возови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 10:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png возови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат само ЕДНАШ дневно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovi-od-skopje-kon-bitola-i-obratno-ke-soobrakaat-samo-ednash-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovi-od-skopje-kon-bitola-i-obratno-ke-soobrakaat-samo-ednash-dnevno/#respond Sun, 22 Oct 2023 10:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=891861

Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, што значи дека патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола. Железници на Република Македонија - Транспорт АД Скопје на нивната официјална страна без да наведат подетални информации соопштуваат дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovi-od-skopje-kon-bitola-i-obratno-ke-soobrakaat-samo-ednash-dnevno/feed/ 0
Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-na-relatsija-skopje-veles-nema-da-soobrakaat-od-26-juni-do-10-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-na-relatsija-skopje-veles-nema-da-soobrakaat-od-26-juni-do-10-juli/#respond Fri, 23 Jun 2023 08:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=848873

Патничките возови 601 на релација Скопје - Велес и 2080 на релација Велес - Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Причината е, како што посочуваат, извршување на работни задачи на одржување на пругата, со цел зголемување на брзината на движењето на возовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozovite-na-relatsija-skopje-veles-nema-da-soobrakaat-od-26-juni-do-10-juli/feed/ 0
Се судрија два воза кај Барселона, најмалку 155 повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sudrija-dva-voza-kaj-barselona-najmalku-155-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sudrija-dva-voza-kaj-barselona-najmalku-155-povredeni/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=772173

Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош. Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата. Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница. Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада. Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн. Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sudrija-dva-voza-kaj-barselona-najmalku-155-povredeni/feed/ 0
Коруноски: Дали по 150 години Македонија јубилејот на железницата ќе го дочека без возови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=768158

Колумна на Игор Коруноски, м-р по технички науки:  Железничкиот сообраќај на територијата на Р. Македонија се одвива од далечната 1873 година. Следнава 2023 година ќе одбележиме јубилеј, 150 години железници во Македонија, односно 150 години од пуштањето на пругата Солун – Скопје и воспоставување на железнички сообраќај во Македонија. Железницата низ историјата во одредени временски периоди одиграла клучна улога во формирањето, градењето и развојот на македонската држава. Така на пример за време на втората светска војна железницата и железничките работници имале активно учество во ослободителното движење на Македонија, а подоцна и во економскиот развој на државата. Во тоа тешко време всушност се направени и најголемите чекори за изградба на железничка мрежа во Р. Македонија. Во тој период во 1926 година е изградена пругата Велес – Кочани, во 1931 година Прилеп – Битола, во 1936 година Велес – Прилеп, во 1952 година Скопје – Гостивар, во 1956 година Куманово – Бељаковце, во 1957 година Бакарно гумно – Сапотница, во 1969 год. Гостивар – Кичево со крак Зајас – тајмиште и последно во 1981 година скопскиот железнички јазол и новата патничка станица Скопје. Но сега сме на крајот од 2022 година. Време на нови предизвици и нови околности. Денес Република Македонија веќе 31 година е самостојна, независна држава. Се поставува прашањето: Што ние како нови генерации кои работиме и создаваме во слободна, независна, самостојна држава, успеавме да направиме за подобрување и унапредување на железничкиот сообраќај во Р. Македонија? Дали изградивме километар плус нова пруга од онаа што ја изградиле нашите предци? Одговорот е не. Реалноста е сурова и поразителна за сите нас. Нашите предци во многу потешки услови од сегашниве успеале да градат железничка мрежа, а ние не само што не изградивме нови пруги, туку дозволивме и постоечките да ги уништиме. И за тоа виновникот не треба да го бараме од надвор, виновни сме сите ние кои живееме, работиме и создаваме во оваа држава. Денес во 21 век имаме руинирани нефункционални пруги, застарен возен парк, маратонско доцнење на возовите, укинати железнички линии без меѓународно железничко поврзување. Денес сме слепо црево на балканот. Наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Замислете пред 150 години можело да се патува со воз од Скопје до Солун, а сега во 21 век тоа е невозможно. Од друга страна да не одиме подалеку, да видиме како соседните држави напредуваат во железничкиот сектор. Еве на пример во соседна Србија, постојано слушаме за нови проекти во железницата, за изградба на брзи пруги, набавки на брзи возови, скратување на времето на патување, подобрување на железничките услуги, интегрирање со железничка Европа итн. Додека тие одат напред, ние стоиме во место. Како да се подобри оваа ситуација во интерес на стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железнички услуги? Како до современи, квалитени и ефикасни македонски железници? Ако сакаме да останеме и живееме во оваа наша Македонија мораме да се надминеме себеси, да ги засукаме ракавите и да тргнеме од негде. Ваквата коматозна состојба не нè води кон прогрес. За континуиран развој на железничкиот сообраќај и подобрување на железничките услуги, потребен е консензус за изработка на државна стратегија за развој на железничкиот сообраќај во Р. Македонија. Стратегија од која нема да има отстапување, без разлика кој е на позиција да одлучува за иднината на државата. Потребно е отворање на широка дебата на која стручни лица ќе дадат препораки за подготвување државна стратегија која ќе обезбеди ефикасен и сигурен железнички систем за превоз на патници и стока. Развојот на железницата е значаен и има директно и индиректно влијание на економскиот развој на Р. Македонија. Зголемена безбедност, зголемен квалитет на сообраќајните услуги, интеграција во транспортниот систем на Европска унија, економски раст низ ефикасен и евтин транспорт и заштита на животната средина се придобивки кои треба да бидат резултат на таа стратегија. Во таа дебата со свои идеи и предлози секако потребно е да се вклучи и бизнис секторот како крајни корисници на железничките услуги. Целта на ЕУ е единствен транспортен пазар на кој нема да постојат граници за железничките оператори. Железницата е еден од најсложените инфраструктурни системи, нејзиното значење треба да го сфатат сите оние кои одлучуваат за иднината на оваа држава и да се има волја за нејзино помагање. Но за тоа се потребни стручни лица кои ќе имаат можности да носат вистински одлуки без мешање на политиката. Неопходна е подобра организација на работите во која главен адут се човековите ресурси. Потребни се млади стручни кадри кои ќе го превземат товарот и со истите идеали како нивните предци, кои ги граделе пругите, ќе одат напред кон модерни и современи македонски железници, затоа што македонските граѓани го заслужуваат тоа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/feed/ 0
Бесплатен воз за неколку категории граѓани од 1 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplaten-voz-za-nekolku-kategorii-gragjani-od-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplaten-voz-za-nekolku-kategorii-gragjani-od-1-maj/#respond Sat, 23 Apr 2022 12:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=667158

