-lica/#respond Sun, 01 Sep 2019 12:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=235729

Јеменските власти соопштија дека најмалку 52 лица загинаа во денешните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Цел на нападот била зградата на Универзитетот во Дамар, која Хутите ја користат како притворен центар. Бунтовниците соопштија дека при нападот повредени се околу 50 луѓе. Коалицијата соопшти дека мета на нападот било складиште за дронови и ракети. Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади. Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран. Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jemen-vo-vozdushnite-napadi-na-koalicijata-zaginaa-52-lica/feed/ 0
Во напади врз сириски бази најмалку 40 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadi-vrz-siriski-bazi-najmalku-40-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadi-vrz-siriski-bazi-najmalku-40-zaginati/#respond Mon, 30 Apr 2018 07:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=47785

Сириската војска соопшти дека неколку воени бази во провинциите Хами и Алепо биле погодени од ракети, во како што нагласија - „нова непријателска агресија“, јави сириската државна телевизија. Ирански медиуми јавија дека во синоќешните ракетни напади во северниот дел на Сирија биле убиени најмалку 40 луѓе, а 60 лица ранети, нагласувајќи дека меѓу загинатите има и 18 Иранци. Според тврдењата на официјални сириски медиуми, девет ракети биле испукани од британските и американски бази во северниот дел на Јордан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napadi-vrz-siriski-bazi-najmalku-40-zaginati/feed/ 0
Меј: Акцијата во Сирија е оправдана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-akcijata-vo-sirija-e-opravdana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-akcijata-vo-sirija-e-opravdana/#respond Mon, 16 Apr 2018 17:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=41469

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Сирија се обидува да ги скрие фактите за хемискиот напад што беше извршен со асистенција на својот сојузник Русија, истакнувајќи дека воената акција била и „морално и легално оправдана“. - Одлуката Британија да изведе воздушни напади врз Сирија беше во национален интерес на земјата и не е резултат на притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп. Не го сторивме тоа на барање на претседателот Трамп, туку го направивме бидејќи веруваме дека тоа е праведна работа и оти не сме сами. За акцијата што ја презедовме постои широка меѓународна поддршка, истакна Меј во обраќањето пред Парламентот. Меј ја бранеше одлуката Велика Британија да им се придружи на САД и Франција во воздушните напади врз Сирија, откако дел од пратениците истакнаа дека за акцијата прво требаше да се гласа во Парламентот. Британската премиерка посочи дека воена акција „не е само морално оправдана, туку и легална“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-akcijata-vo-sirija-e-opravdana/feed/ 0
Путин: Нови напади врз Сирија би предизвикале хаос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-novi-napadi-vrz-sirija-bi-predizvikale-haos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-novi-napadi-vrz-sirija-bi-predizvikale-haos/#respond Sun, 15 Apr 2018 16:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=41003

Евентуални нови ракетни напади врз Сирија би предизвикале хаос во меѓународните односи, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани. Како што соопшти Кремљ, Путин и Рохани размениле мислења за состојбата во Сирија по вчерашните напади на САД, Велика Британија и Франција врз објекти на сириските власти, како и за „вкупната ситуација на Блискиот Исток, случувањата во Јемен и за понатамошниот развој на руско-иранската соработка и зајакнување на меѓусебните врски во трговско-економската сфера“. Во соопштението се нагласува дека двајцата лидери се согласиле оти вчерашната „илегалната акција“ на трите западни земји има негативно влијание врз шансите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија. - Владимир Путин посебно нагласи дека ако продолжат таквите акции, со кои се крши Повелбата на ОН. неизбежно ќе биде предизвикан хаос во меѓунардоните односи, се истакнува во соопштението на Кремљ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-novi-napadi-vrz-sirija-bi-predizvikale-haos/feed/ 0
Асад се сретна со руски пратеници, вели дека Сирија е цел на агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asad-se-sretna-so-ruski-pratenici-veli-deka-sirija-e-cel-na-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asad-se-sretna-so-ruski-pratenici-veli-deka-sirija-e-cel-na-agresija/#respond Sun, 15 Apr 2018 11:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=40900

Сирискиот водач Башар ал Асад денеска се сретна со група руски пратеници, при што изјави дека ракетните напади на САД, Британија и Франција врз Дамаск и Хомс се „акт на агресија“. - Од гледна точка на претседателот, ова беше агресија, а ние го споделуваме неговиот став, изјави рускиот пратеник Сергеј Железњак за новинската агенција ТАСС, по средбата со Асад. Според руските пратеници, Асад бил добро расположен и продолжувал да работи нормално. Друг руски пратеник кој учествуваше во делегацијата изјави дека Сирија успеала да го сузбие нападот со противракетни системи произведени од Советскиот Сојуз уште во 1970-ите години. Руски претставници тврдат дека најголем дел од ракетите биле соборени пред да ги погодат своите цели. Пентагон вчера ги негираше овие тврдења, укажувајќи дека сите три цели сириски биле погодени, и со тоа значително бил ослабнат капацитетот на сириската армија во иднина да врши напади со хемиско оружје. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/asad-se-sretna-so-ruski-pratenici-veli-deka-sirija-e-cel-na-agresija/feed/ 0
Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-kosovo-gi-podrzaa-napadite-vrz-sirija-predvodeni-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-kosovo-gi-podrzaa-napadite-vrz-sirija-predvodeni-od-sad/#respond Sun, 15 Apr 2018 09:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=40829

Албанија и Косово застанаа зад воздушнте напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и  Франција. Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници. - Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на страната на нашите сојузници и ја подржуваме одлучноста на претседателот Трамп во заштитата на човечките животи  и човековите права, стои во реакцијата на Мета. Подршка даде и Владата во Тирана преку Министерството за надворешни работи а не изостана ни поддршка за нападите  од опозициската Демократска партија, која ги смета за целосно легитимни. На иста линија со Албанија се и косовските институции и политичките партии. - Косово ја подржува интервенцијата на евоатланските сојузници за да се спречи режимот на Асад во Сирија. Хемските напади врз невините цивили се неправедни, а обидот на демократските земји да воспостават мир во оваа земја е неопходна активност, смета косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Косовските медуми наведуваат дека во нападите се користени идентични бомби како и при нападите што во 1999 година ги изврши НАТО врз Србија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-kosovo-gi-podrzaa-napadite-vrz-sirija-predvodeni-od-sad/feed/ 0
Трамп: Многу сум горд на нашата армија, наскоро ќе биде најдобрата што некогаш постоела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mnogu-sum-gord-na-nashata-armija-naskoro-kje-bide-najdobrata-shto-nekogash-postoela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mnogu-sum-gord-na-nashata-armija-naskoro-kje-bide-najdobrata-shto-nekogash-postoela/#respond Sat, 14 Apr 2018 14:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=40665

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави, како што рече, перфектно направената акција откако одобри серија на воздушни напади во Сирија како одговор за наводниот напад со хемиско оружје. Тој на Твитер им се заблагодари на Франција и Велика Британија поради мудроста и моќта во нивните армии. -Многу сум горд на нашата армија, што наскоро, откако ќе потрошиме милијарди долари, ќе биде најдобрата која нашата држава некогаш ја имала. Нема да постои ништо и никој кој ќе биде близу нас, напиша Трамп.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-mnogu-sum-gord-na-nashata-armija-naskoro-kje-bide-najdobrata-shto-nekogash-postoela/feed/ 0