Вози право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 15:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вози право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на здрав живот со ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/promotsija-na-zdrav-zhivot-so-revijalnata-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/promotsija-na-zdrav-zhivot-so-revijalnata-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-vo-skopje/#respond Sun, 28 May 2023 15:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=839772

Велосипедисти, лица на ролерки и тротинети, како и мајки со детски колички земаа учество на ревијална трка „Вози право, вози здраво“ која што по седми пат се одржа денеска во Скопје. Со ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во Скопје, целта е да се промовира здрав живот и чиста средина, изјави за МИА Јасмина Добрашевиќ Костова, еден од организаторите на настанот. Трката започна од 11 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк. Како што појасни Добрашевиќ Костова, станува збор за ревијална трка и не е важно кој ќе пристигне прв на целта, бидејќи нема победници. - На целта во Градскиот парк нѐ очекуваат „Пет плус фамилија“, имаме диџеј, програма и многу богата лотарија. Очекуваме во парк да се собереме околу 10.000 - 11.000 учесници, односно посетители на настанот. Имаме и бебиња, доаѓаат мајки со колички, имаме и таква категорија, потоа возрасни велосипедисти, деца велосипедисти, лица на ролери, на тротинети. Од најмали, до најстари. Целта на трката е промоција на алтернативниот транспорт, да го ослободиме градот од возила, додаде таа во изјава за МИА. Станува збор за седми ваков настан. - По секој настан, заедно со Град Скопје се спроведуваат донации, нагласи Добрашевиќ Костова. Таа, меѓу другото, потсети дека го опремиле градот со паркинзи за велосипеди, средни училишта добиле паркинзи за велосипеди, биле поставени станици за поправка на велосипеди на повеќе локации низ градот, па и низ државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/promotsija-na-zdrav-zhivot-so-revijalnata-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-vo-skopje/feed/ 0
Ревијална трка „Вози право, вози здраво“ по седми пат во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revijalna-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-po-sedmi-pat-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revijalna-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-po-sedmi-pat-vo-skopje/#respond Sun, 28 May 2023 07:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=839626

Ревијална трка „Вози право, вози здраво“ по седми пат ќе се одржи денеска во Скопје. Стартот на трката ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк. - Времето на учесниците нема да се мери, а главната цел е да се пренесе пораката за значењето на здравата животна средина, како и намалување на сообраќајниот метеж преку користење на алтернативни средства за превоз кои не ја загадуваат околината, велат организаторите. Поради трката ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим. -Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие сообраќајници. Апелираме граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/revijalna-trka-vozi-pravo-vozi-zdravo-po-sedmi-pat-vo-skopje/feed/ 0