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година, одлучила Владата. – Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски. Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за: – Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот – Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела) – Бесплатен превоз за студенти секој четврток – И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplaten-voz-za-nekolku-kategorii-gragjani-od-1-maj/feed/ 0
Во сударот на двата воза во Чешка погинаа двајцата машиновозачи и една патничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudarot-na-dvata-voza-vo-cheshka-poginaa-dvajcata-mashinovozachi-i-edna-patnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudarot-na-dvata-voza-vo-cheshka-poginaa-dvajcata-mashinovozachi-i-edna-patnichka/#respond Wed, 04 Aug 2021 11:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=546124

Три лица загинаа во сударот на двата патнички воза, што се случи утринава во југозападниот дел на Чешка, додека десетици патници се повредени. Чешките железници јавија дека во сударот учествувале локален патнички воз и меѓународен брз воз, што од Минхен се движел кон западниот чешки град Плзен и понатаму кон Прага, главниот град на Чешката Република, пренесуваат американските медиуми. Полицијата соопшти дека најмалку три лица загинаа во несреќата што се случи малку по 8 часот утринава во градот Милавче. Меѓу жртвите се машиновозачите на двата воза и една патничка, соопштија властите. Десетици други лица се повредени, од кои пет потешко, се наведува во соопштението на Противпожарната и спасувачка служба на регионот Плзен. Повредените со четири хеликоптери се пренбесени во блиските болници и во Прага, додека тројца патници што зборувале германски јазик боле пренесени во болниците во Германија. Регионалната спасувачка служба соопшти дека на вкупно 52 лица им било потгребно згрижување. На чешките спасувачи во помош им притекнале нивните колеги од Германија. Сликите од местото на несреќата покажуваат дека предниот дел од брзиот воз, со кој управуваат германската компанија „Лендербан“ и „Чешки железници“, е сериозно оштетен. Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек изјави дека причина за несреќата најверојатно е човечка грешка, и дека машиновозачот на брзиот воз не застанал на одредено место. -Ситуацијата е сериозна, рече министерот Хавличек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudarot-na-dvata-voza-vo-cheshka-poginaa-dvajcata-mashinovozachi-i-edna-patnichka/feed/ 0
Машинскиот персонал почнува бојкот поради неисплатена плата, нема да тргнат возовите по 16 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinskiot-personal-pochnuva-bojkot-poradi-neisplatena-plata-nema-da-trgnat-vozovite-po-16-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinskiot-personal-pochnuva-bojkot-poradi-neisplatena-plata-nema-da-trgnat-vozovite-po-16-chasot/#respond Tue, 03 Aug 2021 12:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=545646

