возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 10:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десетина европски градови бараат построги мерки против емисиите на гасови од возилата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=887402

Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила. Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат поблаг пристап од предлогот на Европската комисија од ноември 2022 година, кој предвидува значително намалување на емисиите на азотен моноксид и на честички од возилата. Градоначалниците потписници на петицијата, иницирана од Градот Париз, сметаат дека предлогот усвоен од Советот на ЕУ на крајот на септември „претставува уназадување и неспроведување на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот и емисиите на гасови од моторните возила“. - Ние, претставниците на големите европски градови кои концентрираат 75 отсто од европското население, не можеме да прифатиме такво демократско негирање и таков скандал, се наведува во петицијата, која покрај градоначалниците на Париз, Рим и Брисел, ја потпишаа и првите луѓе на Загреб, Крижевци, Бордо, Монпеље, Безансон и Лион. Потписниците на петицијата сметаат дека со измените усогласени од земјите членки на ЕУ наместо да се принудува производителите на возила да се усогласат со амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови, Унијата „се усогласува со нивните барања и интереси“. - Доколку се усвои (предлогот) ќе овозможи загадување, а со тоа и убивање, непочитувајќи ги стандардите на СЗО. Ова ќе биде нов скандал за јавното здравство од европски размери, тврдат потписниците на петицијата. „Судинфо“ наведува дека секоја година од последици од загадувањето на воздухот во ЕУ умираат по околу 70.000 лица. Совет на ЕУ на 25 септември ги усогласи позициите на земјите членки на Унијата за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-protiv-emisiite-na-gasovi-od-vozilata-2/feed/ 0
При контрола на возила кои превезуваат ученици констатирани 75 прекршоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=880819

Седумдесет и пет прекршоци се констатирани при акциска контрола на Министерството за внатрешни работи со цел зголемување на безбедноста на учениците, односно нивниот транспорт до училиштето и назад. Контролата е спроведена денеска во периодот од 06 до 10 часот. По Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 19 прекршоци на подрачјето на СВР Штип, во СВР Велес 14, во СВР Битола 10, а по девет прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Струмица и СВР Куманово. Седум прекршоци се констатирани во СВР Охрид, четири во СВР Тетово и три на територија на СВР Скопје. По Законот за возила изречени се девет прекршоци од кои пет на подрачјето на СВР Тетово и по една на подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово. За време на акциските контроли, извршени биле проверки на 52 возила што вршат јавен превоз, а преземени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила биле упатени на вонреден технички преглед, а 13 возила биле исклучени од сообраќај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-kontrola-na-vozila-koi-prevezuvaat-uchenitsi-konstatirani-75-prekrshotsi/feed/ 0
Со возила оштетиле метални столбчиња и избегале, но полицијата го најде во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-vozila-oshtetile-metalni-stolbchina-i-izbegale-no-politsijata-go-najde-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-vozila-oshtetile-metalni-stolbchina-i-izbegale-no-politsijata-go-najde-vo-bitola/#respond Wed, 16 Aug 2023 16:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=867559

На 15.08.2023, полициски службеници од сообраќајната полиција при СВР Битола ги пронашле патничките моторни возила кои извршиле оштетување на столбовите поставени на ул.„Никола Тесла" во Битола. Имено, патничко возило „фиат пунто", управувано од А.Т.(37) од Битола и патничко возило „мерцедес", управувано од Н.А.(29) од Битола, двете со битолски регистарски ознаки, на 14.08.2023 во 03:00 часот, односно на 13.08. во 05:00 часот оштетиле повеќе метални столбчиња поврзани со метални синџири на тротоарот од улицата. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола, по што учесниците во незгодата биле повикани во полициска станица и по документирање на настаните ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-vozila-oshtetile-metalni-stolbchina-i-izbegale-no-politsijata-go-najde-vo-bitola/feed/ 0
Меџити: Од Владата побаравме нови 22 возила за Итната медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/#respond Wed, 26 Jul 2023 11:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=860210

Министерството за здравство доставило барање до Владата на РСМ за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, што се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите. Ова го соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити при денешната посета на службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, каде беше информиран за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава. -Меџити разговараше со здравствените работици кои се дел од оваа служба и кои се во прва линија кога станува збор за итни случаи на кои им е потребна здравствена заштита, интересирајќи се за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на терен, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Во текот на средбата Меџити посочи дека службата за Итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето на навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и дека токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети. Информацијата за набавката на нови возила за потребите на Итната медицинска помош, како што се додава во соопштението, беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/feed/ 0
Пожар во автомобили на соседи во Сарај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-vo-avtomobili-na-sosedi-vo-saraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-vo-avtomobili-na-sosedi-vo-saraj/#respond Sun, 02 Apr 2023 19:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=819146

