возрасни лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 11:30:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png возрасни лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канада ќе им дозволи на возрасните да поседуваат кокаин, метамфетамин или екстази – канадската министерка тврди: „Ова го правиме за да спасиме животи“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-kje-im-dozvoli-na-vozrasnite-da-poseduvaat-kokain-metamfetamin-ili-ekstazi-kanadskata-ministerka-tvrdi-ova-go-pravime-za-da-spasime-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-kje-im-dozvoli-na-vozrasnite-da-poseduvaat-kokain-metamfetamin-ili-ekstazi-kanadskata-ministerka-tvrdi-ova-go-pravime-za-da-spasime-zivoti/#respond Wed, 01 Jun 2022 11:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=684901

Канада денеска најави дека во покраината Британска Колумбија привремено ќе биде декриминилизирано поседувањето мали количества дрога. Како што објави Би-Би-Си, пробниот период што за првпат ќе се спроведува во Канада ќе трае три години. Според одредбите, на возрасните лица ќе им биде дозволено да поседуваат вклупно 2,5 грама опоиди, кокаин, метамфетамин или екстази. Тие супстанции и натаму остануваат илегални, но возрасните лица кај кои полицијата ќе ги пронајде нема да бидат приведувани или обвинувани, ниту ќе им биде запленета дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат приложени дополнителни информации за достапноста до здавствени или социјални услуги. Британска Колумбија барањето за воведувањето на мерката го поднесе со цел лицата што користат дрога да се ослободат од чувството на вина доколку сакаат да побараат помош. - Ова го правиме за да спасиме животи, но и на луѓето што користат дроги да им пружиме достоинство и можност на избор, изјави канадската сојузна министерка за ментално здравје и болести на зависност, Каролин Бенет. Градоначалникот на Ванкувер, Кенеди Стјуарт, рече дека одлуката претставува „суштнско преиспитување на политиката кон дрогите, фаворизирајќи здравствена заштита пред лисици“. Програмата ќе трае од 2023 до 2026 година. Од неа се изземени основните и средните училишта, објектите за грижа кон децата, аеродромите и армијата. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-kje-im-dozvoli-na-vozrasnite-da-poseduvaat-kokain-metamfetamin-ili-ekstazi-kanadskata-ministerka-tvrdi-ova-go-pravime-za-da-spasime-zivoti/feed/ 0
ОД ПЕТОК: Пензионерите добиваат четири дена бесплатен превоз, еве што треба да поседуваат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-petok-penzionerite-dobivaat-chetiri-dena-besplaten-prevoz-eve-shto-treba-da-poseduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-petok-penzionerite-dobivaat-chetiri-dena-besplaten-prevoz-eve-shto-treba-da-poseduvaat/#respond Wed, 23 Mar 2022 10:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=651928

Од петок започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на категоријата лица - жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела. Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата. -Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Морам да напоменам дека освен што се ослободуваат возрасните лица во посочените денови од трошоци за автобуски превоз, бесплатен превоз веќе имаат и учениците средношколци во средните училишта чијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети во Скопје, како и лицата со попреченост, истакна на денешната прес конференција, в.д.директорот на ЈСП, Иван Илиевски. Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола. Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје. Илиевски повтори дека наследената тешка финансиската состојба на претпријатието, односно загубата од 3 милиони евра, како и кредитот за набавените МАН возила, кој почна да се отплаќа од пред два месеца, нема да бидат причина за евентуални проблеми при реализација на ветените проекти на Град Скопје кои се однесуваат на јавниот превоз и неговите корисници. -Се соочуваме со големи предизвици, скок на цената на нафтените деривати, на природниот гас. Споредбено со декември минатата година, трошоците за гориво и гас се зголемени во просек за 33%. Ова е и ќе биде тешка година за сите, а ние како претпријатие бараме начин да ги сведеме на нула непродуктивните трошоци. Тешко е, но не се откажуваме. Откажувањето не е опција во нашиот случај. Затоа и на инцијатива на градоначалничката оваа година има дотации за бесплатен превоз за возрасни граѓани, потенцираше Илиевски, кој додаде дека во последниот период согласно стратегијата и барањата на граѓаните беа пуштени во употреба дополнителни автобуски линии, а беа вратени во функција и претходно укинатите ноќни линии. -ЈСП со Градот Скопје во следниот период ќе работи на дополнителна консолидација и дополнителни анализи кои се однесуваат на јавниот превоз и ќе изнаоѓа решенија за проблемите се со цел да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, додаде в.д. директорот на претпријатието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-petok-penzionerite-dobivaat-chetiri-dena-besplaten-prevoz-eve-shto-treba-da-poseduvaat/feed/ 0
Вакцинирани само околу 18 проценти од граѓаните над 70 години, вкупно 60.000 имунизирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirani-samo-okolu-18-procenti-od-gragjanite-nad-70-godini-vkupno-60-000-imunizirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirani-samo-okolu-18-procenti-od-gragjanite-nad-70-godini-vkupno-60-000-imunizirani/#respond Thu, 29 Apr 2021 10:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=503687

Филипче: Ќе овозможиме вакцинирање против Ковид на над 10 000 граѓани дневно и ќе нема гужви Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на пунктовите за масовна вакцинација што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10 000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60.000 граѓани. Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните реакции од граѓани дека чекале за вакцинација на вакцинални пунктови во Скопје Филипче денеска изјави дека станува збор за недоразбирање во термините, како и дека тоа е решено и нема да се случува во наредниот период. -Во однос на чекањето и гужвите мислам дека има сосема доволен предвиден простор да не прават и да се чека на одредено растојание. Оваа слика и доколку е некаков ризик, засега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник насекаде ќе бидат дистрибуирани согласно бројот на пријавени граѓани кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем којшто ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести. Министерот за здравство дополни дека досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура. -Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу 18 проценти се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakcinirani-samo-okolu-18-procenti-od-gragjanite-nad-70-godini-vkupno-60-000-imunizirani/feed/ 0
На возрасните над 67 и младите до 18 години им е дозволено движење од 5 до 19 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vozrasnite-nad-67-i-mladite-do-18-godini-im-e-dozvoleno-dvizenje-od-5-do-19-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vozrasnite-nad-67-i-mladite-do-18-godini-im-e-dozvoleno-dvizenje-od-5-do-19-chasot/#respond Fri, 15 May 2020 09:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=346147

Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот. Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги усвои откако Уставниот суд вчера на седница го укина посебниот режим на движење за овие две возразни категории. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на вчерашната седница донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот, со тоа што се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка и овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vozrasnite-nad-67-i-mladite-do-18-godini-im-e-dozvoleno-dvizenje-od-5-do-19-chasot/feed/ 0