Машинскиот персонал во Железници на Република Македонија (ЖРСМ) Транспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт. Како што информира Димовски, одлуката е донесена на денешниот собир на машиновозачите и помошниците, а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска.  Во возниот ред за попладне, како што информира Димовски, се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови. -Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени, изјави Димовски. Тој најави дека до УО на ЖРМ, како и до Министерство за транспорт и врски и  до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinskiot-personal-pochnuva-bojkot-poradi-neisplatena-plata-nema-da-trgnat-vozovite-po-16-chasot/feed/ 0
Лебед запре 20 возови во Германија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lebed-zapre-20-vozovi-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lebed-zapre-20-vozovi-vo-germanija/#respond Tue, 29 Dec 2020 10:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=449735

Лебед, кој останал без придружник, минатата седмица предизвика застој на 20-тина возови во централна Германија, речиси еден час, на линијата меѓу Касел и Гетинген, објави германската полиција. Имено, птицата не сакала да се тргне од шините, каде што лежел другиот, угинат лебед, којшто најверојатно бил усмртен од електрични кабли. Железничкиот сообраќај продолжил откога пожарникарите успеале да ги оттргнат лебедите од шините. Полицијата вчера ги објави деталите за настанот од 23 декември. Лебедите живеат во двојки и се обидуваат да останат заедно цел живот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lebed-zapre-20-vozovi-vo-germanija/feed/ 0
Најмалку двајца загинати и триесетина повредени во судир на два воза во Чешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajca-zaginati-i-triesetina-povredeni-vo-sudir-na-dva-voza-vo-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajca-zaginati-i-triesetina-povredeni-vo-sudir-na-dva-voza-vo-cheshka/#respond Tue, 07 Jul 2020 16:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=371091

Најмалку две лица загинаа, а околу 30 се повредени во судир меѓу два воза во северозападниот дел на Чешка. -Судирот на возовите се случи недалеку од границата со Германија, изјави портпаролот на чешката служба за итни случаи, пренесуваат британските медиуми. Несреќата се случила околу 15 часот по локално време меѓу станиците Нова Хамри и Пернинк, јавуваат американските медиуми. Возовите се движеле меѓу Карлови Вари во Чешка и Јохангеоргенсштад во германската покраина Саксонија. Меѓу спасувачките екипи се вклучени и тимови од Германија, а засега не се знае колку точно патници имало во двата воза. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajca-zaginati-i-triesetina-povredeni-vo-sudir-na-dva-voza-vo-cheshka/feed/ 0
Во петок само два воза низ Македонија, сабота и недела нема да има возови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-samo-dva-voza-niz-makedonija-sabota-i-nedela-nema-da-ima-vozovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-samo-dva-voza-niz-makedonija-sabota-i-nedela-nema-da-ima-vozovi/#respond Thu, 30 Apr 2020 22:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=340151

Од Железници – Транспорт информираат дека во сабота (2 мај) и во недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. Во петок (1 мај), ќе сообраќаат само два воза. Од Битола за Скопје ќе сообраќа возот бр. 640, со поаѓање во 6 часот. Од Гевгелија за Скопје ќе сообраќа возот бр.630, со поаѓање во 5,40 часот. Други возови за време на првомајските празници нема да има, бидејќи полицискиот час е од 14 часот попладне до 5 часот наутро. Во периодот по понеделник (4 мај), патничките возови ќе сообраќаат по изменетиот возен ред којшто стапи на сила на 27 април годинава. Возовите ќе продолжат да возат по редуциран возен ред, при што целосно ќе изостанат на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје до крајот на мерката за ограничено движење на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-samo-dva-voza-niz-makedonija-sabota-i-nedela-nema-da-ima-vozovi/feed/ 0