На 01.04.2023 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„2“ во с.Сарај, скопско, настанал пожар во патничко возило „тојота“, сопственост на Љ.Ѓ.(58) од с.Сарај и патничко возило „фиат пунто“, сопственост на Ј.Ѓ. од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozhar-vo-avtomobili-na-sosedi-vo-saraj/feed/ 0
ЕУ ја одложи забраната за продажба на возила на бензин и дизел до 2035 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-vozila-na-benzin-i-dizel-do-2035-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-vozila-na-benzin-i-dizel-do-2035-godina/#respond Fri, 03 Mar 2023 14:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=807700

Одложено е гласањето на земјите од Европската унија за законот со кој се става крај на продажбата на нови автомобили со внатрешно согорување, односно продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2035 година, бидејќи Германија и Италија се против ваквото решение. Бидејќи не е одреден нов датум за гласање на иницијативата, портпаролот на шведската Влада, која претседава со ЕУ, рече дека амбасадорите на земјите-членки ќе се вратат на темата „во некое догледно време“. По неколкумесечни преговори, Европскиот парламент и Европската комисија се усогласија за законот со кој ќе се бара сите нови автомобили продадени во ЕУ од 2035 година да имаат нула емисија на јаглерод диоксид, односно од тогаш да се оневозможи продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување. Критиките за ваквото законско решение дојдоа најпрво од Германија, по што и Италија се побуни против законот, бидејќи од двете земји со силна автомобилска индустрија сметаат дека определениот рок е премногу амбициозен и предвремен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-vozila-na-benzin-i-dizel-do-2035-godina/feed/ 0
Пожар во Скопје, изгореа две возила „Ауди“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-skopje-izgorea-dve-vozila-audi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-skopje-izgorea-dve-vozila-audi/#respond Thu, 29 Dec 2022 18:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=782280

На 29.12.2022 околу 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац за продажба на автомобили на ул.„Александар Урдаревски“ настанал пожар во патничко возило „ауди Q7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Љ.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-skopje-izgorea-dve-vozila-audi/feed/ 0
РТС: Полицијата во Приштина потврди дека од утре ќе казнува за возила со српски таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-policijata-vo-prishtina-potvrdi-deka-od-utre-kje-kaznuva-za-vozila-so-srpski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-policijata-vo-prishtina-potvrdi-deka-od-utre-kje-kaznuva-za-vozila-so-srpski-tablichki/#respond Mon, 21 Nov 2022 19:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=764408

Српскиот јавен сервис РТС вечерва објави дека полицијата во Приштина потврдила дека од утре во 08:00 часот ќе почне со казнување на возачи од Косово кои имаат српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово, пренесе Бета. „Спроведувањето на одлуката за изрекување казни согласно важечките закони, според проценката и планот на полицијата, се очекува да почне на 22 ноември во утринската смена“, соопшти косовската полиција. Некои медиуми на албански јазик објавија, но оваа информација не е потврдена, дека на специјалните полициски единици на Косово им е наредено да се подготват за преселба на север. Во попладневните часови од базата Белведере на југот на Митровица кон север се забележани движења на специјалните единици во оклопни возила, каде вообичаено се наоѓаат четири бази на мобилните единици на граничната полиција, пренесе Бета. Командата на мисијата ЕУЛЕКС и КФОР посочуваат дека нивните припадници, иако се присутни на терен, не можат да ја преземат улогата на полицијата и дека тоа не е во нивниот мандат, јави РТС. Според првичниот план во Приштина, од денеска, 21 ноември, требаше да почне казнување од 150 евра за возачите кои нема да ги пререгистрираат возилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-policijata-vo-prishtina-potvrdi-deka-od-utre-kje-kaznuva-za-vozila-so-srpski-tablichki/feed/ 0
Од денес задолжително поседување на зимска опрема во возилата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/#respond Tue, 15 Nov 2022 06:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=760642

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува денеска и ќе трае до 15 март следната година. Обврската е пропишана во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. -Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, стои во Законот. Правилник за задолжителна опрема во возилото под зимска опрема: 1.9 Зимска опрема Член 11 (1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. (2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. (3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата. (4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. (5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/feed/ 0
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Од утре задолжително поседување на зимска опрема во возилата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zaboravajte-od-utre-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zaboravajte-od-utre-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/#respond Mon, 14 Nov 2022 07:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=760029

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува утре (15 ноември). Обврската е пропишана во член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. -Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, стои во Законот. Правилник за задолжителна опрема во возилото под зимска опрема: 1.9 Зимска опрема Член 11 (1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. (2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира: – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. (3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm. – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата. (4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. (5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-zaboravajte-od-utre-zadolzitelno-poseduvanje-na-zimska-oprema-vo-vozilata/feed/ 0