воздушни удари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Jun 2020 07:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png воздушни удари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турски воздушни удари врз позициите на Курдите во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/#respond Mon, 15 Jun 2020 07:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=357943

Турските воени авиони ноќеска ги нападнале курдските позиции во северен Ирак, за британските медиуми изјави турски безбедносен извор. Турското Министерство за одбрана потврди дека нивните авиони почнале операција во различни ирачки северни региони, како одговор на зголемениот број напади врз турските воени бази. „Почна операцијата ’Орлови канџи’. Нашите авиони уништуваат пештери врз главите на терористите“, соопшти Министерството на Твитер. Британските медиуми наведуваат дека воените авиони полетале од разни бази во Турција, особено од југоисточните градови Дијарбакир и Малатија, и ги погодиле логорите на Курдската работничка партија (ПКК) во Ирак, вклучувајќи го и планинскиот регион Кандил, каде што е седиштето на оваа организација. Министерството за одбрана подоцна соопшти дека биле нападнати упориштата на ПКК во Кандил, во близина на границата со Иран, како и подрачјето на Синјар, Зап, Авасин-Басијан и Хакурк. Ова е последен во серијата напади на турската војска врз позициите на ПКК, левоориентирана паравоена организација, која е во вооружен судир со Турција од 1984 година. Во конфликтот досега се убиени повеќе од 40.000 лица, главно во југоисточна Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turski-vozdushni-udari-vrz-poziciite-na-kurdite-vo-irak/feed/ 0