вработени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 20:24:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вработени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892029

Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата. „Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво. „Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, нема помош. Недостигот од гориво ќе продолжи да ги задушува децата, жените и луѓето од Газа“, соопшти агенцијата. „Од почетокот на конфликтот, дванаесет раселени лица кои беа во училиштата на ОН се убиени, а речиси 180 се повредени“, се додава во соопштението. УНРВА во саботата соопшти дека потврдила дека 17 од нејзиниот персонал биле убиени од почетокот на бомбардирањето и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/feed/ 0
Протестот на вработените во МИА ставен во мирување во очекување на исполнување на ветувањето на премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/#respond Tue, 08 Aug 2023 15:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=864730

Вработените во Медиумската информативна агенција – МИА, организирани од репрезентативниот синдикат на Агенцијата СМИА и ССНМ очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да го одржи ветувањето кое го даде во интервјуто за МИА дека на наредна седница на Влада ќе го усвои предлогот за зголемување на платите на вработените во државната новинска Агенција. До тогаш протестот се става во мирување. Доколку не биде исполнето ветувањето на премиерот до наредната седница, вработените преку синдикатот ќе ја отпочнат постапката за штрајк, а тоа значи блокада на работата, односно МИА нема да продуцира вести. Штрајкот ќе се одржува пред Владата според однапред предвидена динамика. На состанок со вработените, менаџментот на МИА информираше дека точката за зголемување на платите на седницата на Влада на 1 август 2023 година е тргната од дневен ред со образложение дека МИА треба да го усогласи финансискиот план со Министерството за финансии и да достави нова одлука со барање за покачување на бодот. Ова според менаџментот, веќе било направено. МИА бара одобрување за покачување на платите за кои има сопствени средства од предвидениот буџет и од остварена добивка. Поради фактот дека новинарите во МИА не ги опфати ниту едно покачување во минатите години, нема да го прифатиме процентот на веќе понуденото зголемување на платите како во јавниот сектор, посочуваат од двата синдиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-vrabotenite-vo-mia-staven-vo-miruvane-vo-ochekuvane-na-ispolnuvane-na-vetuvaneto-na-premierot-kovachevski/feed/ 0
ШТРАЈК: Скопјани утре остануваат без јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shtrajk-skopjani-utre-ostanuvaat-bez-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shtrajk-skopjani-utre-ostanuvaat-bez-javen-prevoz/#respond Mon, 10 Jul 2023 08:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=854881

Скопјани утре повторно ќе останат без јавен превоз бидејќи дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда, објави порталот Плусинфо.мк. Како што нѐ информираа од штрајкувачкиот одбор, овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа. – Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години – ни изјави синдикалецот Маријан Поповски. Тој истакнува дека штрајкот е законски најавен, бидејќи претходно испратиле предупредувале до раководството на ЈСП „Скопје“ и до в.д. директорот Крсте Петревски, но како што додава, за жал, никој досега не ги послушал нивните барања веќе подолго време. – Раководството на ЈСП е должно по закон да преговара со нас, но од нивна страна немаме никаква повратна реакција. Ние утре ќе излеземе на штрајк кој ќе започне пред управната зграда и ќе трае до 12.30 часот, а дел од него ќе бидат возачите во сите смени, а тоа е бројка од околу 200 луѓе. Доколку никој не се удостои да нѐ прими и да разговара со нас, по 12.30 часот сите си заминуваме дома и во Скопје пак ќе нема автобуси – изјави Поповски. Според соопштението до возачи до кое дојде Плусинфо, утре во 4.30 часот возачите ќе треба да се појават на своите работни места, да се пријават кај организаторите на штрајкот, да не ги земат патните налози и оние од гаражата во Ѓорче Петров со возилата да им се приклучат на колегите во Автокоманда кои исто така нема да земат патни налози за работа. Но некои од вработените со кои разговараше Плусинфо стравуваат дека може да останат без работа, бидејќи како што велат, соопштението е збунувачко и не се сигурни дали на штрајкот ќе се приклучат и колегите од другите смени или само оние кои се прва смена ќе го носат товарот на свој грб. – Синдикатите нѐ ставаат во незгодна ситуација. Возачи од прва смена сме најмалку 15, а најмногу 20. И само ние треба да штрајкуваме во име на целата фирма. Зошто не се повикани и возачите од другите смени? На овој начин само ризикуваме да ни биде врачен отказ. И јас сум за да ни се исполнат правата, ама не е во ред само 15 возачи да ја водат битката. Што да правам јас утре? Ако појдам во гаража и да земам налог за возење, штрајкувачите ќе реагираат бурно и ќе се обидат да ме спречат. Ако им се придружам во штрајкот, практично ризикувам да останам без работа. Како и да е, не се прави ова на овој начин. Или сите ќе штрајкуваме или никој – вели за Плусинфо возач на ЈСП кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен. Дека во ЈСП не цветаат рози е познато веќе подолго време, а ова е втор пат главниот град да остане без јавен превоз откако Данела Арсовска е градоначалничка на Скопје. Имено, како што е веќе познато во октомври, вработените во јавното претпријатие исто така не излегоа да возат, бидејќи ЈСП им доцнеше со исплатата на плати во законскиот рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shtrajk-skopjani-utre-ostanuvaat-bez-javen-prevoz/feed/ 0
Протест на вработените во Македонска филхармонија пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/#respond Tue, 06 Jun 2023 06:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=842551

Денеска во 14 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе протестираат пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата. "Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука." Денеска, вработените ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата. Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката "привремено" да смести уште една институција во објектот на Филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/feed/ 0
Врие во влада: Вработените се закануваат со штрајк, власта со казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrie-vo-vlada-vrabotenite-se-zakanuvaat-so-shtrajk-vlasta-so-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrie-vo-vlada-vrabotenite-se-zakanuvaat-so-shtrajk-vlasta-so-kazni/#respond Wed, 31 May 2023 13:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=840900

За прв пат во модерната историјата можно е да се случи пред Влада да протестираат вработените од владата. Ваквите случувања се резултат на немањето слух на надлежните за покачување на платите на вработените, вели извор за Курир. Имено, добро упатени извори пренесуваат дека после покачувањата на платите од Министерство за финансии, Собрание и некои други институции, а особено после покачувањето на платите на функционерите од 78% револтот кај вработените во Влада станува се поголем и поголем, особено после негативните сигнали дека за покачување на нивните плати- пари нема. Изворите брифират дека веќе подолг временски период преку Синдикалната организација на вработените во Владата течеле разговори околу покачување на платата на вработените. Разговорите пред се биле водени од генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, кој како што брифираат изворите имал целосно разбирање за барањата на вработените, ги поддржувал и ги пренесувал нивните барања. Сепак, на разочарување на вработените резултат од сите тие активности немало и синдикатот кој формално е дел од УПОЗ најавиле протест пред Влада за 06.06.2023 година. После таквата најава, во текот на денешниот ден од страна на шефот на кабинет на Премиерот, Мартин Попов, на разговор бил повикан претседателот на синдикатот Гоце Боболински, притоа се инсистирало да дојде сам. На тој состанок биле упатени барања да се откаже протестот, да се добие повеќе време да се разгледаат барањата, но и низа закани, најави за казни, прераспределувања, укинувања на сектори и разни други притисоци кон вработените. За време на тој состанок внатре во Владата започнало спонтано собирање на вработените на кои подоцна им биле пренесени барањата и заканите. Ова создало дополнителен револт и гнев кај вработените, кои сепак на состанок одлучиле да дадат дополнително време за разговор, но во исто време едногласно ги отфрлиле заканите и најавиле дека нема вечно да ги трпат овие игри на купување време, а особено не методите на заплашување и притисоци. Брифираат дека по прашањето има целосна едногласност и сплотеност и дека во најкус можен рок ако нема решени за покачување на платите ќе дојде до протест, штрајк и до блокада на самата Влада од внатре, од оние кои ја вршат целата работа на Владата, а очигледно на никој од функционерите не им се битни нивните примања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrie-vo-vlada-vrabotenite-se-zakanuvaat-so-shtrajk-vlasta-so-kazni/feed/ 0
Синдикатот при Царинската управа со поддршка на вработените од УЈП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-pri-tsarinskata-uprava-so-poddrshka-na-vrabotenite-od-ujp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-pri-tsarinskata-uprava-so-poddrshka-na-vrabotenite-od-ujp/#respond Tue, 16 May 2023 16:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=834929

Синдикалната организација на Царинската управа при УПОЗ им даде поддршка на вработените од Управата за јавни приходи кои денеска излегоа на предупредувачки протест барајќи повисоки плати за 30 проценти. -Синдикалната организација на Царинската управа - УПОЗ е во процес на носење на одлука за протест доколку не се исполни барањето за исплата на додаток на плата за 30 проценти и за вработените во Царинската управа (почнувајќи од јануари 2023), согласно автентичното толкување донесено од Собранието на РСМ, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-pri-tsarinskata-uprava-so-poddrshka-na-vrabotenite-od-ujp/feed/ 0
Во јавниот сектор има 129.374 вработени лица, просечната возраст 46 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/#respond Wed, 26 Apr 2023 11:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=827864

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129 374 лица. Тие својот работен ангжман го реализираат во 1 354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за осум, соопшти на денешната прес-конференцијата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој информира дека од 1 354 институции, 60 отсто се на локално ниво, а околу 40 отсто се на централно ниво. Од нив, најмногу или 533 институции се од дејноста образование, труд и социјална политика се 125 институции, култура - 121, управа - 117, комунални работи - 113, здравство - 111, локална власт - 81, правосудство - 64, правда -14 ... -Споредбено со Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2 714 вработени. Од вкупниот број, 18 909 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, истакна министерот за информатичко општество и администрација во Владата. Посочи дека освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детали и анализи. Додаде дека тоа е поради законски и безбедносни причини. Според анализата, најмногу вработени од јавниот сектор се во дејноста образование - 34 отсто, здравство - 18 , управа - 13, комунални работи - 9, труд и социјална работа -7, локална власт - 5 отсто... -Во органите на државната власт, согласно овој Извештај, се вработени вкупно 14 531 лице. Бројот на вработените во органите на државната власт претставува само 13 отсто од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор. Од вкупно 129 374 лица, во Владата, министерствата, органите во рамки на министерствата, самостојните органи на државната управа и итн. се вработени 14 531 лице, нагласи Алиу. Извештајот нотира дека во голем број институции - 504 има до 50 вработени, а намјал број, само 24 институции имаат над 500 вработени. Како и во претходните извешати, така и во овој, како што рече Алиу, се покажува дека дека голем број од вработените во јавниот сектор се жени - 56,29 отсто, наспроти мажи - 43,71 отсто. Жените се најзастапени во областа труд и социјална политика - 82,99 отсто, особено јавните установи за социјална и детска заштита. Во здравството има 72,72 отсто и образование со 66,71 отсто жени. Мажите се најзастапени во дејноста животна средина со 89,29 отсто, а доминантно се застапени и во дејностите транспорт и комунални работи. -Просечната возраст на вработените изнесува 46,03 години. Споредбено со Извештајот за 2021 година, се забележува незначително намалување на просечната возраст на вработените во јавниот сектор, рече министерот. Информира дека до 31.12 2022 година, 71 отсто од вработените се Македонци, 21,6 отсто се Албанци, 2,42 се Турци, Роми - 1,49 отсто... Во 2022 година се воочува намалување на бројот на доктори на науки и на магистри, а на сметка на тоа се зголемува бројот на вработените во основно образование. Тој потенцира дека повеќе од половината, односно 55,85 отсто од вработените во јавниот сектор имаат најмалку високо образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-javniot-sektor-ima-129-374-vraboteni-litsa-prosechnata-vozrast-46-godini/feed/ 0
Трет ден протест на вработените од Министерството за култура, бараат покачување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-protest-na-vrabotenite-od-ministerstvoto-za-kultura-baraat-pokachuvane-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-protest-na-vrabotenite-od-ministerstvoto-za-kultura-baraat-pokachuvane-na-platite/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=817137

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска пред Влада ќе одржат протест, со кој повторно кој ќе го изразат незадоволството од своите месечни примања. На протестот, кој почна во петокот, а се одржа и вчера пред Министерството за финансии, беше испратен апел за средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими. Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии. Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот во петокот изјави дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии. претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко КостовскиБранко Костовски Фото/МИА - Платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари. Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее, додаде Костовски. Тој останува на ставот дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта - соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-protest-na-vrabotenite-od-ministerstvoto-za-kultura-baraat-pokachuvane-na-platite/feed/ 0
Вработените на Роналдо не смеат да споделуваат информации за него 70 години по неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vrabotenite-na-ronaldo-ne-smeat-da-spodeluvaat-informatsii-za-nego-70-godini-po-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vrabotenite-na-ronaldo-ne-smeat-da-spodeluvaat-informatsii-za-nego-70-godini-po-negovata-smrt/#respond Wed, 15 Mar 2023 14:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=812291

Арапите почнаа да се интересираат за приватниот живот на Кристијано Роналдо (38) откако Португалецот во зимскиот преоден рок се пресели во клубот Ал Наср. Приближно три месеци по потегот кој го изненади целиот фудбалски свет, Саудијците од европскиот печат дознаа еден помалку познат детаљ поврзан со начинот на кој Роналдо комуницира со своите вработени. Според германскиот дневен весник Der Spiegel, цитиран од арапскиот печат, Роналдо, Георгина Родригес и нивните пет деца отворено разговараат за прашања поврзани со нивниот приватен живот пред вработените и не чувствуваат потреба да кријат ништо од нив. Тоа е затоа што Роналдо има договор со сите негови вработени, било да се тоа телохранители, готвачи или возачи, според кој информациите поврзани со животот на Роналдо не можат да се обелоденат дури 70 години по неговата смрт. Доколку соработниците на Роналдо не ја испочитуваат клаузулата од договорот за вработување, може да бидат тужени или директно од самиот Роналдо или неговите роднини. Роналдо со саудискиот фудбалски гигант потпиша договор до летото 2025 година, а во Ријад ќе заработи вистинско богатство. Основната плата на Роналдо во Ал-Наср ќе биде околу 70 милиони евра, но заедно со бонусите и спонзорските договори Португалецот ќе заработува 200 милиони евра годишно или 500 милиони за целиот договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vrabotenite-na-ronaldo-ne-smeat-da-spodeluvaat-informatsii-za-nego-70-godini-po-negovata-smrt/feed/ 0
Газда купил хотел на море само за вработените, ова е неговата бизнис филозофија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gazda-kupil-hotel-na-more-samo-za-vrabotenite-ova-e-negovata-biznis-filozofija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gazda-kupil-hotel-na-more-samo-za-vrabotenite-ova-e-negovata-biznis-filozofija/#respond Wed, 15 Mar 2023 10:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=812185

Претприемачот Дарко Мет Сертиќ, решил на своите вработени да им овозможи убав и пријатен одмор во хотел кој го реновирал само за нив. Во градот Јабланац на хрватското приморје има хотел кој Дарко решил да го купи за да можат неговите вработени да се одморат. Сертиќ со години барал објект во кој работниците од неговите три фирми во Сисак би можеле да дојдат на одмор без да платат ништо. -Тоа го правам од чиста себичност. Ако сакате добра и просперитетна компанија со среќни вработени, мора да им се обезбеди некои основни работи - платени патни трошоци, топол оброк, но и убав одмор. Мора да им помогнете со она што влијае на нивниот семеен буџет малку повеќе. Така ги чувате. Освен тоа, ќе привлечете нови, попаметни луѓе од себе. Тогаш можеш малку да се повлечеш и да кажеш – супер, помалку обврски за мене, ја објаснува својата деловна филозофија Сертиќ (66). Пред две години го купил хотелот Аблана со 26 соби. Изграден е во втората половина на 90-тите и работел до 2010 година, кога бил оставен на милост и немилост на вандалите и времето. -Беше во страшна состојба. Беше обраснат со трева и имаше диви животни во него, а собите беа тоалети за сите луѓе кои се капеа на блиската плажа. Беше ужасно! Сè може да се подобри, освен локацијата. Кога нешто е на одлична локација, тогаш има смисла да се работи напорно, објаснува сопственикот Сертиќ. Тој ја научи американската претприемничка мудрост во текот на изминатите 40 години живеење и работа во САД. Сертиќ моментално не планира да го прошири своето портфолио со недвижнини во Јабланц. Тој е фокусиран на довршување на хотелот на кој досега потрошил речиси три милиони евра. Го задржал оригиналниот изглед на зградата, за која вели дека е извонредно дизајнирана и реновира сè внатре. -Минатата година ги уредивме сите простории. Ги поставивме сите нови инсталации за вода, струја, гас и канализација. Изградивме нова кујна и ја опремивме со најсовремени апарати, што ни е исклучително важно. Треба уште да поставиме лифт во хотелот. Работиме на хортикултура во надворешниот дел. Се поставуваат соларни панели на покривот. Минатата година веќе ги имавме првите гости, нашите вработени, а од Велигден започнува нашата нова сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gazda-kupil-hotel-na-more-samo-za-vrabotenite-ova-e-negovata-biznis-filozofija/feed/ 0